Секое време си прави свои машини за перење. Не сум изненаден ама баш ич.
Имам родител просветен работник и кај нас низ куќи се наоѓале тони и тони учебници уште од почетокот на просветата на македонски јазик. Сум имал доволно интерес да ги прелистам скоро сите од нив и вакви примери сум сретнал безброј.
Доволно е да се спомне што секој учебник започнуваше со
него, и некој негов
цитат. На дете од 6 години секојдневно му се всадува таа родителско-авторитативна слика во главата со цел да создаде беспоговорна стравопочит. Па песнички за второ одделение со наслови од типот „Другарот Тито јава на чело на поворката“, „Тито ова..“, „Тито она...“ кои имат за цел во детската свест да направат од него херој поголем од цела „Илијада“ заедно. Па раскази за партизанското херојство со цртежи кои тераат на подголтнување...
Во погорните одделенија работите стануваат поинтересни. Македонија е благословена со фантастична географска местоположба, просто на поубаво место да не можело да се погодиме. А во комбинација со Југославија, со нашето море, со Дунав и Триглав сме Рај на земјата.
Народот својата благосостојба му ја должи исклучиво на социјалистичкиот развиток, на аграрните реформи и сите други производи на генијот на раководството предводено од другарот Тито. Се градат фабрики, улици, патишта, кина, театри, одмаралишта без престан, а земјоделството и сточарството никогаш не ни биле подобри.
И вака се до девеесет и некоја. После за нијанса поразлична песна. После осамостојувањето, ние сме биле последна дупка на свиролот наречен Југославија и сме биле експлоатирани. Колку сме доцнеле и заостанувале со развитокот зад останатите братски сојузни држави итн. Но и тука се наведени сите фабрики и комбинати, иако во тој период секој ден по една од нив оди во стечај.
И после ова следува рамковизацијата. Мулти-култи love the others like your brothers материјал. Колку сме ние различни, а впрочем исти. Миле има пет јаболка. Ако му даде две на Аднан, колку јаболка ќе му останат? Фатиме и Славица се најдобри другарки и ги делат сите свои тајни. Тие заедно учат по историја за значењето на Фехим Заваљани за соживотот во Република Македонија и сакаат да се пријават на избор за
Мис Мултиетничка убавица во Велес.
И еве, сега сето ова завршува со овие партиски шаблонски текстови, од кои копии се читаат и на прес-конференции, и на вести, и од учебници.