Секти

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Jaс објаснив на кратко за историјата на хомосексуалноста и што всушност е како дел од процесот на касапење во кој е вклучен и сатанизмот,само малце по екстремно,пиење на крвта од жртвите(тоа намерно не го напишав како и други работи).
Абе оди напиши си домашна и у кревет....тој ќе објаснувал!
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
23
Поени од реакции
18
Me interesira mislenjeto za konstantin kaysharov i negoviot duhoven centar ? kako bi go kategorizirale?
--- надополнето: 17 декември 2013 во 16:08 ---
Me interesira mislenjeto za konstantin kaysharov i negoviot duhoven centar ? kako bi go kategorizirale?
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Me interesira mislenjeto za konstantin kaysharov i negoviot duhoven centar ? kako bi go kategorizirale?
.

Секоја душа која што верува во Совршената Љубов чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - и не се прави себеси (или својата заедница) како поарна од другите, нетреба да ја подценуваме, туку како себеси да ја љубиме!

...................................

п.с.Љубовта која потекнува од Светиот Дух е многу повеќе од емоцијата на човечката (телесната) егоистична “љубов“ и “моќ“.

.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Исповед на заведените лица-Живот и смрт во сектите (1) – Скиентологија

Навидум безопасни религиозни движења сектите во светот заведуваат милиони луѓе. На голем број од нив судбината им е трагична, тие или завршуваат како заточеници или се самоубиваат. Вакви примери се забележани и во Скиентолошката црква.

