Јасно. Но тоа е верување. Дека имаш судбина.
Болдираното е големиот проблем кој се раѓа помеѓу религиите.
Вие си препишувате наследство преку евреите,христијаните... со негирање на нивниот концепт на бог. Не стоите добро со еврејскиот бог нели?
Со христијанството пак воопшто го негирате и тројството и Исус како Богочовек.
Како живеете вие сите заедно на Земјата? Кој ви ги скроил судбините? Исус, Адонај, Аллах, Кали, Шива, Јупитер можеби?
Како ти знаеш за својата судбина? Веруваш? Не си го ниту видел ниту слушнал твојот бог.
Штета што мислиш дека човекот е обичен створ! Дека е дефиниција од некој бог. Лош бог е тогаш тој што дефинирал човек!
Се надевам исламот не го гледа човекот како обичен створ! Без овој обичен створ, твојот бог е ништо! Секој бог е ништо без човекот! Не е така?