- Член од
- 17 јануари 2012
- Мислења
- 23
- Поени од реакции
- 18
Мене штичка ама тебе цел мебел ти фали !!!За да го разбереш Светото Тројство треба да ти фали некоја штичка.
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 15:08 ---
Од сите можни глупости во сите можни религии, ова со светото тројство е најголема.
А мораше да ја направат, инаку Исус никако не се квалификуваше како Бог.
Добитникот на Нобелова награда од областа на медицина, д-р Алексис Карел,
молитвата ја нарекува најмоќен облик на енергија. Според него, тоа е сила подеднакво реална како што е силата на Земјината тежина. После него прочуениот американски научник д-р Х. Ј. Стовел, при едно чудесно откритие, ја измерил моќта на молитвата.

„Бев циничен атеист... еден ден работев во големата патолошка лабораторија на една клиника. Бев окупиран со задачата како да ја измерам брановата должина и јачината на зрачењето на човечкиот мозок.
Сакавме да испитаме што се случува во човечкиот мозок кога човекот преминува од живот во смрт. Избравме една жена која боледуваше од смртоносен рак на мозокот. Жената беше духовно, психички потполно нормална. Општо гледано, беше навистина зачудувачка нејзината животна ведрина, со оглед на нејзината безнадежна телесна состојба. Знаевме дека е на умирање. И таа го знаеше тоа. Исто така знаевме дека станува збор за жена која целиот живот го поминала со вера во својот Спасител Христос.
Непосредно пред нејзината смрт, во нејзината соба сместивме еден високо осетлив апарат за снимање. Тој апарат требаше да ни покаже што се случува во нејзиниот мозок во последните минути. Притоа, уште, на креветот сместивме мал микрофон за да можеме да слушнеме што ќе каже, доколку воопшто може да дава некакви знаци на живот.
За тоа време се сместивме во соба веднаш до нејзината. Бевме пет трезвени научници. Меѓу нас јас бев оној најприземниот и најтврдокорниот. Полни со исчекување и внатрешна напнатост, стоевме пред своите инструменти. Стрелката стоеше на нула и можеше да покажува сé до 500 степени во позитивна насока на десно и 500 степени во негативна насока на лево. Пред извесно време со помош на истиот овој апарат го имавме мерено емитирањето на една радио станица, чија програма беше испраќана во етерот со јачина од 50 килохерци. Стануваше збор за порака што веројатно била пренесена низ целата земјина топка. При тоа мерење утврдивме вредност од 9 степени во позитивна насока.
Ни се стори дека на болната ѝ дојде последниот миг. Наеднаш слушнавме како почна да се моли и да Го слави Бога. Го молеше Бога да им прости на сите луѓе што во животот ѝ направиле неправда. Тогаш ја изрази својата цврста вера во Бога со зборовите: ‘Знам дека Ти Си Единствениот сигурен извор на сила за сите Твои созданија и тоа ќе останеш‘. Му благодареше за силата со која Он ја носел целиот нејзин живот, како и за сигурноста што смее да се нарече Негова. Му сведочеше дека нејзината љубов кон Него и покрај сето страдање, никогаш не се намалила. Во моментот кога зборуваше за прошката на своите гревови преку Исусовата жртва, од нејзините зборови одекнуваше неопислива среќа. Најпосле, ја зафати радост при помислата дека наскоро ќе може да Го гледа својот Искупител.
Стоевме потресени пред својот апарат. Веќе и заборавивме дека всушност сакавме да истражуваме. Се погледнавме и притоа не се срамевме од своите солзи. Толку бев трогнат од она што го слушнав, што морав да плачам, како што никогаш уште од детството не сум правел.
Наеднаш, додека жената уште се молеше, слушнавме на својот инструмент некаков тон на постојано удирање. Кога погледнавме, видовме дека стрелката покажуваше 500 степени позитивно и непрестајно удираше на границата од апаратот. Нашите мисли се испреваруваа една со друга. Со техничко мерење сега по прв пат откривме една неверојатна стварност: мозокот на оваа жена на умирање која со молитва беше соединета со Бога разви сила 55 пати посилна од силата на зрачењето на онаа светска радио станица!
Во тој миг почна да се руши мојот атеистички поглед на светот. Стоев пред лицето на сезнајниот Бог. Потполно смешно ми стана моето неверие. Така станав среќен Христов следбеник...“.