- Член од
- 1 февруари 2007
- Мислења
- 13.039
- Поени од реакции
- 2.270
Вигенин до Ахмети: Договор, па поддршка за ЕУ
http://24vesti.mk/vigenin-do-ahmeti-dogovor-pa-poddrshka-za-euДоговорот за добрососедство е еден од елементите од кои зависат следните чекори во евроинтеграцијата на Република Македонија, заедно со реализација на внатрешни реформи, порачал шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин, на денешната средба со лидерот на ДУИ , Али Ахмети во Софија.
Паралелно, Вигенин сугерирал дека е важно да се спроведат заеднички иницијативи, кои да ја зголемат довербата меѓу двете земји.
Според соопштението на бугарското МНР, Ахмети порачал дека за сите отворени прашања треба да се седне и да се разговара „бидејќи само кога ќе започне дијалог може да има и компромис, кој ќе доведе доведе до решение на проблемите“.
Ахмети во Софија ќе се сретне и со бугарскиот премиер, а ќе има предавање за Балканските војни и во Дипломатскиот институт на бугарското МНР, прилика, која досега ја немал ниту еден македонски претставник.