Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Zaso dobiva olku hejt filmov? Dobar e.
Не знам. Добар е, ама само добар. Има приказна за повеќе. Ми се допаднаа некои од актерите, главниот негативец и Спајдер, дечкото одглуми топ. Како фан на дистописки филмови, не можам да хејтам ваков филм. Само еден дистописки филм имам хејтано, In Time, тој филм беше неподносливо искуство.
 
Елисиум е супер филмче, после WWZ ми е на листа за блокбастери годинава.
 
Escape Plan (y) олд скул филмче со одлична соработка меѓу Сталоне и Шварценегер и Џим Кавизел како многу добар негативец. Добар е за опуштање и забава.
 
Escape Plan (y) олд скул филмче со одлична соработка меѓу Сталоне и Шварценегер и Џим Кавизел како многу добар негативец. Добар е за опуштање и забава.

Го има на убава слика?АКо си го нашол пушти линк ПП
 
Getaway - Солидно филмче, целиот филм минува во автомобил. Одлична глума. @Someone фала ти што ми го препорача. 7/10
 
The Broken Circle Breakdown

прекрасен филм! Дефинитивно еден од најдобрите годинава, со прекрасна bluegreass музика. Белгиско/холандски филм. Едно здраво осмиче. :love:
 
Абе го глеав вчера многу касно и ме мрзеше да разглабам детали.. REAR WINDOW
Со црвено ќе биде мојата претпоставка за дешавката..
1. Каде беше убиената жена на тој дебелиот комшија? ја имаше дел по дел ставано во тој куферот кога излагаше навечер во 3 саат?
2. Зашто на последната сцена двете нозе на главниот лик му беа во гипс а на другата нога немаше повеќе изгравирано тоа "here lie the broken bones of jeff"? Пак ги скршил двете нозе кога падна од терасата и гипсовите му биле заменети?
3. Како тоа на последната сцена кучето на комшиите карши им беше живо кога тој претходно го задави? ново куче? лол
4. Што имаше закопано дебелиот таму кај цвеќињата и зашто таа масажерката на последната сцена му даде таков поглед на детективот кога ја праша "сакаш конечно да видиш што имаше закопано?" и после одби да види.. нешто може е вмешана?

Anyone? :/
 
Конечно, после долго време меинстрим романтична комедија, која ми се допадна. Ок ,тука не спаѓа Before Midnight се разбира.

Сите филмови кои го обработуваат меѓучовечките односи на поинаков начин, без премногу клишеа, и обиди да се остави публиката задоволна само заради да се наполнат касите или на кратко да се задоволи вкусот на просечниот гледач, за мене вредат да бидат препорачни. Сакам различни филмови, филмови кои не се плашат да се дистанцираат од океаните на веќе видено сценаријата, Drinking Buddies е дефинитивно таков. Романтичари, you're gonna like this.

П.С. Обработката на каратерите, не е сјајна, онака лабав филм, во кој не внесов премногу мисла....може и таков ден да ми се погоди, незнам :)

П.П.С. Ќе заборавев, типот од New Girl, Jake Jоnson, уствари можел да глуми....кој би помислил на тоа? :D
 
About Elly одлично филмче. Ќе им се допадне на сите кои сакаат филмови со мала актерска екипа на една локација. Неизвесноста расте од минута во минута и во еден момент чувството е дека си дел од сето тоа и се обидуваш да ја разрешиш мистеријата и да пронајдеш завршница која ќе биде што побезболна за сите. Убаво направено. Фала О Ти со албумот на Колдплеј.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom