Ако не сакаш да го лажеш сегашниот досега ќе си завршела со него без разлика на тоа дали ќе се смириш или не со бившиот. Ама не, ти сакаш да го имаш како резерва, сакаш да знаеш дека е тука во случај бившиот да не те прибере назад. А тоа драга моја е многу лицемерно од твоја страна.
Мене не ми е јасно како после се уште комуницира со тебе. А нормално дека се чувствува како да не може да и верува на никоја друга. Кога еднаш ќе се изгори човек од млеко дува и на јогуртот.
Како и да е, мене ми изгледа дека ти тука не бараш совет, туку поддршка за твоите постапки. Па еве вака:
Бори се за тој што го сакаш. Си се збунила, ти залетал паметот, си направила грешка бла-бла-бла. Бори се за него. Смирете се. Само немој за некое време пак да плачеш на темава кога ќе сфатиш дека уствари го сакаш овој со кој си сега (или некој сосема трет), а не бившиот.