Ај така нека е. Не ми го разбра прашањето или немаш одговор?
И Петре Трајановски (некој си хипотетички анонимус) има љубов кон кошарката ама ни 5% го нема ни тој талент ни знаење ни упорност како Леброн. И сега ти кажи ми каква кошарка сакаш да гледаш повеќе. со 10 души ко нашиов анонимус или со 10 души ко Леброн, Кобе.....?
Koшаркава е супер пример за лаичка деконструкција.
-Во тоа хипотетичко првенство не смее да постои прва лига, втора лига, трета лига(вертикала, пирамида) на љубовта кон кошарката. Треба да има едно првенство со сите тимови кои имаат желба да се докажат. Ако не се направи ова у старт, ќе го сигнализира почетокот на нерамноправноста.
Понатаму може да се определи системот на натпреварување, да не им се соберат по 8000 натпревари во сезона.
-Сите да бидат подеднакво компензирани. И Павле Шутогрбов и Леброн Џејмс.
-Стадионите ќе треба да се срушат, сите до последен, затоа што заговараат селективност и создаваат проблем. Секогаш има повеќе обожаватели надвор од стадионот од тие внатре. Зошто Трпе да го гледа натпреварот во живо, а јас не? Дури и да не се наплаќа влезница, пак некој ќе остане надвор оти ќе нема место. Ќе биде обесправен.
Тие што ќе ги рушат стадионите ќе бидат луѓе со голема љубов кон деструкцијата, па кога ќе завршат работа, ќе можеме на купче да ги собереме и обезглавиме, за утре да не им текне на своја рака да уништуваат колективен имот.
-Кога Леброн преку тројца ќе забие, никако аплауз. Аплаузот ќе му даде кураж да мисли дека е подобар од останатите, ќе почне и тој да крека дека е обесправен и дека заслужува најмалку десет пати повеќе од Павле Шутогрбов. Значи, штама.
Не знам што да правиме со бодувањето. Ако натпреварите не се ревијални и постои бодување, некој ќе треба да освои прво место. Тој некој тим да биде победник, а останатите губитници. Тоа, понатаму, од колективниот момент може да се рефлектира на индивидуално поле, па желбата за победа на еден врз друг да се радикализира.
Ќе се среди, чекор по чекор. Ако има желба и љубов, ќе има и начин.