Студирање во странство

Член од
14 октомври 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Me interesira kolkavi se trosoci vo Ljubljana od kolku do kolku.I kolku moze da se zaraboti preku studentska organizacija.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
3
Дали сте запознаени дали сеуште ги има стипендиите за 100те најдобро рангирани факултети?. Проверував на официјалната страница, ги имаше само стипендиите за фини уметности.
Исто така ме интересира за студирање математика во некои од европските земји, но на англиски јазик, досега како што видов има само стипендии до 30%?
 
L

Luki Junior

Гостин

Не се мачи со такви грешни прикаски од владата. Ако имаш пари оди студирај сам. Ако не, не си турај јамка на врато. :)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
аплицравте ли некои на конкурсов што го објави австралиската влада ?! http://futureunlimited.com.au/
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
The competition is now closed.

Најверојатно требасе да се аплицира многу порано.
точно
затоа прашав дали аплицирал некој навреме
 
Член од
9 мај 2012
Мислења
10
Поени од реакции
0
Дали знае некој нешто повеќе за стипрндии за посдипломски студии во Словенија, поточно за економски науки?
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 03:17 ---
Дали знае некој нешто повеќе за стипендии за посдипломски студии во Словенија, поточно за економски науки?
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Дали знае некој како се аплицира на некоја од академиите/факултетите во САД :)?
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Дали знае некој како се аплицира на некоја од академиите/факултетите во САД :)?
Најди си го факултет кој сакаш да го учиш и на неговата веб страна мора да постојат информации за интернационални студенти.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Најди си го факултет кој сакаш да го учиш и на неговата веб страна мора да постојат информации за интернационални студенти.
иако барав порано ама сега најдов.. фала Blue :)
 
Член од
5 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Тука ти се наведени сите потребни документи кои треба да ги приложиш во амбасадата во Скопје за да добиеш виза:
http://www.skopje.diplo.de/contentblob/456886/Daten/2095806/Studium.pdf

Инаку зависи каде и на кој универзитет сакаш да студираш, бидејќи секој универзитет има различни правила и рокови за прием на странски студенти. На некои универзитети се плаќа партиципација, а на некои не. Исто така зависи што сакаш да студираш. Има некои смерови кои примаат ограничен број на студенти. За нив мораш да конкурираш и да чекаш резултати дали воопшто ќе те примат. Можно е и да полагаш приемен тест. Смеровите кои примаат ограничен број на студенти обично се обележани со NC (Numerus clausus). За останатите смерови кои не примаат ограничен број на студенти треба само да ги исполниш условите за прием на факултетот и веднаш добиваш место без претходно да конкурираш.
За да те примат на некој факултет мораш да имаш претходно положено тест за познавање на германски јазик, т.е. DSH (сведителство за германски јазик за прием на универзитет) или TOEFL ако смерот се студира на англиски.
Ако имаш некое поконкретно прашање пиши!
Јас имам прашање. Трета сум знам дека ми е рано, но подобро порано отколку покасно и што се однесува до мојата информираност, можам да кажам дека е на левел 0 па ако може да ме просветли некој.
Ќе напишам што ми е на располагање и ќе поставам некои прашања па се надевам ќе ми одговориш ти или некој трет, било кој што знае.
Германски знам се', цел јазик го знам, тоа нема да ми претставува проблем. Во врска со тоа знам дека некој тест треба да се полага, па ако може и нешто повеќе околу тоа. Германија сакам конкретно во Штутгарт зошто таму имам тетка, па и Вујко ми иде таму на факултет, колку да не сум сама на почетокот да можам да се снајдам. Немам некоја определена област на која сакам да студирам, само ме интересира какви се и кои се факултетите во тој град. Ако има нешто везе гимназија сум, смер природно математички Б. Што се однесува до буџетот, добро ми звучат овие факултети што биле по 100-200 евра по семестар и малку поскап да е не е проблем, планирам да работам и студирам истовремено. А,да, и како да аплицирам во конкретниот факултет :pipi:
Фала однапред :)
 
jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423

За да можеш да студираш на германски универзитет треба да имаш положено тест. Најпознати се Test DaF и DSH.
Test DaF можеш да го полагаш во Гете институт или некој јазичен центар. За да те примат на факултет треба да имаш во сите 4 области (читање, пишување, слушање, зборување) најмалку оценка 4. Највисока оценка е 5. Не е дозволено да имаш на пример во областа читање оценка 3, а сите други да ти се 4 или 5. Значи во сите области најмалку 4. Тестот трае во еден ден и се се одвива со помош на компјутер. Значи делот за зборување ти е исто со компјутер, ти даваат слушалки со микрофон и сите вежби ги правиш компјутерски. Еве ти линк: http://www.testdaf.de/teilnehmer/tn-info_ueberblick.php

DSH (Deutsche Sprachprüfung für den Hochschulzugang) се полага исклучиво на германски универзитет. Треба да имаш завршено B2, за да можеш да го полагаш т.е. да можеш да се пријавиш. Првен се полага писмен дел. Ако го положиш писмениот дел, одиш една недела подоцна на усмен дел пред комисија од двајца испитувачи. Цената е околу 110 евра, зависи од универзитет до универзитет. Треба да положиш со DSH-2 за да можеш да студираш. Највисока е DSH-3, а со DSH-1 не можеш скоро ништо да студираш.

За да аплицираш на одреден факултет треба да се обратиш до службата за странски студенти од не-ЕУ земји. Секој факултет ја имаа таа служба, се вика International Office т.е. Akademisches Auslandsamt.
А за кои факултети ги има во Штутгарт, не знам. Провери на интернет штом немаш проблеми со германскиот јазик.
http://www.hochschulkompass.de/hochschulen.html
 
Kajgana Shop

На врв Bottom