Не му е поентата дека таму е подобро, туку дека тие побрзо ќе влезат од Македонија во ЕУ.Македонија има премногу проблеми за да биде примена во ЕУ, така да мислам дека влезот на Македонија во ЕУ нема да биде остварлив.Единствен спас за оваа држава е економијата да биде подобрена, ама премногу доцна е фатен и тој воз и доста малку се прави на тоа поле.А реалноста е дека ни е потребен влезот во ЕУ, зошто вирусот кој си го донесовме од соседните држави притиска сè повеќе и повеќе на тоа да се осамостои, па не би ме чудело ако за десет години се најде некое решение за отцепување на еден дел од државава......Единствен спас е ако се влезе во унијата, ама искрено, ако некогаш се растури и унијата тогаш овие фактори пак ќе притиснат за да си ги остварат своите права.Македонија направи историски грешки од независноста па наваму, потпишавме продавање на сопствената држава, згора на тоа дозволивме да тоне економијата, и затоа денеска сме онаму каде што сме, а другите кои беа три децении поназад од нас, сега се три децении понапред од нас.А што е најтрагично, на нас за првпат ни беше пружена шансата да направиме нешто, сопствена држава, и на крајот не успеавме, ај можеби во наредните шестотини години, ако остане нешто од нас....