Прашање за Христијанството III

Член од
17 јануари 2012
Мислења
23
Поени од реакции
18
За да го разбереш Светото Тројство треба да ти фали некоја штичка.
Мене штичка ама тебе цел мебел ти фали !!!
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 15:08 ---
Од сите можни глупости во сите можни религии, ова со светото тројство е најголема.

А мораше да ја направат, инаку Исус никако не се квалификуваше како Бог.
Добитникот на Нобелова награда од областа на медицина, д-р Алексис Карел,
молитвата ја нарекува најмоќен облик на енергија. Според него, тоа е сила подеднакво реална како што е силата на Земјината тежина. После него прочуениот американски научник д-р Х. Ј. Стовел, при едно чудесно откритие, ја измерил моќта на молитвата.
„Бев циничен атеист... еден ден работев во големата патолошка лабораторија на една клиника. Бев окупиран со задачата како да ја измерам брановата должина и јачината на зрачењето на човечкиот мозок.
Сакавме да испитаме што се случува во човечкиот мозок кога човекот преминува од живот во смрт. Избравме една жена која боледуваше од смртоносен рак на мозокот. Жената беше духовно, психички потполно нормална. Општо гледано, беше навистина зачудувачка нејзината животна ведрина, со оглед на нејзината безнадежна телесна состојба. Знаевме дека е на умирање. И таа го знаеше тоа. Исто така знаевме дека станува збор за жена која целиот живот го поминала со вера во својот Спасител Христос.
Непосредно пред нејзината смрт, во нејзината соба сместивме еден високо осетлив апарат за снимање. Тој апарат требаше да ни покаже што се случува во нејзиниот мозок во последните минути. Притоа, уште, на креветот сместивме мал микрофон за да можеме да слушнеме што ќе каже, доколку воопшто може да дава некакви знаци на живот.
За тоа време се сместивме во соба веднаш до нејзината. Бевме пет трезвени научници. Меѓу нас јас бев оној најприземниот и најтврдокорниот. Полни со исчекување и внатрешна напнатост, стоевме пред своите инструменти. Стрелката стоеше на нула и можеше да покажува сé до 500 степени во позитивна насока на десно и 500 степени во негативна насока на лево. Пред извесно време со помош на истиот овој апарат го имавме мерено емитирањето на една радио станица, чија програма беше испраќана во етерот со јачина од 50 килохерци. Стануваше збор за порака што веројатно била пренесена низ целата земјина топка. При тоа мерење утврдивме вредност од 9 степени во позитивна насока.
Ни се стори дека на болната ѝ дојде последниот миг. Наеднаш слушнавме како почна да се моли и да Го слави Бога. Го молеше Бога да им прости на сите луѓе што во животот ѝ направиле неправда. Тогаш ја изрази својата цврста вера во Бога со зборовите: ‘Знам дека Ти Си Единствениот сигурен извор на сила за сите Твои созданија и тоа ќе останеш‘. Му благодареше за силата со која Он ја носел целиот нејзин живот, како и за сигурноста што смее да се нарече Негова. Му сведочеше дека нејзината љубов кон Него и покрај сето страдање, никогаш не се намалила. Во моментот кога зборуваше за прошката на своите гревови преку Исусовата жртва, од нејзините зборови одекнуваше неопислива среќа. Најпосле, ја зафати радост при помислата дека наскоро ќе може да Го гледа својот Искупител.
Стоевме потресени пред својот апарат. Веќе и заборавивме дека всушност сакавме да истражуваме. Се погледнавме и притоа не се срамевме од своите солзи. Толку бев трогнат од она што го слушнав, што морав да плачам, како што никогаш уште од детството не сум правел.
Наеднаш, додека жената уште се молеше, слушнавме на својот инструмент некаков тон на постојано удирање. Кога погледнавме, видовме дека стрелката покажуваше 500 степени позитивно и непрестајно удираше на границата од апаратот. Нашите мисли се испреваруваа една со друга. Со техничко мерење сега по прв пат откривме една неверојатна стварност: мозокот на оваа жена на умирање која со молитва беше соединета со Бога разви сила 55 пати посилна од силата на зрачењето на онаа светска радио станица!
Во тој миг почна да се руши мојот атеистички поглед на светот. Стоев пред лицето на сезнајниот Бог. Потполно смешно ми стана моето неверие. Така станав среќен Христов следбеник...“.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Како иде хиерархијата во "рајот" ангели,архангели,богови....... ?
Пратам Supernatural па се заинтересирав
Нема Богови туку Бог, не е ова грчка или египетска митологија па 15 души да бидат богови.Бог заедно со Светото Тројство,светците па Ангелите.Ангелите се гласници и слуги на Бог.Најголем од светците е Архангел Михаел кој воедно се смета дека ги зема душите,чувар на рајот,и оној кој го натерал самиот Бог да му прости на Адам.
 
mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.798
Зошто постои постење и дали исто е постењето кај православните и кај католиците?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Мене штичка ама тебе цел мебел ти фали !!!
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 15:08 ---

Добитникот на Нобелова награда од областа на медицина, д-р Алексис Карел,
молитвата ја нарекува најмоќен облик на енергија. Според него, тоа е сила подеднакво реална како што е силата на Земјината тежина. После него прочуениот американски научник д-р Х. Ј. Стовел, при едно чудесно откритие, ја измерил моќта на молитвата....
Истиот нобеловец кој се залагаше за формирање на институции за еутаназија каде со гас (плин) би се убивале криминалците, во своите книги го фалеше тој систем кој го применуваа германците, умре во 1944 година отфрлен од светот како симпатизер и подржувач на нацизмот
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
23
Поени од реакции
18
Зошто постои постење и дали исто е постењето кај православните и кај католиците?
постењето значи воздржување од мрсна и обилна храна,воздржување на телото од телесно задоволства,наслади и уживања, со постењето се челичи човековиот дух, но за вистинско црковно постење неизбежен е и духовниот пост кој би значело воздржување од лоши мисли.зборови и лоши дела,како и исповедање,покајание и мислење на бога со молитва. Тогаш би требало да се избегнуваат места каде може верникот да биде во искушение и да погреши како со исхраната така и со мислите.. Постот постои за удостојување на духот за славење на Бога,и доближување до него,како единствен начин до спасение,односно умртвување на грвот и зацврстување на волјата при што духот владее со телото. Постот не е ист кај католиците и православните,односно православието се води по јулијански календар или попросто кажано, стариот, а католиците по грегоријански и истите се разликуваат по 14 дена и католиците постат без месо а христијаните без месо,јајца,млеко и масти...
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Зошто постои постење и дали исто е постењето кај православните и кај католиците?

Зошто постиме? Можеби посоодветно прашање би било „зошто јадеме?“ Христос го цитираше Светото Писмо пред лукавиот, велејќи: „Не ќе живее човекот само од леб, туку и од секое слово излезено од устата на Бога“. Ние јадеме како животот да ни зависи од тоа, иако не е така. Ние постиме затоа што животот ни зависи од Словото Божјо.

за повеќе линк
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452

Имаш поддршка за вакво постење од Библијата, дали Исус некогаш практикувал ваков вид на пост?
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 21:29 ---
Зошто постиме? Можеби посоодветно прашање би било „зошто јадеме?“ Христос го цитираше Светото Писмо пред лукавиот, велејќи: „Не ќе живее човекот само од леб, туку и од секое слово излезено од устата на Бога“. Ние јадеме како животот да ни зависи од тоа, иако не е така. Ние постиме затоа што животот ни зависи од Словото Божјо.

за повеќе линк

Го прочитав текстот од наведениот линк и добар е, навистина треба да се пости целосен пост ( телесно и духовно воздржување), но откаде произлегол ваков вид на пост со воздржување од само мрсна храна, а не да речеме од целосна апстиненција од храна и пијалоци?
 
R

Rigel Kent

Гостин

http://preminportal.com.mk/component/option,com_docman/task,doc_view/gid,6/
Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот рај - да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1. Мој. 2,17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушност и воздржување.

"Постот е оружје во духовната борба против поднебесните сили" (лукавиот и неговите црни ангели) (Матеј 17, 21; Ефес. 6,12), неопходно средство за стремеж на човекот кон духовно совршенство, надежна сила за давање отпор во духовната немоќ и благодатна ризница за постигнување на крајната и врвна цел на христијанскиот живот - светост и спасение во Господа.

Во Стариот Завет имаме многу примери за пост: светиот пророк Мојсеј Боговидец постел 40 дена и 40 ноќи (2. Мој. 34, 28) за да се подготви да ги прими Десетте Божји заповеди; светиот пророк Илија со строг пост, духовна чистота и голема ревност за Господа се удостои да ја види Божјата слава (3. Цар. 16, 4-13), а, пак, светиот Јован Крстител е познат како најголем и најстрог испосник. Воопшто, сите праведници постот го запазувале во помала или поголема мерка.

Самиот Господ Исус Христос се подготвил за сеопшто служење и за искупителниот подвиг преку 40-дневен пост (Матеј 4, 2). Во проповедта на планината Он ги учел своите последователи каков треба да биде вистинскиот пост: "Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно" (Матеј 6,16-18).

Суштината на христијанскиот пост не е умртвување на телото, како што погрешно се мисли, туку умртвување на гревот во нас, зашто гревот предизвикува пропаѓање и смрт. Закрепнувајќи ја волјата, постот му дава можност на духот да владее со телото.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
http://preminportal.com.mk/component/option,com_docman/task,doc_view/gid,6/

Во Стариот Завет имаме многу примери за пост: светиот пророк Мојсеј Боговидец постел 40 дена и 40 ноќи (2. Мој. 34, 28) за да се подготви да ги прими Десетте Божји заповеди; светиот пророк Илија со строг пост, духовна чистота и голема ревност за Господа се удостои да ја види Божјата слава (3. Цар. 16, 4-13), а, пак, светиот Јован Крстител е познат како најголем и најстрог испосник. Воопшто, сите праведници постот го запазувале во помала или поголема мерка.

Самиот Господ Исус Христос се подготвил за сеопшто служење и за искупителниот подвиг преку 40-дневен пост (Матеј 4, 2). Во проповедта на планината Он ги учел своите последователи каков треба да биде вистинскиот пост: "Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно" (Матеј 6,16-18).
Ова е јасно ко бел ден. Ме интересира кој го воведол рецептот за вашиот сегашен христијански пост, кој се разликува од оној на Мојсеј или Исус? Имаш некакви сознанија околу ова прашање, бидејќи баш ме интересира како дошло до толку голема промена во начинот на постењето.
 
Сегашните правила се воведени од Свети Василиј Велики.

http://preminportal.com.mk/content/view/3677/94/
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Уште нешто, што мислите за Марија Магралена? Дали таа му била жена на Исус ,иако тоа не го пишува во ниту едно евангелие од 4-те од кои се состои новиот завет, но затоа се спомнува во евангелијата кои не се вметнати во Библијата по налог и наредба од црквата!?
Колку и да сме а/теисти не треба да ја “бомбардираме“ црквата со негативни реакции затоа што самата црква е макеа (мајка) на науката ,која расте и се развива побрзо од самата макеа! Но религијата го држи чекорот благодарение на верниците што е апсолутна вистина.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Ова е јасно ко бел ден. Ме интересира кој го воведол рецептот за вашиот сегашен христијански пост, кој се разликува од оној на Мојсеј или Исус? Имаш некакви сознанија околу ова прашање, бидејќи баш ме интересира како дошло до толку голема промена во начинот на постењето.

Мислиш на селекцијата на храна?

Исус беше Бог и постеше 40 дена без Вода и Храна и тоа во пустина,тоа е невозможно за живо битие на планетава земја или ретко кој би можел да го издржи а да преживее.

За денешниот пост во Православното Христијанство од кој се подразбира под воздржување од животинска храна е воведен од Црквата како наследник на Христос и Апостолите за една цел примање на светата причест.

За да се прими таа света причест телото и душата,духот на човекот треба да биде чисто,достижно и да наликува како Ангелите за да се прими светата причест(Вино и Леб) кој го симблизираат неговото Тело и Крв по негова заповед се извршуваат во спомен на Христос ,тајната вечера и неговото отелотворување на земјата со неговите страданија.

Со воздржувањето од животинска храна телото се очистува од секаква скверност и нечистотија.
За тоа е воведен постот воздржување од храна и телесни страсти со една цел за да се прими Светата Христова причест.

Према Евангелските зборови кој не гоо прима овој спомен неможе да биде спасен и да влезе во царстовото небесно.

--- надополнето: 29 ноември 2013 во 00:00 ---
Уште нешто, што мислите за Марија Магралена? Дали таа му била жена на Исус ,иако тоа не го пишува во ниту едно евангелие од 4-те од кои се состои новиот завет, но затоа се спомнува во евангелијата кои не се вметнати во Библијата по налог и наредба од црквата!?
Колку и да сме а/теисти не треба да ја “бомбардираме“ црквата со негативни реакции затоа што самата црква е макеа (мајка) на науката ,која расте и се развива побрзо од самата макеа! Но религијата го држи чекорот благодарение на верниците што е апсолутна вистина.

Значи ако не го пишувало тоа значи дека не му била.

Христос дојде со една цел на земјава да го спаси човечкиот род од злото и осуда.
а не да има потреба од човечки страсти и земен живот.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
Мислиш на селекцијата на храна?

Исус беше Бог и постеше 40 дена без Вода и Храна и тоа во пустина,тоа е невозможно за живо битие на планетава земја или ретко кој би можел да го издржи а да преживее.

За денешниот пост во Православното Христијанство од кој се подразбира под воздржување од животинска храна е воведен од Црквата како наследник на Христос и Апостолите за една цел примање на светата причест.
Исус беше човек.
Постеше 40 дена без вода и храна,ти беше од тие кој пред неколку страници на темава заговараше изворно христијанство без новотарии,па бујрум пријателе ако си следбеник на Исус,40 дена треба да ги испостиш.

Вториот дел уште еднаш ти докажува дека црквата си го прави христијанството како да е пластелин,како и одговара така си го моделира,од 40 дена пост,го направивте на не знам таму ,околу 10 дена и тоа со воздржување од мрсна храна.
Што е далеку од тоа што Исус проповедал.
 
Не тоа го прикажува само твоето лицемерие и цинизам и мене многу теми и целиот Ислам не ми е прифатлив па никогаш не ти реков дека и ти си грешен зошто не одиш на џихад и убиваш и колеш како твојот пророк Мухамед.

Воопшто не го разбираш Христијаството и Евангелието Пријателе иако повеќе пати се трудам да ти објаснам ти тврдоглаво прелажано размислуваш,

Христос се објави преку црквата и Апостолите не преку Евангелието.
Т.е. Евангелието само сведочи за него и неговот учење а Црквата го Живее.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom