Мавам ниско кога гледам аура на хипокризија. Кога се работи за телема, не е океј да се нарече метафизика или научна фантастика, но кога се работи за нешо друго, ете во овој случај, мене може лично ме тангира, тогаш се чини е дозволено.
Ај од Ipsi очекував до некаде, ама од тебе не. Затоа мавам ниско
.
Кога не било ок телема да се нарече било што и од каде телема сега? Тебе анархијата, ставовите на останатите за анархијата, ако те тангираат лично тоа е твој ишју. Мене на пример, лично не ме тангира ако некој зборува било што против телемата освен ако тоа не е провокација или навреда насочена кон мене како индивидуа а не како телемит или поддржувач на филозофијата на Телема.
Ти изгледа правиш целосна идентификација на персоната со одредена идеологија без да ја разгледаш нејзината спротивност па затоа можеби мојот став си го сфатил лично.
Во прилог ќе постирам интересен дел кој ми се виде вреден за преведување од Господинот ГосподинотЈунг:
...Ми стана доволно јасно дека само таму каде што лежи разликата во потенцијалот, се води нишката на животот. Но нема енергија таму каде што не постои спротивниот пол, затоа мора да се пронајде спротивноста на свесно заземениот став. Интересно е да се види како оваа компензација на спротивностите ја играла својата улога во историјата на теориите на неврозата: Фројдовата теорија го застапува
еросот, Алдеровото сфаќање, меѓутоа, моќта. Логичката спротивност на љубовта е омразата или на еросот стравот (фобијата), психолошки тоа е, меѓутоа, волја за моќ. Таму каде што владее љубовта, таму нема волја за моќ, а таму каде е волјата за моќ првенствена, таму недостасува љубов. Едното е сенка на другото. Оној кој стои на ставот на еросот, неговата компензаторна спротивност е волјата за моќ. Меѓутоа, тој што ја нагласува моќта, неговата компензација е еросот. Посматрано од поедноставно гледиште на свесниот став,
Сенката е помалку вреден дел на личноста и со тоа потисната со интензивен отпор. Но потиснатото мора да биде приведено во свеста како би дошло до енергетски напон, без кој не е можно понатамошно движење. Свеста во некоја рака е горе, Сенката долу, а како висината секогаш се стреми кон длабочината, топлото кон ладното, така и ваквата свест, можеби и не забележувајќи, ја бара својата несвесна спротивност, без која е осудена на стагнација, застој и фиксираност. Животот може да се распламти само на спротивностите...
А сега да се вратиме на анархијата а не на личните недоразбирања.
Ништо лично Господине Господине Шкорпион, ниту пак намера за омаловажување на личното
П.С. Текстот истовремено ја објаснува различноста како нужен двигател, кој пак, дава каква таква смисла на животот, а кое, мене како личност а не како телемит ми има совршена логика