Носење крзно

  • Креатор на темата Креатор на темата Catching Fire
  • Време на започнување Време на започнување
Крзно. Ммммммм Поубаво чуство нема, кога ќе го облечеш, ќе го почуствуваш колку е мазно и меко, колку топли.
Лично мислам дека сум се уште млада за да носам крзно. Не знам зошто, ама на постари госпоѓи кога ќе го видам, ми изгледа толку убаво и софистицирано. Така да кога ќе бидам некаде над 45 дефинитивно ќе го носам.

А што се однесува до убивањето животни, па луѓе од самиот почеток на човековото постоење ги убиваме, за да ние преживееме. Убаво кажа arakenx горе, забегувањето во било која крајност не е добро. Човекот од секогаш живеел на сметка на животот на животните. Не верувам дека тоа ќе се смени се додека постоиме како луѓе.
 
Нема врска грешка сте, јас не гледам ништо спорно во тоа да се носи крзно да се уништуваше на пример еко-системот на планетава или да придонесуваше за глобалното затоплување носењето крзно ќе се согласев ама вака не 100% грешка сте со ваквиот начин на размислување.

Според вас 100% грешка сум бидејки сум против тоа да се убијат 100 видри за да се направи една бунда или пак да се дерат ракуни додека се сеуште живи за некој да може да носи бунда од крзно.А од друга страна сметаш дека, кога би се загадувал еко системот и тоа би наштетило директно на тебе,тогаш во ред е да се превземе нешто за да се спречи тоа.
--- надополнето: 3 декември 2013 во 20:38 ---

Ова видео би можело добро да опише некои луѓе.Не се однесува на smihajlo туку на одредени луѓе којшто ќе си се пронајдат во него.
--- надополнето: 3 декември 2013 во 20:52 ---
Просто и застарено? Јок, скапо.

Па не би рекол дека не е просто и застарено.Повеќето луѓе денеска, особено оние кои се медиумски познати не би ни помислиле да облечат крзно,баш поради тоа што ќе бидат лошо искритикувани од јавноста и ќе бидат од тој момент гледани како прости и ефтини.Тоа е добар прогрес кај луѓето но сеуште постојат и онакви кои сметаат дека 100 животни треба да бидат одрани за една бунда.
 
Крзно. Ммммммм Поубаво чуство нема, кога ќе го облечеш, ќе го почуствуваш колку е мазно и меко, колку топли.
Лично мислам дека сум се уште млада за да носам крзно. Не знам зошто, ама на постари госпоѓи кога ќе го видам, ми изгледа толку убаво и софистицирано. Така да кога ќе бидам некаде над 45 дефинитивно ќе го носам.

А што се однесува до убивањето животни, па луѓе од самиот почеток на човековото постоење ги убиваме, за да ние преживееме. Убаво кажа arakenx горе, забегувањето во било која крајност не е добро. Човекот од секогаш живеел на сметка на животот на животните. Не верувам дека тоа ќе се смени се додека постоиме како луѓе.

Еве доказ колку само човекот е себичен, арогантен, во твојов случај и одвратен. Не се работи за преживување, туку за изглед, чепат и извини "софистицираност" во изгледот. Е за тоа некој ни крив ни должен е изложен на маки, бол и страдање какво што на никого не му го посакувам.
 
Благодарам на комплиментите. :pipi:
 
@Catching Fire

Прочитај го уште еднаш постот и пробај да го сфатиш сарказмот.
За жал ако пробаш да го објасниш вицот тоа ти е како дисецирање жаба, ќе ја разбереш градбата, но ќе умре во процесот.

П.С Ги почитувам вегетаријанците, но за жал предрасудите кои го имам спрема нив се потврдуваат одново и одново. :(
 
Па не би рекол дека не е просто и застарено.Повеќето луѓе денеска, особено оние кои се медиумски познати не би ни помислиле да облечат крзно,баш поради тоа што ќе бидат лошо искритикувани од јавноста и ќе бидат од тој момент гледани како прости и ефтини.Тоа е добар прогрес кај луѓето но сеуште постојат и онакви кои сметаат дека 100 животни треба да бидат одрани за една бунда.
Модата која ја тера Жерар Батлер е се само не назадна или проста. Ќерката на Том Круз е се само не демодирана...и така натаму. Од тема за мода (проста, демодирана) повторно ја насочи во тема за заштита на животните.
Во ред, еве некои информации кои ќе те натераат можеби да го смениш мислењето за себе и за другите. Освен ако не користиш ништо од овие производи што е практично денеска невозможно. Се извинувам за офт. но најверојатно целта не е мода и модни детали туку повторно правата на животните.
9 Everyday Products You Didn't Know Had Animal Ingredients

Желе, гумени бомбони, пластични кеси, гуми за возила и велосипеди, лепак за музички инструменти, говедски и живински биодизел, шампони и кондиционери, пасти за заби, во процесот на рафинирање на шеќерот, за производство на огномет, за омекнувачи на алишта и друго.
 
@Catching Fire

Прочитај го уште еднаш постот и пробај да го сфатиш сарказмот.
За жал ако пробаш да го објасниш вицот тоа ти е како дисецирање жаба, ќе ја разбереш градбата, но ќе умре во процесот.

П.С Ги почитувам вегетаријанците, но за жал предрасудите кои го имам спрема нив се потврдуваат одново и одново. :(

Извини ако не те разбрав ама понекогаш се случува и сарказмот да не биде разбран преку напишана порака.Жал ми е што имаш предрасуди кон вегетаријанците бидејки она што најчесто го прават тие,не го прават поради профит или лична добивка туку го прават за заштита на оние кои неможат да зборуваат.
 
Моите предрасуди не се кон она што го прават туку КАКО го прават. Ако оставиш емоциите да одлучуваат за тебе нема да можеш рационално и со ладна глава да донесеш одлуки, а ако не можеш да носиш рационални одлуки тешко дека ќе се избориш за промените за кои мечтаеш.
 
Еве доказ колку само човекот е себичен, арогантен, во твојов случај и одвратен. Не се работи за преживување, туку за изглед, чепат и извини "софистицираност" во изгледот. Е за тоа некој ни крив ни должен е изложен на маки, бол и страдање какво што на никого не му го посакувам.

Де бре, дечко! Да не претера малку со коментаров? Одвратен? Молим те, без лажни и непотребни паѓања во несвест. Невкусно е.
 
Модата која ја тера Жерар Батлер е се само не назадна или проста. Ќерката на Том Круз е се само не демодирана...и така натаму. Од тема за мода (проста, демодирана) повторно ја однесе во тема за заштита на животните. Да знаев немаше ниту да постирам нешто во темата.
Во ред, еве некои информации кои ќе те натераат можеби да го смениш мислењето за себе и за другите. Освен ако не користиш ништо од овие производи што е практично денеска невозможно. Се извинувам за офт. но најверојатно целта не е мода и модни детали туку повторно правата на животните.

Темата ја ставив онаму каде што мислев дека припаѓа а во врска со носењето крзно,секаде и секогаш кога ќе се спомене оваа тема, разговорот се сведува на ова, бидејки ова е тој бител дел од неа.А во врска со тоа дека јас се сметам за голем борец за правата на животните,како што ме нарече пред да го промениш постот,грешиш.Јас го правам само она малку што можам и гледам колку што можам помалку да наштетувам на животните.
Прашањето е за што се сметаш ти.Сме слушнале за луѓе кои ги застапуваат правата на животните а ги има и онаквите кои заработуваат од малтретирањето на животни па тие се наоѓаат на другата страна ама ретки се луѓето кои немаат никаков личен интерес од ова,не носат веројатно ни крзно ама гледаат по секоја цена да го покажат задоволството од оваквата состојба.

Во врска со тоа кој славни личности носеле крзно а кој не мислам дека е глупаво да се докажуваме и да ги редиме.Веројатно го знаеш јавното мислење за носењето крзно и како после тие луѓе се третираат во јавноста.Многу од нив си го испрљаа името и ако двајца носеле кои и онака се сметаат за знаеш колку сериозни....
Наредниот пат постави ги и одговорите на странските медиуми и за нивното вакво однесување.Добро е пак ќе кажам што дури и кај нас ова мислење е многу силно а не пак на запад.
--- надополнето: 3 декември 2013 во 22:07 ---
Моите предрасуди не се кон она што го прават туку КАКО го прават. Ако оставиш емоциите да одлучуваат за тебе нема да можеш рационално и со ладна глава да донесеш одлуки, а ако не можеш да носиш рационални одлуки тешко дека ќе се избориш за промените за кои мечтаеш.

