Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Нема ништо фанатично во тоа да корегираш нешто погрешно.
Ти ги поистовети исламот и христијанството со телемата, на тоа доби конкретен пример - аргументиран, зошто не се во иста категорија. Но и покрај тоа, продолжи да ги негираш и игнорираш аргументите, притоа истовремено изјавувајќи дека ниту си имал ниту имаш намера подлабоко да навлезеш во тематиката за која дискутираш. Што мислиш, која ситуација во случајов е поблиску до фанатизам?
--- надополнето: 2 декември 2013 во 14:16 ---
Јас немам проблем со ниедна света книга се додека таа не се толкува буквално и не се наметнуваат догми. Институционализираните религии го прават токму тоа - се темелат на догми и поради тоа раѓаат секти.
Не знам зашто не сфаќаш дека не нудиш аргументи. Тоа што ќе ме упатиш на зборови од Кроули или пак да учам телема, не е никаков аргумент. Напротив.
Јас не ти ја поистоветувам телемата со исламот и христијанството.
Ги истоветувам вашите постапки, во самоодбрана на замислен атак врз вашиот ред и учење.
Христијанството ја има Марија и Светиот Дух.
Исламот го има Мухамед и Гебриел.
Вие си ја имате Роуз Кели и Ајваз.
Терајте си вие и понатака со редот и телемата. Арно ама, ако некој не навива за вас, не го ставајте веднаш на отстрел.