- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.783
- Поени од реакции
- 9.602
Затоа е форумот, да се дискутира во граници на нормала во секој случај. Ако се забега во некоја сфера треба едната страна да попушти за да се смири тензија.@ziak92, зашто побогу пробуваш да се разбереш со некој кој никнува овде само кога Јунајтед нема да победи?
Ќе гледам накратко да те цитирам зошто од секој аргумент се обидуваш да направиш сеир. Не знам која ти е причината да ги гледаш работите на таа страна, но ти си знаеш за тоа.Зголемено:
Знаев дека пилотон е инфилтриран таму, ама и ти си бил, лелеле
Болд 1.
Без навреда, ама твоиве постови со чукање по гради и давање подршка преку форуми, мене ми се смешни. Чоек, па фан базата на пилотот не ни знае дека ти уопште постоиш
Таа е реалноста нема лутиш.
Болд 2.
Фала Богу, денес е фенси да си интернет фан-навивач.
Болд 3.
Стискам палци, па да ја претставиш Македонија во добро светло
Чекам слика и обавезно една парола за мене, да гласи: „ Со почит за чичко Кумплуг “И палец горе, лајк, како кампањана на Грујче што беше.
Болд 4.
Па не знае, се води уште според тоа Ферги што го поставувал, чајна копија.
И уште не сфаќам кои се тие погрдни зборови упатени кон Мојс и дел од играчите?
Кај се увреди ти?
Тоа што го кажав за Велбек дека е коњ, за да тебе да не си го присови?
Ако бе шо, ја ги сакам коњите, со лавот омилени животни ми се
Болд 5.
Ја не гледам никаков новитет освен нови фаци и послаби резултати. Ферги тоа што го диригираше Мојс НЕ МОЖЕ, барем сега за сега, факт!
Поздрав побратиме, и пушти некој муабет за мене у фан базата на Јунајтед, ако сакаат да ми платат авионска карта и да имам обезбедено карта за дерби со Ливерпулл, желба ми е тоа
--- надополнето: 2 декември 2013 во 00:30 ---
1. Не се чукам во гради дека нешто правам или нешто слично. Не сум некоја месија низ фан форумите да се правам паметен, туку како што ти пишуваш овде, така пишувам јас. Форум дали бил овај или некој таков, исто се фаќа. И таму се дискутира, и овде си дискутира. Со разлика што таму има фан база која директно учевствува на секој меч на ОТ, а овде е друга слика. Тоа не е тупање во гради. Мое мислење, а и на неколку други од овде, можеби има ИНДИРЕКТНО ВЛИЈАНИЕ. Никаде не викам дека ако некој пишува таму се сваќа здраво за готово и одма сите по тоа мислење ќе се водат. Ако мое мислење нема таму влијание, тогаш твоево мислење овде нема никакво влијание кога ќе видиш. Не ја гледам поентата зошто се нервираш и пишуваш на фан клуб, се убедуваш со други, дискутираш...Нели?
2. Друга работа, ако е фенси денес да си интернет навивач, себе не се гледам под тој статус. Го следам Јунајтед уште пред да почне оваа интернет ера која е сега. Сум се радувал на голови на Шерингам, Солскер, Кол, сум купувал во тоа време дресови, шалови. Е сега можеби не сум директен во тоа навивање зошто не сум бил на ОТ, но тоа е друг муабет. Не знам кои ти се критериумите при дефинирање на навиваич, интернет навивач...тоа ти е твој субјективен став така да не ме интересира искрено дали мислиш ти дека овде има такаречени фенси интернет навивачи.
3. За ова зборувам за секој пост што се обидуваш да го претвориш во сеир. Ако сакаш да влезиш во дискусија, биди конструктивен како што ти се обраќа другата страна.
4/5. Во мојот пост не те генарализирав тебе другар, сега ако се пронајде ти во тој сегмент тоа е твоја работа. Разгледај наназад и ќе видиш што зборувам.
Сигурно во времето кога САФ го превзел клубот кога имал бетер резултати од овие (секако, ако се иземе тогашниот состав кој не бил шампионски и наследениот шампионски тим на Мојс), таквите како тебе не би му дозволиле да работи човекот подолго од 1 година без некој позитивен резултат. На почетокот САФ јадел високи порази и клубот се наоѓал дури и во полоша состојба од кога го наследил, но следејќи го концептот на работа, вербата, дошло до резултати. Зошто да не добие Мојс исти третман, туку после 3 месеци одма да му се суди?? Повторувам уште еднаш. Промената е евидентна. Си замина највлијателната личност во клубот, инсипраторот на тимот, гениј во секоја смисла на зборот. Никој не вика овде дека Мојс=САФ. Мојс е потенцијал кој немал вакво искуство досега, но ако поседува квалитети треба да добие шанса. Нов залак е ова за него и му треба време да се навикне на оваа ситуација. Еве гледај пример Мурињо во Челзи со големи засилувања, не прикажува нешто кој знае какви резултати во моментов. Челзи лани со Ди Матео имаше подобри резултати на стартот кога ќе видиш.
Мислам дека треба да се стави крај на дискусијата, за да течи темава во вистинска насока, така да не сакам да ме реплицираш па да продолжеме да ги труеме останатите на темава со безвезе тематика.