Да се согласувам за ова со тебе но сепак луѓето се различни по карактер па некои реагираат вака или така.Сепак најбитно е мислам да се шири зборот за оваквите работи колку што може повеќе.Пол Макартни има еднаш има кажано дека ако кланиците имаа стаклени зидови сите ќе беа вегетаријанци.Темата не е за тоа но ова се однесува и на крзното.Колку повеќе луѓето се информираат толку повеќе се отргнуваат од оваквите работи.Децата денес уште од мали седат на интернет и кога ќе видат некое видео како ова што го постирав, најчесто се згрозени.Проблемот е што има голем број од оние што сакаат оваквите информации што помалку да се шират.
 
Де бре, дечко! Да не претера малку со коментаров? Одвратен? Молим те, без лажни и непотребни паѓања во несвест. Невкусно е.

Па тоа де, од што е невкусно мене ми е одвратно. За начинот на размислување мислев.
 
@Catching Fire

Не мислам дека толку е проблем информирањето колку пристапот кој се користи. Имам гледано видеа за тоа како се убиваат животни, но се е тоа џабе, знам многу луѓе што едноставно не им е гајле и други се свесни и пак не се одлучуваат за тој начин на исхрана.
Промената мора да дојде одвнатре и барем според мене залудна е целата пропаганда.
Едуцирај се себе си и воспитувај ги децата ако ги имаш или ќе ги имаш во она во што веруваш за сите останати најверојатно е веќе доцна.

Мој став во врска со вегетаријанизмот е дека служи како противтежа на другата екстремност т.е преголема консумпција на месо и/или убивање на животни за разонода/крзно и други намени.

Барем според мене треба човештвото да се исхранува според пирамидата за исхрана.
Во превод многу овошје и зеленчук, малку месо и најмалку благо/преработена храна без нутритивни вредности.

Јас го поштувам таквиот начин на исхрана(т.е жртва), но не би живеел така иако и сега не консумирам многу месо освен пилешко.
 
Невкусен e твојот коментар, претходниот. Сите користиме производи од животниско потекло што не се наменети за преживување, и одвратни се луѓето што рекле дека сакаат крзно?

Претерани се таквите изјави, нарочито кога сигурно по дома имаш некој кожен каиш или парче сувомеснато.
 
Да не продолжуваме понатака, ќе забегаме. Носењето крзно не е наменето за преживување. Си стојам на своето.
 
@Catching Fire

Не мислам дека толку е проблем информирањето колку пристапот кој се користи. Имам гледано видеа за тоа како се убиваат животни, но се е тоа џабе, знам многу луѓе што едноставно не им е гајле и други се свесни и пак не се одлучуваат за тој начин на исхрана.
Промената мора да дојде одвнатре и барем според мене залудна е целата пропаганда.
Едуцирај се себе си и воспитувај ги децата ако ги имаш или ќе ги имаш во она во што веруваш за сите останати најверојатно е веќе доцна.

Мој став во врска со вегетаријанизмот е дека служи како противтежа на другата екстремност т.е преголема консумпција на месо и/или убивање на животни за разонода/крзно и други намени.

Барем според мене треба човештвото да се исхранува според пирамидата за исхрана.
Во превод многу овошје и зеленчук, малку месо и најмалку благо/преработена храна без нутритивни вредности.

Јас го поштувам таквиот начин на исхрана(т.е жртва), но не би живеел така иако и сега не консумирам многу месо освен пилешко.

Да секако дека промената доаѓа одвнатре, но на пример во мојот случај,јас решив да го променам мојот начин на исхрана токму поради оваквите информации,и тоа не пред многу долго време.Исто така се претпоставува дека вегетаријанците заедно со веганите преставуаат некаде околу 20 проценти од светот, а биле само 3 проценти пред да се појави интернетот.Не мора сите да станат и не убедуваме никого ама немора и на секаков можен начин да се блокираат оваквите информации.Јас можам да сватам луѓе кои ќе кажат, тоа не е за мене ама не можам да ги сватам оние кои пробуваат да ги извртат и блокираат информациите.Ако излезеш со овакви видеа на телевизија ќе дигнат буна ама па затоа фала богу за фејсбук,твитер....

Во врска пак со носењето крзо поголем дел од луѓето се согласуваат дека е непотребно и мислам дека не дава никаква жртва тој што ќе се одлучи да не носи.Некои пробуваат само да си најдат изговор да убијат сто видри за една бунда и пак народот да збори за нив дека изгледаат ефтино.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom