Јас да ти дадам еден предлог, да си земеш парче дрво или камен, па да си направиш еден кип и да си веруваш во него, секој ден ќе го гледаш, па ќе знаеш во шти веруваш, па ќе се вратиш за едно 2000 години назад во времето на паганизмот.
Тоално грешна перцепција, Исламот поттикнува на спознавање на бог преку неговите дела, односно се што постои!! токму поради тоа и првиот збор кој Бог им го препорачува на верниците е “Учи и Проучувај!“
Овдека проблемот е во твојот изгубен осет да им веруваш на твоите пријатели, но тоа е поради понизниот факт на денешниот свет, кој говори дека денес нема вистински пријатели на кои можеш потполно да им веруваш! Но тое е докажано, преку хадисит, кои се пренесувани, а пренесувачите се водат точно и прецизно преку ланец, кој води до изворот, до очевидците на настанот, значи моментот кога Мухаммед С.А.В.С. ги примал објавите.
Уште една во низата заблуди, не е така, ние муслиманите имаме директен контакт со бог за време на Намазот, односно посебниот начин на обред, кој се извршува 5 пати на ден, за време на намазот верникот му говори директно на бог.
Тоа е твое право дали ќе веруваш и не и во што ќе веруваш.
Ако ми покажат, тоа е факт дека они ме лажат, бидејќи јас знам дека не можам да го видам мојот Бог тука на земјата!