Валески Парис, која денес живее во Австралија, родена е во Швајцарија во скиентолошко семејство. Парис ја раскажа својата приказна како била одведена од лидерот на црквата, Дејвид Мискевиџ кога имала само 18 години. Мискевиџ го сторил тоа затоа што мајката на Парис јавно го осудила скиентолошкото учење, бидејќи нејзиниот сопруг од милионер дошол до просјачки стап и си го одзел животот. Со ова јавно обвинение била запечатена судбината на Парис. Таа е одведена на луксузен брод-храм, „слободни ветрови“, кој крстари по Карипското море, но не за да ужива.
-Ви го одземаат пасошот и од тој момент како да се наоѓате на остров среде океан. Цел живот бев во скиентологијата и не знаев како да побегнам, се исповеда Парис.
-Мискевиџ сметаше дека мора да ме одвои од негативното влијание на мојата мајка и дека бродот е најпогодното место за тоа. Тој ми ветуваше дека тука ќе останам само две недели, но тие две недели се претворија во 12 тешки години, пропратени со макотрпна работа. Беше страшно: топло, смрдливо, гласно. Првите 48 часа работев без престан, без сон, потполно сама, рекла таа и напоменала дека Црквата ја води некој кој ги користи луѓето околу себе и живее како крал, криејќи се зад религијата. Тој човек не сака никој, тој е психопат.
Скиентолозите ги држат луѓето под клуч, е првото нешто на што се предупредува во книгата „Лаги на скиентологијата“. Овде е опишан и случај кој заврши трагично, а денес привлекува огромно внимание во САД. Кога на 5 декември 1995-та година Лиса Макфирсон е оденесена во болница, веќе била мртва. Имала 36 години, а со скиентолозите била од својата осумнаесетта година.
Неколку недели пред смртта, Лиса доживела нервен слом, па членовите на сектата, да би се „одморила и релаксирала“, ја држеле во една соба од хотел 17 дена под клуч. Самите признале дека го сториле тоа. Затворањето е во склад со правилата на црквата. Но патологот утврдил дека несреќната жена била донесена во тешка изгладнета состојба и дехидрација, како и дека на телото имала модринки и убоди од инсекти.
Постоеле и болници кои биле поблиску и во кои Лиса можела да биде однесена на време, меѓутоа нејзините „чувари“ ја одбрале најдалечната. Родителите на несреќната жена поднеле тужба против Скиентолошката црква за одговорност за смрт и лишување од слобода. Судскиот спор е влечен со години. Конечно е заклучен во 2004-та година, а деталите се држат во тајност.
Лиса Макфирсон починала во соба во хотелот Форт Харисон во Кливотер, првиот хотел кој го купила Скиентолошката црква.
На меморијалните сајтови се наведуваат и други сомнителни смртни случаи во истиот хотел. Во 1980-та година во истиот хотел е пронајден 45 годишен маж. Аутопсијата покажала дека тој „најверојатно се удавил“, во када, со оглед на фактот дека не е пронајден со главата под вода. Водата во кадата била толку топла што му ја изгорела кожата. Во август 1988- та година починал Херберт Паф. Тој имал 31 година. Во текот на ноќта добил тежок напад на епилепсија, паднал и ја удрил главата од стол.
Тони Кристман, која го следела скиентолошкото учење 30 години имала повеќе среќа. Таа била епилептичар, која супервизорите на сектата сакале да ја отргнат од лековите. Бидејќи таа едвај останала жива по серии силни напади, засекогаш ја напуштила Скиентолошката црква во 2000-та година и денес е нивен најголем критичар.
Сепак нејзината судбина не привлекува толку внимание како судбината на ѕвездите од шоу-бизнисот, а скиентологијата најмногу се прочула од членството на холивудските ѕвезди.
Џон Траволта и неговата сопруга, глумицата Кели Престон тоа и не го криеја. Но, кога на Бахамите во 2009-та година од напад на епилепсија почина нивниот 16-годишен син, Џет, многумина се посомневаа дека болното момче не ги земало лековите, затоа што неговите родители се припадници на Скиентолошката црква, која тоа го забранува.
Ако сакаш да направиш многу пари формирај секта
Кога во половината од минатиот век во американската јавност се појавил Лафајет Роналд Хабард, писател на научнофантастична проза, со книгата „Дијанетика: Mодерна наука за менталното здравје“, побарувачката за неа била толку голема што авторот почнал во цел САД да оснива дијанетски организации.
Хабард со татко му, офицер на американската морнарица, често патувал на Далечниот исток. Таму се запознава со хиндуизмот, будизмот и окултизмот. За време на Втората светска војна тој е ранет и бил прогласен за клинички мртов, а се излечил, како што тврди тој, со применување на начелата на дијалектиката.
Од таму настанала и скиентологијата, а во 1954 Хабард во Лос Анџелес ја основал и Скиентолошката црква. Таа е денес во САД призната како религија.
Дијанетиката промовира доктрината дека за сите човекови несреќи се одговорни „енграмите“ или искуства, сеќавања од минатото и ако се исчистиме од нив, следбениците на ова учење тврдат дека би биле среќни и здрави, ментално стабилни, па дури и интелегентни.
Според Хабард, просечната личност во себе има илјада енграми, но со помош на дијанеткиката, „науката за умот“ секој може да се ослободи од тие напасти и да стане „чист“. За тоа се користат методите кои вклучуваат хипноза, па дури и детектор на лаги кој Хабард го направил, како и курсеви каде се води разговор со „духовните учители“. Сето тоа за да човек стане духовно суштество што со силата на умот може да се излечи и оствари се што сака во животот, тврдат скиентолозите.
Скиентолошката црква денес има околу 15 милиони вернци низ 120 држави низ светот. Цената на почетниот курс е 2.000 долари целокупниот курс изнесува 350.000 долари. Колку сектите станале профитабилен бизнис сведочи и прочуената изјава на Лафајет Роналд Хабард:
„Ако човек навстина сака да заработи милион долари, најдобар начин му е да создаде своја религија.”
Денес се верува дека големи финансиски, криминални и политички афери во САД брзо се „заташкуваат“ затоа што скиентолозите ја уживаат поддршката на Белата куќа уште од кога на нејзино чело бил Бил Клинтон на кој посебно му помогнале во предизборната кампања.“
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Јакимовски: Членови на верска секта крадат цвеќиња во Карпoш

Членови на верска секта, по завршените обреди и пеење, се впуштаат во кражба на цвеќиња во општина Карпош, тврди градоначалникот на оваа општина Стевчо Јакимовски во изјава за „Дневник“.

- Се собираат во стан во Kарпош 4, кој е изнајмен од една госпоѓа со американско државјанство, која им е пасторка, односно раководи со сектата. Станарите од зградата велат дека по завршувањето на обредот и пеењето, тие со комби атакуваат на цветните површини – изјави Јакимовски.

Тој лично фатил еден од нив како откорнува цвеќиња.

- Беа откорнати 7-8 цвеќиња. Тој беше со комби и кога го отвори, во него најдовме цвеќиња. Веднаш беше повикана полицијата – раскажува градоначалникот Јакимовски.

Од СВР Скопје потврдиле дека е пријавена кражба на цвеќиња, што е казниво според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

- На 23 февруари околу 14.15 часот е пријавено дека на „Партизански одреди“ непознато лице оштетува јавен парк, со откорнување цвеќиња. Полицијата излегла на самото место и е затекнато едно лице, З.М. (1965 година) од Скопје, против кого ќе биде покрената прекршочна пријава по член 27 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – изјави Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје.

Според Законот, на тој што го оневозможува користењето или оштетува јавни згради, чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта или други јавни објекти и инсталации или ги загадува со материи и отпадоци, ќе му се изрече глоба од 100 до 400 евра.

Овие се сигурно од "Црна ружа" сектата...
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Прв пат ми е на форум и може да прам грешки (не замерувајте).

Јас живеам во нас.Драчево која спаѓа под ОКВ и имам слушнато за тие Јеховини Сведоци.Сега тоа во моето друштво е главна тема на дискусија, па затоа решив да пишам овде.Не сакам да заплашам никој од Драчево, но слушнав дека тие се собирале во некоја бела куќа со црн превртен крст во близина на основното училиште „Кузман Шапкарев“, каде што ги извршувале нивните ритуали, не знам какви но слушнав како кружење околу оган, повикување на демони, повикување духови, ѓаволи и др...Исто така слушнав и дека оделе на гробишта навечер откако ќе ги изршеле тие ритуали.Таму пееле песни, па се дорирале и кој прв ќе паднел во кома му наредувале да убие некој па потоа да се самоубие (не знам колку е вистина).Тоа ме натера да почнам да истражувам на интернет и открив дека тоа биле така наречената секта „Црна Ружа“.Прочитав на дискусијава дека тие биле во Битола, но јас слушнав дека се собирале во СОУ„Јоси Брос Тито“ .И тие Јеховини Сведоци вистина постојат, пред некоја недела дојдоа кај мене на врата и нудеа разни книги, па прашуваа во кого веруваш, па те тераат да им веруваш и други работи.Многумина не ми веруваа за ова, но откако им праќав линкови за нив ми поверуваа.Сепак ми останаа големи прашалници во главата, како на пример која им е целта со тоа убивање па самоубивање?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Нешто си ги измешал лончињата. Јеховините сведоци и црна ружа и слични немаат врска. Две сосем различни работи се.
 
Член од
8 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Нешто си ги измешал лончињата. Јеховините сведоци и црна ружа и слични немаат врска. Две сосем различни работи се.
Знам за тоа Црна ружа се секта ама и тие спаѓаат под Јеховини сведоци...
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Прв пат ми е на форум и може да прам грешки (не замерувајте).

Јас живеам во нас.Драчево која спаѓа под ОКВ и имам слушнато за тие Јеховини Сведоци.Сега тоа во моето друштво е главна тема на дискусија, па затоа решив да пишам овде.Не сакам да заплашам никој од Драчево, но слушнав дека тие се собирале во некоја бела куќа со црн превртен крст во близина на основното училиште „Кузман Шапкарев“, каде што ги извршувале нивните ритуали, не знам какви но слушнав како кружење околу оган, повикување на демони, повикување духови, ѓаволи и др...Исто така слушнав и дека оделе на гробишта навечер откако ќе ги изршеле тие ритуали.Таму пееле песни, па се дорирале и кој прв ќе паднел во кома му наредувале да убие некој па потоа да се самоубие (не знам колку е вистина).Тоа ме натера да почнам да истражувам на интернет и открив дека тоа биле така наречената секта „Црна Ружа“.Прочитав на дискусијава дека тие биле во Битола, но јас слушнав дека се собирале во СОУ„Јоси Брос Тито“ .И тие Јеховини Сведоци вистина постојат, пред некоја недела дојдоа кај мене на врата и нудеа разни книги, па прашуваа во кого веруваш, па те тераат да им веруваш и други работи.Многумина не ми веруваа за ова, но откако им праќав линкови за нив ми поверуваа.Сепак ми останаа големи прашалници во главата, како на пример која им е целта со тоа убивање па самоубивање?
Чекај ова сериозно? Јас живеам близу ова школо.не сум приметила ништо. Може само се некои приказни , и ние кога сме биле мали сме се глупирале, сме викале духови , не значи дека тие се од црна ружа. За која куќа поточно збориш?
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.144
Па до сеа им препишуваат некаде околу 50 самоубиства во Хрватска и нешто помалку во Србија. Велат дека најмасовна била во 80тите. За во Македонија се е на шпекулација. Во мое време кога бев средно се рашири масовно муабет за едно самоубиство на девојче од Ѓорче што скокна од зграда дека било нивни член. За тука зборат за неколку самоубиства во Струмица, Скопје, Тетово, Битола... Мислам дека и од полиција имаше апсење во некој стан во Скопје во врска со нив (ова беше 98ма - 99та) за нив слушав до кај 2003-04 и од тогаш до сеа немам чуено повторно за нив. Знам во главно се шпекулираше дека врбувале деца малолетници, повлечени и тивки. За убиства дека правеле немам слушнато... за самубиства ете тоа што пишав што знам.
Веруви ми точно е знам бидејќи сум од Струмица.Црна Ружа земаа и тоа каков замав вршеа разни обреди потоа на стубовите до гробишта со црн спреј пишеше на секој Црна Ружа праќаа писма по врати на деца ги убедуваа да ги убиват своите родидетели дека така ќе одат во рајот вршеа разни обреди скренавање на гробиштата и ред други црни работи.Иначе после акцијата изгледа била низ цела МК по апсењата ги снема и фала богу пак не се појавиле.И за другите градови ти гарантирам кои ги пиша ги имаше најитересно е што всушност сите самоубиства шо беа од Црна Ружа ги извршија во странство и за децата шо извришија од Струмица и од Тетово.Слушам само дека биле уште активни во Битола и Скопје али колку и кој број не знам.
 
IvicaPunK

Старо нов член
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.084
Поени од реакции
85
Знам за тоа Црна ружа се секта ама и тие спаѓаат под Јеховини сведоци...

Појма немаш, не само ти, повеќето што пишуваат у темава.

Како прво, 95% од сите тука не дека црна ружа не е секта туку е култ. Има разлика.

Поделбата иде:
  1. Култ
  2. Секта
  3. Црква
- Култот е религиозна организација со помал број следбеници. Најчесто сатанистичка во случајов твојата црна ружа. Култовите се тие што ги прават тие обреди, веруваат во "чидни работи" и се поврзуваат со голем број убиства.

Секта е организација со поголем број следбеници, но не доволно за да го добие звањето религија. Сектите се најчесто добри(за разлика од култот, не се сатанистички) и пропагираат "добри работи" . За разлика од култовите кои настануваат независно, голем(можеби сите) дел од сектите се уствари модификации на релгиите. Е овде спаѓаат Јеховините сведоци

Црквата(не се мисли за храм) е организација со најголем број следбеници(тоа пошо многу порано е(се) настаната(и)
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Религијата е организација со најголем број следбеници(тоа пошо многу порано е(се) настаната(и)
Не ти се точни квалификациите. Бројноста не е критериум за одреден правец да се смета за религија. Имаш култови и секти што имаат милиони членови, а имаш религии со по неколку илјади членови.
Секта е верска организација што се одвоила од друга - постоечка религија, и обично матичната религија од која произлегува сектата не ја признава новонастанатата организација. Таков пример имаш со јудеизмот и христијанството, христијанството има речиси две милијарди следбеници за разлика од јудеизмот кој не е ни блиску до таа бројка, но сепак за јудејците, христијанството е секта.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom