Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Да незборам дека во 1950 во Скопје имало Маларија поради Катлановското Блато и ТБЦ косела се живо и диво... А колку била романтична Црната Чума во 16 век ќе ти каже. @Let3

Па не косела баш се живо и диво, сепак во 1950 година во Македонија животниот век бил подолг од оној во 1900 или 1750 или во време на римско владеење, постоеа болници, пенцилини, антитетанус.. во 1887 ако нагазеше на рѓосана шајка ќе умреше, ако фатеше инфекција ќе умреше, ако ти прснеше слепо црево - ќе умреше, немаше да знаеш дека имаш висок шеќер, висок притисок, чир на стомак...
И денес се соочуваме со болести за кои нема лек или многу тешко се лекуваат кои можеби за 50-60 години само по книги ќе се споменуваат, денес мислиме дека сме на врв на достигнувањата и дека ова сега е најдоброто и најсовршеното - истото го мислеа и во 1990 и во 1975 и во 1880 и во 13 век... а така ќе мислат и во 22 век кога ќе не жалат како сме можеле да живееме без достигнувањата кои тие ги имаат
 
Поприлично сум сигурен дека во 2070 ќе се живее подолго и поубаво од денес како Што денес поубаво се живее од 1950та...Тоа се вика прогрес.

Како што тргнало некако ептен ми е сумливо тоа.
 
Па не косела баш се живо и диво, сепак во 1950 година во Македонија животниот век бил подолг од оној во 1900 или 1750 или во време на римско владеење, постоеа болници, пенцилини, антитетанус.. во 1887 ако нагазеше на рѓосана шајка ќе умреше, ако фатеше инфекција ќе умреше, ако ти прснеше слепо црево - ќе умреше, немаше да знаеш дека имаш висок шеќер, висок притисок, чир на стомак...
И денес се соочуваме со болести за кои нема лек или многу тешко се лекуваат кои можеби за 50-60 години само по книги ќе се споменуваат, денес мислиме дека сме на врв на достигнувањата и дека ова сега е најдоброто и најсовршеното - истото го мислеа и во 1990 и во 1975 и во 1880 и во 13 век... а така ќе мислат и во 22 век кога ќе не жалат како сме можеле да живееме без достигнувањата кои тие ги имаат
Очигледно си го разбрал концептот на „Прогрес“. За мене СЕГА е најдоброто време во историјата да се живее. Не биде се вратил назад ни под разно.
 
Очигледно си го разбрал концептот на „Прогрес“. За мене СЕГА е најдоброто време во историјата да се живее. Не биде се вратил назад ни под разно.
за 15 години ќе велиш “ова сега е срање, најубо за живеење беше пред 15 години“ ?
 
Како што тргнало некако ептен ми е сумливо тоа.
Секој ден е се подобро и подобро...така да би требало да биде многу подобро во иднината од Сега. Ама ќе видиме. Јас би се кладел на тоа ако некој прифаќа опклада.
 
Секој ден е се подобро и подобро...така да би требало да биде многу подобро во иднината од Сега. Ама ќе видиме. Јас би се кладел на тоа ако некој прифаќа опклада.

Како заклучи дека секој ден е се подобро и подобро?
Во која смисла е подобро и подобро.
Ајде прво ке почниме за лековите тоест пеницилинот и неговите деривати. Ако немаш слушнато веќе постојат бактерии кои уво не ги боли за пеницилинот, станаа резистентни и на најновата генерација на пеницилини. Доста веројатно е дека за 20 години пак ке се умира од најобични болести пошто ке нема магичен лек како сега.
После да се навратиме за ресурсите и за пренаселеноста на планетата.
Малце и за нафтата и другите енергенси.
Така да ...... незнам јас не би се кладел баш толку.
 
Ова нема многу врска со темава (можеби), јас само да изразам несогласување со ставот дека 50 години од денес ќе се живее поубаво заради тоа што ќе има подобри технолошки гаџети. Технологијата е само еден сегмент во квалитетот на животот. Се разбира дека придонесува многу да се олеснат некои работи, како транспортот на пример. Но една работа која не ја разбирате е дека човекот во 1960 на овие простори го доживувал црно-белиот телевизор со истото воодушевување со кое ние го доживуваме смартфонот (рецимо.) Иако никој од нас повеќе не би сакал да има црно бел телевизор Горење, чувството кога добива нова технолошка играчка е истото. Јас се сеќавам на мојот прв телевизор во боја и на првото „Видео“, тоа беше неописливо. Во тој момент, јас имав тоа што имаа сите богати или да речеме „несиромашни“ луѓе на светот: телевизор во боја, видео и две далечински за да не го мрдам газот од кревет. Што сакаш повеќе?

Да не зборувам за Комодоре 64, Нинтендо и бела патика со Барт Симпсон. Не можеш да го победиш тоа. Се во свое време.

Сепак, и тогаш, и денес а и после 50 години, убав живот ќе имаат оние на кои џебот не им е празен и знаат како да си го уредат времето, да си ги одберат пријателите и да ги прават оние работи кои ги исполнуваат. Смартфонот има малку шанси да те направи среќен, на подолги стази...
 
Да не зборувам за Комодоре 64, Нинтендо и бела патика со Барт Симпсон. Не можеш да го победиш тоа. Се во свое време.

...
само технички - Овие работи не се од ист период.
 
а тоа го тврдиш врз основ на кои факти?
Филмот Гладијатор?
канализација - неканализација
хигиена - нехигиена
научно-философски погледи - религијска затупеност
и многу други работи

(зборам за Европа и со тоа сакам да истакнам дека не мора да значи дека времето што доаѓа носи добробит)
 
Sto mi vredi sto imam pari koga ke izlezam nadvor na ulica se oseka mizerijata prisutna skoro vo sekoj covek,,toa se dolzi sto denes srednata klasa e skroz zbrisana...porano bar go imase toa i poramnopravno bese sve,sega sekoj so svoja maka zatoa sto denesnicata t.e politikata ti dozvoluva da imas samo onolku kolku da opstanes,dur za drugi im izdiga palati vo Bardovci,Zlokukani,Vodno itn.

Koga bre porano ke ti udrat kazna od 3000 evra,sme vozele so puni rezervoari i da ne nabrojuvam a imam bar 20 primeri zosto porano bilo podobro.
 
канализација - неканализација
хигиена - нехигиена
научно-философски погледи - религијска затупеност
и многу други работи

(зборам за Европа и со тоа сакам да истакнам дека не мора да значи дека времето што доаѓа носи добробит)

То е ако живееш како богат граѓанин. И во антика и во среден век и денес - богатството ти носи убав живот, прочитај малце за сиромашните квартови во Рим во антиката каде фекалиите се слеваа по улица и се умираше масовно од болести и глад или види малце за болести на древните луѓе каде 5 годишни деца во антиката (скелетите) ни кажуваат дека беа изложени на тешки физички работи. Просечниот жител на антиката не филозофираше, не се капеше секој ден и немаше канализација ни вода дома и не лешкареа при полни трпези додека им свират на лири и им рецитираат песни. Тоа го имаа поимотните.
 
Вака можеме било кој муабет да го направиме општ и да го релативизираме.

Па така, ќе видиме дека најбедните слоеви на човештвото секогаш живеат, баш така - бедно. Во било кое време. И денес.

а на страна што научни придобивки, хигиена, канализација - им биле страни и на најбогатите европјани во СВ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom