[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто, на неговиот ли ти заличи? :)
Која подла провокација, па ја за брак се чувам!!!

Сакам да те психоанализирам по методот на големиот гледач Дуле од Велес, како би осознала од каде поривот да постираш сублиминални дикови, кои младите девојки можат да ги наведат на секакви лудории.
 
не е завршено уште? сега варам шпагети па ќе ги сликам и јас за прв пат да учествувам во натпреварот.



1450942_267832770035633_1993429101_n.jpg


не се држев до рецептот многу, ставив салама место сланина и не ствив прмезан. И при подготовката ставив кечап, затоа се вака црвенкасти.
 
Која подла провокација, па ја за брак се чувам!!!

Сакам да те психоанализирам по методот на големиот гледач Дуле од Велес, како би осознала од каде поривот да постираш сублиминални дикови, кои младите девојки можат да ги наведат на секакви лудории.

Гледам позната ти е методата на Дуле. Престани да се дружиш со чоекот, лошо ти влијае на психа, гледаш ли какви лудории ти се гледаат, таму каде што ги нема. Не чини тоа млада девојко, ич не чини. Ако веќе толку дошла работата зорт за аман, обрати се кај GhostLeader, момакот очајно те бара низ сите теми, со пола форум се стаи на ратна нога, само за да те најде. Прав витез, баш како за тебе, нели? :)
 
Веќе кога масовно цело село става слики, морам и јас.
Моиве се вегетаријанска верзија на шпагети карбонара, без сланина, само со сирење и јајце и „гарнир“ од домашно кисело млеко :D.

Е сега фактот што ги приготвував во три и пол сабајле, после пијана вечер од излегување, ме прави апсолутен победник, пошто верувам дека секој од вас ги приготвил шпагетите на трезно. :pipi:
Битно е дека не ги загорев... И беа многу, многу вкусни.
Или јас бев премногу алкохолизирана, за да ја проценам вистинската вредност на вкусот...:cautious:


Како и да е, си го наполнив мешето пред спиење и среќна, задоволна и сита си нанкав.
На здравје!
2013-11-23-0666.jpg
 
Натпреварот за оваа недела е завршен. Сега ќе отвориме тема за гласање. Циге мислам дека треба да стави рецепт за оваа недела, па го молам да се произнесе.
 
@cige; јави се на рецепција вечерва, зошто времето изминува. Утре сабајле ќе ставиме рецепт по службена должност.
 
немора да го чекате толку, требаше денес сабајле да биде поставено, касно е утре.
 
Добро друже директоре. Ќе продолжиме еден ден готвење, ништо страшно.
 
Циге го нема оваа недела ќе готвиме Помфрит.

20100220_205529_pomfrit12.jpg


Постапката верувам сите ја знаете, ви требаат компири кои ќе ги измиете, излупите, исечете по желба и ќе ги ставите во врел зејтин да се испржат. Може да додадете сирење, кечап и мајонез, може и ништо да не додавате.

Зима е време е за вишок калории!!!

@iluminus; смени наслов.
 
@leandra ако не каснам многу, еве и насловот сеуште не е сменет, од мене предлог нека биде лазањи, ако имало до сега лазањи нека биде Цезар салата, ако имало и Цезар салата нека биде Солена торта.
 
@leandra ако не каснам многу, еве и насловот сеуште не е сменет, од мене предлог нека биде лазањи, ако имало до сега лазањи нека биде Цезар салата, ако имало и Цезар салата нека биде Солена торта.
Лазањи имаше, цезар салата немаше. Ајде помфритот нека остане за некој следен пат, напиши рецепт за Цезар и постирај го да не ти го земаме редот :)
 
РЕЦЕПТ ЗА ОВАА НЕДЕЛА ЦЕЗАР САЛАТА

80 грама Зелена салат
100 грама Мајонез
60 грама Пилешко
1 кришка леб
20 грама Краставица
30 грама Домат
30 грама Блага павлака
20 милилитри Brandy
Црн пипер
зачин
Магдонос
Оцет
Маслиново масло

Исецкајте ја зелената салата и сервирајте во длабока чинија. Пилешкото филе исечете го на коцки и ставете во тава со загреано масло да се пржи. Потоа се промешува, па се зачинува со вегета и црн пипер. Кога ќе се пропржи пилешкото, извадете го на чинија и го оставете да се олади.
Лебот го исецкајте го на коцки и него го стваете го во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешајте и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб извадетеги на чинија и оставете да се оладат. Краставицата и доматот исецкани на коцки ставете ги во садот. Во садот додадете го испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојќите ги промешувате и додадете ги врз зелената салата.
Мајонезот го ставете го во подлабок сад. Во садот ги додадете го оцетот, благата павлака и коњакот. Зачинете со црн пипер, исечкан магдонос и убаво промешајте за состојките да се изедначат. Со сосот прелијте ја салатата. На крајот декорирајте со малку исечкан магдонос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom