Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
@James23 знаеш како сам да си го најдеш одговорот? Претстави си ја целата ситуација. Претстави си ги твоите мислења за девојчево, и нејзините мислења за тебе. Претстави си се што сте правеле вие двајца, значи да нема тајни туку све да е на чисто. Е сега замисли си доколку ти, она, твојата девојка и нејзиниот дечко знаат за сите ваши размислувања, муабети и желби еден за друг. Како секој од вас би реагирал доколку секој го знае секој детал за ситуацијата. Како усмерување, прво прашање што треба да си го поставиш е дали твојата девојка и нејзиниот дечко ќе бидат океј со тоа? Понатака сам терај си со размислувањата и донеси заклучок.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Абе не се лути, али чудно е.
Упорен си и сакаш да ја запознаеш, многу ти се допаѓа ко личност и се тоа, верувам и физички секако, се секираш за тоа и и досаѓаш, дури и на темава си прашал.
Тоа некако ми е многу преокупација ако сакаш само другарка да ти биде.
А од друга страна, викаш дека имаш девојка што ја сакаш и не би ја изневерил.

Како тоа си и праќал песни, поеми и остало, тоа на другарка ли се праќа? :confused:

Значи, не си толку свесен колку што мислиш. Тебе ти се допаѓа девојкава и сакаш да ја запознаеш, а ако ја запознаеш, и се е ко на фб, ти давам рок од најмногу недела дека ќе ја оставиш сегашната девојка. Или ќе прашуваш прво во темава пак, што да правам.

Запознај ја, ете, излези на кафе и запознај ја во живо, другарски секако. Може ништо нема да биде, може ќе излезе баш тоа на кое што ти реков погоре. Но, јас сум да ја запознаеш.
Ти не си проблемов овде. Таа не сака да излезе. Како и што да правиш, за да ја натераш, не знам. Ако едноставно не сака, тогаш не сака и треба да окончаш контакт со неа.

Од страна на девојка ти, јас не знам колку ти мислиш дека е современо, али мој дечко да си пишува на фб со саати со некоја, да и праќа песнички и поеми, да и изразува чувства и да е толку упорен да ја запознае, јас лично ќе му го ослободам патот да ја запознае.
Ми се свиѓа мислењево и баш вакво некаде погоре пробав да му го формулирам, за да сфати.
Да беше работава двацата да се loose ends ќе реков уште поупорен да биде околу градењето на новата врска. Вака... подобро е да излезе да се види со оваа, ама при здрава свест да се повлече. А тоа значи веднаш по првото видување чим чувствата ќе му испливаат на површина, да стави точка.
Мене сеуште не ми е јасно како тоа човек може да се заљуби во нешто што никогаш го нема видено, макар и на Скајп камера. Чисто веќе како што подостарев ни во љубов на прв поглед не верувам можда само crush ефектот кој подоцна би придонел за да се развие некаква љубов.
Пак ќе се повторам за проблемов, ако оваа вади изговори од типот дечко ми не ме пушта, тогаш ништо нема да биде. Пошто као што викаш си и` помагал кога била расплакана/у емотивни проблеми, трт-мрт, значи увелико има причина + за да те запознае. Ама има дебел изговор.
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
На почетокот не бев свесен дека баш ради оваа работа ќе пишам овде на форумов но сепак еве се надевам дека ќе ми биде од корист некој совет. Пред неколку месеци се упознав со една девојка на нет,на почетокот беше се поинаку нели нормално како на секој почеток,после извесен период почнавме подлабок муабет да правиме,одкрив дека има дечко а секако и јас немав намера да кријам дека и јас имам девојка...со девојкава правам муабет до ден денес и ми има оставено многу добар впечаток како и јас на неа,тоа мо го има кажано многу пати до сега. Пред еден извесен период се шокирав од едно нешто што ми го пиша на нет...ми пиша дека сакала да се упознаеме. Јас се согласив на тоа по што и јас сакав да се упознаеме но на некој начин несакав да избрзувам и да го кажам тоа по што и до негде ми беше страв дека ќе ме одбие. Меѓутоа тоа било само една голема желба и не било можно тоа да се случи ради тоа што имала дечко и ради тоа што на некој начин не сакала да прави некои работи зад грб...значи да не ме сфатите погрешно јас лично би сакал да ја упознаам и да бидеме другари и она исто иако и од километар се приметуваат некои други работи помеѓу нас но сепак двајцата сме зафатени и би почитувале некои работи. Одкако ми кажа дека нема да можеме да се видиме ради тоа со дечко и јас после некое време решив да ја прашам дали би сакала да се упознаеме и тоа го направив на еден креативен начин што доведе до многу позитивни зборови од нејзина страна,ми рече дека за некој ден ќе ми одговори...се мислев зошто не ми пишува ??? но одкако ми стигна тоа ѓто ми го пиша бев премногу изнанаден иако крајниот резултат беше ист...неможе да се упознаеме ради тоа што има дечко и дур и се плаши на некој начин. Бидна што биднмнеа ми беше криво што ете пак ме одби на некој начин но кажаните зборови од нејзина страна ме натераа да бидам трпелив и да бидам горд на тоа дека она мене навистина ме цени и сум свесен дека има посебен дел во срцето за мене,на многу пати и ја имам расплакувано во позитивна смисла со некои текстови и песни но...да не го тупам со срцинја,песни и такви работи ми треба совет... Значи знам дека сака да се упознаеме ама на некој начин ете е спречена како што вика и јас истото го сакам ме замолува да не и правам да се осека така виновно и тешко со тоа што ќе ја прашам дали може да се видиме...дали избрзувам со моите постапки за упознавање ? и дали можеби треба да бидам стрплив да помине подолго време и потоа пак да ја прашам ? или пак можеби треба да чекам она да се реши и да ми пише прва на мене да се видиме ? има многу работи што не ги пишав во текстов но сите тие работи се позитивни и укажуваат на две исти особи...би ве замолил за совет и ако може и некоја девојка да ми одговори,значи во глобала што да биде мојот нареден чекор ? фала ви однапред

Мене навистина не ми е јасно, зошто си правите да ви биде тешко на душичката.

Едноставно е, многу едонставно. Никој не те осудува или пак ќе ти суди заради тоа што си го направил, или ќе го направиш.
Еве од моја гледна точка, бидејќи имам девојка.

Она ми е најубавото и најпрекрасното нешто што ми се случило во животот, нешто коешто ми го промени животот за 360 степени, и сигурен сум дека и во твојот случај е така.
Немој да ми кажуваш дека сакаш само да ја запознаеш, и да бидете другари те молам, немој. Најди некој друг изговор, ама само ова не ми кажувај.
Ти пријателе имаш симпатии спрема неа, и си и тоа како свесен, само бараш совет овде од нас, за ние да ти ја оправдаме причината, и да можеш да се запознаеш со неа.
Девојката јасно ти пишала неколку пати, дека не сака да се запознае заради тоа што има дечко, и ти си упорен, а тоа е многу соодветно од нејзина страна, бидејќи не сака да си прави проблеми.
Размисли што сакаш да правиш, и дали ја сакаш девојка ти.
Мој совет. Ако го направиш ова и се запознаеш со неа, ти друже НЕМА ДА ОСТАНЕШ САМО НА ПРИЈАТЕЛСТВО. Тоа ти го гарантирам 100 %, а како камата на сето тоа, ќе си направиш и проблеми во врската.

БАТАЛИ !
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
На почетокот не бев свесен дека баш ради оваа работа ќе пишам овде на форумов но сепак еве се надевам дека ќе ми биде од корист некој совет. Пред неколку месеци се упознав со една девојка на нет,на почетокот беше се поинаку нели нормално како на секој почеток,после извесен период почнавме подлабок муабет да правиме,одкрив дека има дечко а секако и јас немав намера да кријам дека и јас имам девојка...со девојкава правам муабет до ден денес и ми има оставено многу добар впечаток како и јас на неа,тоа мо го има кажано многу пати до сега. Пред еден извесен период се шокирав од едно нешто што ми го пиша на нет...ми пиша дека сакала да се упознаеме. Јас се согласив на тоа по што и јас сакав да се упознаеме но на некој начин несакав да избрзувам и да го кажам тоа по што и до негде ми беше страв дека ќе ме одбие. Меѓутоа тоа било само една голема желба и не било можно тоа да се случи ради тоа што имала дечко и ради тоа што на некој начин не сакала да прави некои работи зад грб...значи да не ме сфатите погрешно јас лично би сакал да ја упознаам и да бидеме другари и она исто иако и од километар се приметуваат некои други работи помеѓу нас но сепак двајцата сме зафатени и би почитувале некои работи. Одкако ми кажа дека нема да можеме да се видиме ради тоа со дечко и јас после некое време решив да ја прашам дали би сакала да се упознаеме и тоа го направив на еден креативен начин што доведе до многу позитивни зборови од нејзина страна,ми рече дека за некој ден ќе ми одговори...се мислев зошто не ми пишува ??? но одкако ми стигна тоа ѓто ми го пиша бев премногу изнанаден иако крајниот резултат беше ист...неможе да се упознаеме ради тоа што има дечко и дур и се плаши на некој начин. Бидна што бидна ми беше криво што ете пак ме одби на некој начин но кажаните зборови од нејзина страна ме натераа да бидам трпелив и да бидам горд на тоа дека она мене навистина ме цени и сум свесен дека има посебен дел во срцето за мене,на многу пати и ја имам расплакувано во позитивна смисла со некои текстови и песни но...да не го тупам со срцинја,песни и такви работи ми треба совет... Значи знам дека сака да се упознаеме ама на некој начин ете е спречена како што вика и јас истото го сакам ме замолува да не и правам да се осека така виновно и тешко со тоа што ќе ја прашам дали може да се видиме...дали избрзувам со моите постапки за упознавање ? и дали можеби треба да бидам стрплив да помине подолго време и потоа пак да ја прашам ? или пак можеби треба да чекам она да се реши и да ми пише прва на мене да се видиме ? има многу работи што не ги пишав во текстов но сите тие работи се позитивни и укажуваат на две исти особи...би ве замолил за совет и ако може и некоја девојка да ми одговори,значи во глобала што да биде мојот нареден чекор ? фала ви однапред
Бидејки бараш совет од девојка еве ке ти дадам најискрен совет кој самиот и си го напишал ,еве ке ти го повторам истото односно дека не треба да ја притискаш да се видите и стрпливо да чекаш да ти пише прво таа и ако ти предложи да се видите тогаш значи ке биде сигурна во тоа ,а тоа ке значи дека веке ги отсранила препреките кои сега ја спречуваат да се согласи да се видите ,а 100 % сум сигурна дека и таа сака да се видите биди сигурен во тоа .Исто сигурна сум дека има тука повеке од чисто пријателство ,вие сте се заљубиле еден во друг и тешко ви да си признаете и поради тоа што се знаете само преку интернет и поради тоа што веке сте во врска и двајцата
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
..дали избрзувам со моите постапки за упознавање ? и дали можеби треба да бидам стрплив да помине подолго време и потоа пак да ја прашам ? или пак можеби треба да чекам она да се реши и да ми пише прва на мене да се видиме ? има многу работи што не ги пишав во текстов но сите тие работи се позитивни и укажуваат на две исти особи...би ве замолил за совет и ако може и некоја девојка да ми одговори,значи во глобала што да биде мојот нареден чекор ? фала ви однапред
Еве на што бараш одговор.
Е сега, бидејќи упорно сакаш да се убедиш самиот дека сакаш само другарска врска, претпостави да се работи за машко. Дали ќе ги имаше истите дилеми?
На другарите им праќаш ли срциња и поеми?
Твојот најголем проблем е што ТИ самиот не си свесен на што си. Девојката е свесна дека ти се допаѓа на поинаков начин, не како другарка. Затоа и избегнува да се сретне со тебе. Што ќе му каже на дечкото? Овој ми е другар, ми пушта срциња и песни по нет, и многу ме разбира, може да му се доверам.:tapp:

Се разбира, може да се сретнете и да исчезне се’. Едно е контакт по нет, друго е во живо.

Сите ние спрегнавме сили да те освестиме, зашто ако продолжиш, допрва ќе имаш проблем.
 
J

James23

Гостин
@MAJA 345 Како прво не се лутам lol,ми се допаѓа многу повеќе како карактер и тоа е најголем дел од причината за излегувањето односно упознавањето,сега ако ти кажам песни дека и немам праќано ќе те излажам така да и имам праќано и и имам праќано како прво да видам како ќе реагира на тоа,тоа со песните само сакав да ја импресионирам и да направам да се чувствува поубаво...Што се однесува до девојка ми,верувај ми дека не сум спремен да ја изгубам и ако би ја изварал после тоа ти гарантирам дека нема да можам да спијам и жив ќе се изедам иако многу луѓе овде викаат дека сум сакал секс со неа или незнам што..

И да те корегирам таа сака да се упознаеме,таа и прва ја повлече работава значи и она го сака истото само што ете ради други причини неможе...веројатно сега за сега
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 20:57 ---
јас сум сигурен дека си заљубен само не си свесен уште за тоа, али нема везе да преминиме на главното
добро еве ќе излезите ќе се запознаете
и кога ќе и кажиш на девојкати дека имаш другарка од нигде никаде
си се запрашал како ќе реагира? или таа ко ќе каже на нејзиниот дечко
и девојкати ќе биди шокирана скрос на скрос и дечкото од девојчето
а како што кажуваш вака јас мислам дека нема да останите како другари

Брат точно е дека сум заљубен ама не така како што велиш туку јас сум заљубен во неа како карактер по што тоа го немам видено во многу девојки...свесен сум дека целата работа е незгодна ама убеден сум дека можеме да бидеме другари,тоа и само го барам
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Брат точно е дека сум заљубен ама не така како што велиш туку јас сум заљубен во неа како карактер по што тоа го немам видено во многу девојки...свесен сум дека целата работа е незгодна ама убеден сум дека можеме да бидеме другари,тоа и само го барам
A у чив карактер си позаљубен, нејзиниот или на девојка ти?
 
J

James23

Гостин
Мене навистина не ми е јасно, зошто си правите да ви биде тешко на душичката.

Едноставно е, многу едонставно. Никој не те осудува или пак ќе ти суди заради тоа што си го направил, или ќе го направиш.
Еве од моја гледна точка, бидејќи имам девојка.

Она ми е најубавото и најпрекрасното нешто што ми се случило во животот, нешто коешто ми го промени животот за 360 степени, и сигурен сум дека и во твојот случај е така.
Немој да ми кажуваш дека сакаш само да ја запознаеш, и да бидете другари те молам, немој. Најди некој друг изговор, ама само ова не ми кажувај.
Ти пријателе имаш симпатии спрема неа, и си и тоа како свесен, само бараш совет овде од нас, за ние да ти ја оправдаме причината, и да можеш да се запознаеш со неа.
Девојката јасно ти пишала неколку пати, дека не сака да се запознае заради тоа што има дечко, и ти си упорен, а тоа е многу соодветно од нејзина страна, бидејќи не сака да си прави проблеми.
Размисли што сакаш да правиш, и дали ја сакаш девојка ти.
Мој совет. Ако го направиш ова и се запознаеш со неа, ти друже НЕМА ДА ОСТАНЕШ САМО НА ПРИЈАТЕЛСТВО. Тоа ти го гарантирам 100 %, а како камата на сето тоа, ќе си направиш и проблеми во врската.

БАТАЛИ !


Интересен одговор не ми е никакво оправдување тоа дека сакам да бидеме само другари,да имав намера да ја варам девојка ми како прво немаше овде да пишам туку како кукавица ќе го направев тоа без никој да знае и никој да не ми кажува што да правам...свесен сум дека би си направил проблеми ако би ми била нешто повеќе од другарка.
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 21:07 ---
Еве на што бараш одговор.
Е сега, бидејќи упорно сакаш да се убедиш самиот дека сакаш само другарска врска, претпостави да се работи за машко. Дали ќе ги имаше истите дилеми?
На другарите им праќаш ли срциња и поеми?
Твојот најголем проблем е што ТИ самиот не си свесен на што си. Девојката е свесна дека ти се допаѓа на поинаков начин, не како другарка. Затоа и избегнува да се сретне со тебе. Што ќе му каже на дечкото? Овој ми е другар, ми пушта срциња и песни по нет, и многу ме разбира, може да му се доверам.:tapp:

Се разбира, може да се сретнете и да исчезне се’. Едно е контакт по нет, друго е во живо.

Сите ние спрегнавме сили да те освестиме, зашто ако продолжиш, допрва ќе имаш проблем.


Па муабетот ми беше да се сретнеме па после тоа ако исчезне се нека исчезне,нормално ако не е таква каква што се претставува,признавам дека целата работа е комплицирана и ризична ама еве кога сакам да ја видам што да правам ? неможам да земам да се утепам
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 21:11 ---
A у чив карактер си позаљубен, нејзиниот или на девојка ти?

За да заклучиш каков карактер има мора прво да се видиш и да се упознаеш со неа...според ова што ми го пишува нејзиниот карактер се поклопува со мојот за да се дружиме да бидеме другари. Има разлика помеѓу карактерот на девојка ми и карактерот на девојкава пример кај девојка ми има работи кои што нејкам да ги има а кај оваа ги нема тие работи и секако обратно во секој случај ќе ја ставам девојка ми прва
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
@James23
Мислити, срати и цвече брати, не е исто. Така да и ова кај тебе што мислиш дека таа сака да се видите, може да се кладам дека не е исто. Сега откако го прочитав последниов пост се` повеќе ме влече оноа што другите ти го спомнаа - не си играј играчки за да си навлечеш поголем проблем со тековната девојка, освен ако стварно ви иде. Тогаш батали ја твојата и види се со оваа.
Но тука е факторот нејзиниот дечко. Не тој сам како личност, туку како појава во нејзиниот живот. Таа си го сака него. Пошто да не го сакаше и да сакаше да биде со тебе, ти ќе немаше проблем. Ако се сака нешто повеќе, секогаш се наоѓа начин. Највеќе девојките го знаат тоа.
За едно кафе не знам колку би делувало. Може да биде добра идеја откако ќе се запознаете, да ја видиш реалната слика. Може поради идејата - девојка да се разочараш. Во секој случај нема светла иднина во ова. Пријателство после толку зближување и делење на емотивни моменти (макар виа текст и музика), не резултира кон долгорочно пријателство, туку кон трескање на главата од ѕид. И тоа секој пат кога ќе се сетиш на неа. Пошо тоа се вика виртуелно зближување кое не е зближување со реалната слика туку со идејата на девојката.
Само замисли се вака: дали некогаш си се нашол пред девојката и сте имале караница? Не мора да е нешто сериозно. Но еве пошо викаш дека не си ја ни видел во живо, како ќе дојде до конфликт кој рака на срце е еден од главните двигатели во врската? КАко ти ќе си го заштитиш својот став во таа ситуација? Да премолчиш и продолжиш? Она прво што ќе помисли е дека си маж без муда. И ќе те контролира. Или од друга страна ќе те исфрли. Нема да има некој респект кон тебе. Компромиси се добри, но исто е важно тоа дека жената е створена за да го менува мажот. Но не да го смени.
Ај доволно ти попував, со оваа види ако стварно не издржуваш барем еднаш види се, но после тоа катанец. Освен ако си имаш проблем со претходната и тогаш прво раскини па фаќај ја оваа. Ако оваа се сложи, that is.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
@MAJA 345 Како прво не се лутам lol,ми се допаѓа многу повеќе како карактер и тоа е најголем дел од причината за излегувањето односно упознавањето,сега ако ти кажам песни дека и немам праќано ќе те излажам така да и имам праќано и и имам праќано како прво да видам како ќе реагира на тоа,тоа со песните само сакав да ја импресионирам и да направам да се чувствува поубаво...Што се однесува до девојка ми,верувај ми дека не сум спремен да ја изгубам и ако би ја изварал после тоа ти гарантирам дека нема да можам да спијам и жив ќе се изедам иако многу луѓе овде викаат дека сум сакал секс со неа или незнам што..

јас сум заљубен во неа како карактер
Ти си скроз заљубен, штом си заљубен во карактер.
Дај барем признај си го тоа, биди си искрен сам кон себе.
Во ред е, си се заљубил во друга, таа друга не е девојка ти, јбг, се дешава.
Но, или најди се со оваа, па види што и како, или прекрати контакт одма.
Преиспитај се и за девојка ти што треба да правиш, оти не ми изгледа дека си заљубен во неа, туку само онака ја држиш ко украс.
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Интересен одговор не ми е никакво оправдување тоа дека сакам да бидеме само другари,да имав намера да ја варам девојка ми како прво немаше овде да пишам туку како кукавица ќе го направев тоа без никој да знае и никој да не ми кажува што да правам...свесен сум дека би си направил проблеми ако би ми била нешто повеќе од другарка.
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 21:07 ---


Пак ќе ти кажам. Никој не те осудува, ниту пак ќе ти суди.

Јас да сум на твое место, не би комплицирал толку.

Ама пак, зошто да е едноставно, кога може комплицирано.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
За да заклучиш каков карактер има мора прво да се видиш и да се упознаеш со неа...според ова што ми го пишува нејзиниот карактер се поклопува со мојот за да се дружиме да бидеме другари. Има разлика помеѓу карактерот на девојка ми и карактерот на девојкава пример кај девојка ми има работи кои што нејкам да ги има а кај оваа ги нема тие работи и секако обратно во секој случај ќе ја ставам девојка ми прва
Мм... не ми држи вода ова многу. Сеа очигледно карактерот на оваа другава повеќе ти се свиѓа, не е можно да ти бидат точно балансирани. Ако беше така немаше ни да размислуваш за другава, ќе знаеше дека девојка ти ти е доволна. Затоа ти викам, ти малце ми делуваш како да си открил нешто ново и сметаш дека ова може да ти биде поубаво, али ипак преку оправдувањето дека нејќеш да вараш (ти верувам дека нејќеш патем), ти уствари си градиш една од нив да ти биде резерва. Ако девојкава и во живо е стварно таква како што мислиш, евентуално таа ќе ти се присвиѓа повеќе од девојка ти. А тоа ако се деси ќе бидеш ставен во ќош, може да дојде до ситуација кај што нема да сакаш да и раскинеш на девојка ти пошто веќе ти е убаво со неа, а од друга страна ќе сакаш нешто друго пошто ќе сакаш да ти биде поубаво. Ова може лесно да те доведе до варање. Иако е нефер сеа да збориме што би можело да се случи, сепак мора ваквиве работи да ги размислиш пред да правиш нешто. Не пробувам да сугерирам на ништо, али искрено од све ова што кажа досега, ваквава ситуација ти е најверојатно да ти следи.
 
J

James23

Гостин
Ти си скроз заљубен, штом си заљубен во карактер.
Дај барем признај си го тоа, биди си искрен сам кон себе.
Во ред е, си се заљубил во друга, таа друга не е девојка ти, јбг, се дешава.
Но, или најди се со оваа, па види што и како, или прекрати контакт одма.
Преиспитај се и за девојка ти што треба да правиш, оти не ми изгледа дека си заљубен во неа, туку само онака ја држиш ко украс.

Незнам како може да се заљубам во некоја кога не ја познавам лично...мислам ептен безвезе некако се осекам незнам како да опишам, и ако не се упознаам со неа незнам што ќе направам мислам дека ќе мрднам налет се нека оди само да се упознаеме сакам,несакам да ја варам девојка ми,премногу градев за се вака да се заврши...
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Незнам како може да се заљубам во некоја кога не ја познавам лично...

Заљубен си во сликата за нејзе, тоа е уште пострашно. Заслепувачки делува.
 
J

James23

Гостин
Што е најлудо она ми вика...се плашам дека ако те видам еднаш дека ќе сакам да те видам после пак...
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 22:09 ---
Мм... не ми држи вода ова многу. Сеа очигледно карактерот на оваа другава повеќе ти се свиѓа, не е можно да ти бидат точно балансирани. Ако беше така немаше ни да размислуваш за другава, ќе знаеше дека девојка ти ти е доволна. Затоа ти викам, ти малце ми делуваш како да си открил нешто ново и сметаш дека ова може да ти биде поубаво, али ипак преку оправдувањето дека нејќеш да вараш (ти верувам дека нејќеш патем), ти уствари си градиш една од нив да ти биде резерва. Ако девојкава и во живо е стварно таква како што мислиш, евентуално таа ќе ти се присвиѓа повеќе од девојка ти. А тоа ако се деси ќе бидеш ставен во ќош, може да дојде до ситуација кај што нема да сакаш да и раскинеш на девојка ти пошто веќе ти е убаво со неа, а од друга страна ќе сакаш нешто друго пошто ќе сакаш да ти биде поубаво. Ова може лесно да те доведе до варање. Иако е нефер сеа да збориме што би можело да се случи, сепак мора ваквиве работи да ги размислиш пред да правиш нешто. Не пробувам да сугерирам на ништо, али искрено од све ова што кажа досега, ваквава ситуација ти е најверојатно да ти следи.

Се надевам нема да се искомплицира и се надевам дека ќе се упознаеме и дека се ќе тече како што е сега,јас со девојка ми она со дечко и
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 22:10 ---
Заљубен си во сликата за нејзе, тоа е уште пострашно. Заслепувачки делува.

Знам можеби и не е така иако ми го има више тоа кажано дека во живо многу повеќе би се срамела и не би правела толку отворен муабет како на нет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom