[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Процедурално прашање, Оти јас ко победив на натпреварот (море два да не беа??) не поставив задача за готвење ?? Зошто ми беше мене ускратено тоа елементарно човечко право? Зарем и ние што сме паметни убави секси начитани елоквентни бистри духовити, ентелигентни, вредни ...не сме луѓе??
 
Правилото за победникот да клаи нов рецепт за готвење следната недела беше воведено подоцна во натпреварот. Ти кога тепаше, тоа правило уште го немаше. Ајде сега Летко, готви Цезар салата, тепај и турај рецепт за готвење.
 
Епа стварно не сте фер ,јас љупев компири ,пржев ,декорирав и сеа седнувам да ги ставам сликите гледам не е помфрит:(:mad:
Сликај и чувај ги сликите. Кад тад, ќе дојде помфритот на ред. :)
 
РЕЦЕПТ ЗА ОВАА НЕДЕЛА ЦЕЗАР САЛАТА

80 грама Зелена салат
100 грама Мајонез
60 грама Пилешко
1 кришка леб
20 грама Краставица
30 грама Домат
30 грама Блага павлака
20 милилитри Brandy
Црн пипер
зачин
Магдонос
Оцет
Маслиново масло

Исецкајте ја зелената салата и сервирајте во длабока чинија. Пилешкото филе исечете го на коцки и ставете во тава со загреано масло да се пржи. Потоа се промешува, па се зачинува со вегета и црн пипер. Кога ќе се пропржи пилешкото, извадете го на чинија и го оставете да се олади.
Лебот го исецкајте го на коцки и него го стваете го во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешајте и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб извадетеги на чинија и оставете да се оладат. Краставицата и доматот исецкани на коцки ставете ги во садот. Во садот додадете го испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојќите ги промешувате и додадете ги врз зелената салата.
Мајонезот го ставете го во подлабок сад. Во садот ги додадете го оцетот, благата павлака и коњакот. Зачинете со црн пипер, исечкан магдонос и убаво промешајте за состојките да се изедначат. Со сосот прелијте ја салатата. На крајот декорирајте со малку исечкан магдонос.

Не ми штима некако овој рецепт...Поточно во грамажата на состојките, вика 60 грама пилешко треба...Според мене салата без 200-250 грама пилешко не би идело, а ако правиме за мало маченце тогаш може 60 грама пилешко да ставиме како што пишува тука...И одозгора обавезно иде пармезан или рендан кашкавал на ваквата салата...
Мора ли стриктно до овој рецепт да се држиме?
 
Еве и едно сликче да ставиме за да заличи темава :)
salata+cezar+2.jpg

Цезар салатата секој може да додаде или одземе состојки од базичниот рецепт. За сосот исто така. Па повелете да видиме кој како ќе ја направи.
 
Циге го нема оваа недела ќе готвиме Помфрит.
Постапката верувам сите ја знаете, ви требаат компири кои ќе ги измиете, излупите, исечете по желба и ќе ги ставите во врел зејтин да се испржат. Може да додадете сирење, кечап и мајонез, може и ништо да не додавате.

Зима е време е за вишок калории!!!

@iluminus; смени наслов.

Леле, види ја !!!

Помфрит без @Омер el Faruk ^^ !!!???

Омер ага, укључи се овде, покажи кој е мајсторот.
 
Не ми штима некако овој рецепт...Поточно во грамажата на состојките, вика 60 грама пилешко треба...Според мене салата без 200-250 грама пилешко не би идело, а ако правиме за мало маченце тогаш може 60 грама пилешко да ставиме како што пишува тука...И одозгора обавезно иде пармезан или рендан кашкавал на ваквата салата...
Мора ли стриктно до овој рецепт да се држиме?
Битно е да употребиш марула, крутони(кубети), пармезан и пилешки стек, и плус нешто од себе. А од што колку ќе ставиш, и тоа е по свој вкус.
 
Еве и едно сликче да ставиме за да заличи темава :)
Цезар салатата секој може да додаде или одземе состојки од базичниот рецепт. За сосот исто така. Па повелете да видиме кој како ќе ја направи.

Ама еј АЛО, чекајте... нели беше правило победникот да кажи шо е следно? :гик:
Уште неам победено ама според институтот Павел Шител сум во ОГРОмна предност :pos::facepalm:
 
Ама еј АЛО, чекајте... нели беше правило победникот да кажи шо е следно? :гик:
Уште неам победено ама според институтот Павел Шител сум во ОГРОмна предност :pos::facepalm:

Николче се збуна нешто :D , cige беше прогласен за победник по онаа лакрдија со Дивајдер , затоа тој предложува рецепт на неделата . Тој што ќе победи во гласањето на Шпагети Карбонара ќе предложи рецепт по оваа недела.
 
Ама еј АЛО, чекајте... нели беше правило победникот да кажи шо е следно? :гик:
Уште неам победено ама според институтот Павел Шител сум во ОГРОмна предност :pos::facepalm:
Море дете шо се буниш. Од кога ќе те прогласат за победник тогаш ти рецепт ќе клаиш. Оваа недела победникот од минатата става рецепт. Ти за наредната недела мисли му што ќе ни туриш за готвење...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom