СУГС гимназија "Орце Николов"

П

Паган-др

Гостин
Мица била манекенка некоја порано, многу убава жена викаат била.

Иначе по муабети а и по луѓето вака што ги гледам од овие генерации во Орце што се сега ми се некако извинете ако ве навредам ама идиоти тешки. Исто слушам муабети од деца од другиве гимназии во околината дека Орце и Корчагин ги смениле местата, орцашите станале бубалици а корчагинците the cool kids. WTF?
Корчагин, замисли, почнаа да искачаат....
 
Член од
18 јануари 2013
Мислења
67
Поени од реакции
43
Јас сум сега у новата генерација у Орце.. пишувајте да дискутираме .. па доколку имаат прашања и некој совет да ни дадат некои од минатите генерации нека пишат :D
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Да не му требаат на некој униформи ?! :icon_lol:
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
42
Поени од реакции
17
Може некое инфо за проф.Бабовиќ - математика и проф.Димитрова македонски...
 
Член од
1 септември 2013
Мислења
54
Поени од реакции
7
Kje moze nekoj das mi ja preraskaze lektirata sagrinska koza kje mu bidam mnogu blagodaren :)
 
Хајсенберг

Компјутерски Инжињер
Член од
15 ноември 2013
Мислења
347
Поени од реакции
365
Корчагин, замисли, почнаа да искачаат....
Секоја бубалица си има свој социјален живот,не може и во петок навечер да биде над книгата
Kje moze nekoj das mi ja preraskaze lektirata sagrinska koza kje mu bidam mnogu blagodaren :)
Ти пишав во темата за школото во кое јас учам-Корчагин.. што спамаш и по други теми? Бан ќе јадеш :)
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
33
Поени од реакции
48
Може некое инфо за проф.Бабовиќ - математика и проф.Димитрова македонски...
Кај Бабовиќ да си учиш редовно и секогаш биди искрен кон неа, не лажи за ништо. Сега не знам како ти оди математиката, еве јас на пример математика сум труп али никогаш не отидов на полагање, секогаш си имав заслужени двојки. Бабовиќ цени труд, јас кај неа секогаш пишував домашни, следев на предавањата, се трудев, редовно излегував на табла да решам некоја задача и на тест секогаш си вадев двојки, она знаеше дека не ме бива матемаика али ми го ценеше трудот. Со тоа знаење што го имам од кај Бабовиќ за учениците од другите школи измислен сум. Имам другарка која што се префрли во Моша, во Орце отиде на полагање, од неа 10000 пати сум подобар математика и кога отиде во Моша 5 си редеше по математика. За кај Снешка македонски, читај си редовно тоа што ќе предава и уклучувај се често на дебатите, многу цени активност на час. :D
 
Благодарам :)Прашував за ќерка ми која е 1 година во Орце.Во основно наставничките по математика им ги менуваа како времево надвор...Едноставно,хаос...Среќа што во 8 одд.се појави наставничка која беше навистина супер,но некои работи едноставно не можат туку така да се надокнадат.Одеше и на часови математика,како и скоро сите други деца.Во секој случај,според нејзиното кажување,професорката е ок,но малку необична и чудна :D Шокот беше кога на првиот тест имаше само единици и двојки..А веќе вториот тест беше друга приказна.Едноставно,жената веројатно ги тестирала,не знам...Секако ќе влезе во штос,сепак,ова е средно,и ова е Орце,нели? :cool:
Поздрав:)
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Дечки, јас креирав една анкета, се однесува на образованието кое сте го имале во основно, а и сега во средно. Работиме на проект за подобрување на вашето образование, па потребна е ваква анализа, која ќе се трае неколку месеци, за да има подобар увид. Ова не е поврзано со Влада, Министерство и сл., туку е проект на неколку ентузијасти :)
Ќе ве замолам да одговорите на прашањата што поискрено, ние работиме за вас.
Поздравче :)
https://www.surveymonkey.com/s.aspx?sm=C95AiW62NXXUvGQ1NT6Qcw%3d%3d
 
Член од
18 јануари 2013
Мислења
67
Поени од реакции
43
ги читам мислењава и се смеам на глас..
иако повеќето се сменети , и ден денес има некои професори кои ги спомнавте што ги глеам секој ден по ходници..паа дај малце да потрачариме ко теткици за професориве а и општо за школото , нема смисла ваква тема да не биде активна :icon_lol:
 
Ф

Флеш

Гостин
:) Ја еве сум 3та година (генерација 09-13') и за орце имам само пофални зборови. Не реклама, туку мое лично искуство...

Одлично, “андерграунд“ школо лоцирано на Илинденска ББ, кај бивша американска амбасада. Исполнето со многу паметни и културни ученици...Искрено, кога дојдов прва година тука многу тешко ми беше. Повеќето се знаеа, јас никого незнаев и многу ми беше тешко да се уклопам...Али едно нешто е сигурно: Доколку професорите видат дека сакаш да се ангажираш, искрен си со нив и сакаш нешто повеќе да направиш - ќе ти допуштат...
Во Орце имаш шанса да се докажеш, без некој да те оспорува, исмејува и да те посрами пред другите...Доста е старо школото, но сепак е обновено со ПВЦ прозори, врати и венецијанер завеси (за завесите од класовите се даваше пари).
Како и да е, во Орце има толеранција дури и за единиците...Никој не е поинакво третиран и секој има еднакви шанси...Со кецовите највеќе се работи и “кецовите“ никогаш не се исфрлени од друштво. Муабетите се навистина од поозбилен карактер и децата (сепак се деца, со исклучок на некои од 4та кои се 18 години :D ) имаат поинакви перспективи и дефинитивно имаат понакви идеи...
Кога сме веќе кај идеите, самото училиште иницира учениците повеќе да размислуваат, да создаваат нови и поинакви работи - да се иновативни...

Можеби повеќето го знаат Џеј-Зи директорот, но знаат и дека (мислам во 2009-та година, ако не 2010-та) дојде директорката Сунчица Поповска. Повеќето одпрвин имаа негативни мислења, па дури и јас. Но одпосле дознав дека она многу се залага за учениците и секогаш гледа да е у нивен корист...Така веќе орце нема кабинетска настава, само заради тоа што учениците така бараа (ја не искрено), но сепак директорката и тука влезе во пресрет...Разговорот со неа може да ви е сосема опуштен, но почитта кон неа секој ја држи на високо ниво...Директорката не само што ги сослушува и помага на учениците, туку и ги наградува, проследете:

Мојот клас, со класен раководител Снежана Димитрова, беше најредовен во втора година (броејќи вкупно само околу 300 изостаноци цела година, не ме фаќајте за збор) и побара од директорката еден слободен ден. Денот се искористи да се оди во Албанија (во градот Корча) и во општина Пустец, со цел да им се помогне на децата во тоа место. Дури и сега продолжуваме (полугодие 120 вкупни изостаноци). Верувајте, ова е училиште во кое може да се просперира...
ова навистина навистина уште од лани е постот .... но ми врати сеќавања .... и мене ми беше Снеже (македонски/Наци) класна ..... учев 2004/2008 генерација ..... што се случо сo Снеже ... отиде ли во пензија ?! уште ли предава .... неам поим :)
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
ова навистина навистина уште од лани е постот .... но ми врати сеќавања .... и мене ми беше Снеже (македонски/Наци) класна ..... учев 2004/2008 генерација ..... што се случо сo Снеже ... отиде ли во пензија ?! уште ли предава .... неам поим :)
Уште оваа и следната година и бега у пензија :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom