Анархија

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
За мене би било самиот успех, дека нешто имам постигнато, завршено, или дека сум направил некој придонес. Дополнителна мотивација не ми треба. За другите не можат да зборам во нивно име. Мора да имам награда на крај некаква? Не сфаќам? Медал? Ти реков и претходно, бидејќи размислуваш во капиталистички рамки, затоа и не можеш да сфатиш како би постоел друг мотиватор освен тој кој што е сега, кој само затоа што произведува одредени резултати (не на глобално ниво нели, а и последиците од истото), и демек нема потреба да се менува. Волонтерството никој не го наградува, па пак луѓе го прават тоа, многу од нив и по цел живот трошат на волонтирање.
Овој одби и награда од милион долари :coffee:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Прочитај го погоре саркастичниот пост на @Raziel. Е саркастичен, меѓутоа ја доловува суштината. Прашањето е сосем на место поставено. Значи прашањето е: Кој е мотивот еден талент да се изгради во врвен кошаркар, да го даде максимумот од себе. Едноставно qr ќе го боли дали дал максимум или не, да не се повторувам со Разиел натаму какво значење ќе има секој натпревар и што за поразениот и што за победнкот. Нема мотив. Ете нека не се парите, што тогаш? Урамниловката е добра на хартија но во пракса не функционира.

Пак ќе кажам. Ако без парите нема мотивација, нека идат нека се убијат. Крај. Нема да полемизирам за истото повеќе.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.928
Поени од реакции
12.502
Парите го стимулираат егото и ја задеваат волјата за моќ, парите се само надворешна/материјална, храна, енергија за задоволување на претходниве две.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
За мене би било самиот успех, дека нешто имам постигнато, завршено, или дека сум направил некој придонес. Дополнителна мотивација не ми треба. За другите не можат да зборам во нивно име. Мора да имам награда на крај некаква? Не сфаќам? Медал? Ти реков и претходно, бидејќи размислуваш во капиталистички рамки, затоа и не можеш да сфатиш како би постоел друг мотиватор освен тој кој што е сега, кој само затоа што произведува одредени резултати (не на глобално ниво нели, а и последиците од истото), и демек нема потреба да се менува. Волонтерството никој не го наградува, па пак луѓе го прават тоа, многу од нив и по цел живот трошат на волонтирање.
Да, секоја акција мора да има цел. И целта секогаш е зголемување на моќ. Во капитализмот моќта е претежно (иако, не целосно) поврзана со пари. Доколку парите ги снема нешто друго ќе биде мерило за акумулирана моќ. Анархизмот поим нема како да одговори на потребата од моќ. Анархизмот верува дека би ја искоренил, исто како дете кое верува дека Дедо Мраз ќе му донесе поклон ако е добро.

Луѓето што волонтираат, особено тие што цел живот го имаат поминато во волонтирање или имаат неисполнет социјален живот, или доживеале некоја тешка траума, ама тоа нема никаква врска со темава.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Пак ќе кажам. Ако без парите нема мотивација, нека идат нека се убијат. Крај. Нема да полемизирам за истото повеќе.
Добро бре мајку му. Прво смири топка, правиме муабет, нема потреба од жестина. Второ јас не спомнав пари. Прашав кој е мотивот.
Ај вака да ги поставиме прашањата.
Дали во светот има анархистички комуни? Има.
Дали од тие комуни некој врвен научник излезе? Дали некој врвен спортист, уметник, глумец....? И зошто не?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Добро бре мајку му. Прво смири топка, правиме муабет, нема потреба од жестина. Второ јас не спомнав пари. Прашав кој е мотивот.
Ај вака да ги поставиме прашањата.
Дали во светот има анархистички комуни? Има.
Дали од тие комуни некој врвен научник излезе? Дали некој врвен спортист, уметник, глумец....? И зошто не?
Еј, ќути за врвните научници, уметници па и спортисти....од Македонија сме :pos:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Знаев дека ќе маваш ниско па затоа го спомнав Адлер. Психологијата не е наука?
Еве Бичот Божји ја следи темава, подобро ќе ти одговори зошто не е. Или чекај, @RogerBacon може исто така :).

Мавам ниско кога гледам аура на хипокризија. Кога се работи за телема, не е океј да се нарече метафизика или научна фантастика, но кога се работи за нешо друго, ете во овој случај, мене може лично ме тангира, тогаш се чини е дозволено.

Ај од Ipsi очекував до некаде, ама од тебе не. Затоа мавам ниско :).
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 20:04 ---
Луѓето што волонтираат, особено тие што цел живот го имаат поминато во волонтирање или имаат неисполнет социјален живот, или доживеале некоја тешка траума, ама тоа нема никаква врска со темава.
Ова е ко, сите црнци имаат пенис поголем од 9 инча, или сите французи не знаат англиски. Има некоја солидна научна основа ова трвдење или онака го лупна?

Добро бре мајку му. Прво смири топка, правиме муабет, нема потреба од жестина. Второ јас не спомнав пари. Прашав кој е мотивот.
Ај вака да ги поставиме прашањата.
Дали во светот има анархистички комуни? Има.
Дали од тие комуни некој врвен научник излезе? Дали некој врвен спортист, уметник, глумец....? И зошто не?
Не, не правиме муабет, туку ме вртиш во кругови. Јас не сум ти оние од Религија па до недоглед за истото да ломотам назад-напред. Валцери не сакам, и самиот знаеш.

Ако го посвоиме тој модел, треба паганизмот на Хитлер да стапи на сила. Тогаш најпрестижните умови биле изградени да му служат. Но преку раснење во култови.

A за комуниве, оди бе прашај ги ако те интересира? Што мене ме прашуваш? Можам разни причини да ти дадам ама ниедна нема да биде валидна дур на лице место не се направи некое истражување/анализа.
 
A

AnFem

Гостин
Парите покажуваат дека се одличен мотиватор. Ти тврдиш дека не мора да бидат, јас те прашувам тогаш што е замената. Не е толку комплицирано, батали го капитализмот, кажи што ќе биде мотиватор во анархија.
Тоа што ме мотивира и мене да станам експерт во правење накит(а при тоа не добивам ни денар за тоа).
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Тоа што ме мотивира и мене да станам експерт во правење накит(а при тоа не добивам ни денар за тоа).

Џабе им објаснуваш, сега и тебе ќе те направат нетачна. На волонтерите им фалело нешто, виде ли? Што уште нема да прочитам на форумов. Ме изненади што од Bastard дојде, да дојдеше од духовниов водач ќе се смеев само.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ова е ко, сите црнци имаат пенис поголем од 9 инча, или сите французи не знаат англиски. Има некоја солидна научна основа ова трвдење или онака го лупна?
Го лупнав онака. Гледам луѓе кои волонтираат и лупам. Не сум по науката.
Тоа што ме мотивира и мене да станам експерт во правење накит(а при тоа не добивам ни денар за тоа).
Имам и јас такво нешто. Хоби го викам, и го правам кога ми е досадно. Некои ми алудираат дека било мегаломанија. :(
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Тоа што ме мотивира и мене да станам експерт во правење накит(а при тоа не добивам ни денар за тоа).
Некој од членовиве тука рече дека љубовта кон кошарката требало да биде мотив за некој да стане професионален кошаркар, без да понуди алтернативна (материјална или којзнае каква) компензација која би го мотивирала тој кошаркар да се труди. Океј.
Тој накит за ти да го направиш, некој треба да се пикне под земја и да го ископа како суров материјал. Да се изложи себеси на ризик, да оболе, да остане инвалид на неполни 50.
Ќе му требаат огромни резерви на љубов. :D
 
A

AnFem

Гостин
Џабе им објаснуваш, сега и тебе ќе те направат нетачна. На волонтерите им фалело нешто, виде ли? Што уште нема да прочитам на форумов. Ме изненади што од Bastard дојде, да дојдеше од духовниов водач ќе се смеев само.
Не видов(прочитав две испуштени страни и не ми треба повеќе) и не им објаснувам. Нека гуглаат, нека читаат поназад... Немам јас време да ја просветлувам секоја будала поединечно, освен тоа, имај во предвид дека на темава налетуваат неспособни, авторитарци, слуги, паразити...
Во време на револуција проблемот со оваквите го решавале со пушка, не седеле да ги убедуваат и просветлуваат. :icon_lol:
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 20:23 ---
Некој од членовиве тука рече дека љубовта кон кошарката требало да биде мотив за некој да стане професионален кошаркар, без да понуди алтернативна (материјална или којзнае каква) компензација која би го мотивирала тој кошаркар да се труди. Океј.
Тој накит за ти да го направиш, некој треба да се пикне под земја и да го ископа како суров материјал. Да се изложи себеси на ризик, да оболе, да остане инвалид на неполни 50.
Ќе му требаат огромни резерви на љубов. :D
Ти, пер зошто читаш книги? Не оние од факултет, него оние кои сам избираш да ги читаш.
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 20:31 ---
Имам и јас такво нешто. Хоби го викам, и го правам кога ми е досадно. Некои ми алудираат дека било мегаломанија. :(
Кај мене не е само хоби, со денови сум седела подгрбавена, мачејќи се да научам некоја нова техника. Си чул за самонадградба? Тоа би требало да ти е мотивација! Љубовта кон нештото треба да ти е мотивација! Ти си обична ситна душа ако се мотиираш само ради пари.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не, не правиме муабет, туку ме вртиш во кругови. Јас не сум ти оние од Религија па до недоглед за истото да ломотам назад-напред. Валцери не сакам, и самиот знаеш.

Ако го посвоиме тој модел, треба паганизмот на Хитлер да стапи на сила. Тогаш најпрестижните умови биле изградени да му служат. Но преку раснење во култови.

A за комуниве, оди бе прашај ги ако те интересира? Што мене ме прашуваш? Можам разни причини да ти дадам ама ниедна нема да биде валидна дур на лице место не се направи некое истражување/анализа.
Не драпај сега жити се, таков однос од тебе не очекувам. Ако сакаш сподели мислење, ако не прекокни ме и не ме цитирај. Ти дадов пример дека без соодветна мотивација се раѓаат медиокритети, да.... добро реков, се раѓаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom