Без тебе
 
Без тебе, месечко е само исфорсиран рефлектор со фистули.
Без тебе, небото е стерилно плаво без амбиција.
Без тебе,  дождот е кореографија без нарација.
Без тебе, ханзапластот е само селотејп без спомени.
Без тебе, пурпурот е само осамен стражар на ерозијата.
Без тебе, облаците се само вообразена ликра без идентитет.
Без тебе, кактусот е само газирана пунџа  со херпес.
Без тебе, морето е само целофан кој љуља без хепиенд.
 Без тебе, самотијата е еден корпулетен апостол со апетит.
Без тебе,  асфалтот се прозева на изгрејсонце, а шифт не ги крева буквите на штикла.
Без тебе, нотите се само морзеова вегетација, без лаванда во најава.
Без тебе, Фројд  е претенциозен индијански врач стациониран во трафика.
Без тебе, Рембо мантра  без да се поклања на аспурдот.
Без тебе, ѓумбирот е само ментол со ерекција.
Без тебе, желбите се само пеперутки со локни кои дркаат на лустерот.
Без тебе, страста е меланхолија во  карирани панталони.
Без тебе, пивницата е празна, а саламата е мувлосана.
Без тебе, сум непостој.
Без тебе, сум ќутолог  тезгар.
 
Ми фалиш ма!
 
 
Малколм форевр!
