РЕЦЕПТ ЗА ОВАА НЕДЕЛА ЦЕЗАР САЛАТА
80 грама Зелена салат
100 грама Мајонез
60 грама Пилешко
1 кришка леб
20 грама Краставица
30 грама Домат
30 грама Блага павлака
20 милилитри Brandy
Црн пипер
зачин
Магдонос
Оцет
Маслиново масло
Исецкајте ја зелената салата и сервирајте во длабока чинија. Пилешкото филе исечете го на коцки и ставете во тава со загреано масло да се пржи. Потоа се промешува, па се зачинува со вегета и црн пипер. Кога ќе се пропржи пилешкото, извадете го на чинија и го оставете да се олади.
Лебот го исецкајте го на коцки и него го стваете го во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешајте и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб извадетеги на чинија и оставете да се оладат. Краставицата и доматот исецкани на коцки ставете ги во садот. Во садот додадете го испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојќите ги промешувате и додадете ги врз зелената салата.
Мајонезот го ставете го во подлабок сад. Во садот ги додадете го оцетот, благата павлака и коњакот. Зачинете со црн пипер, исечкан магдонос и убаво промешајте за состојките да се изедначат. Со сосот прелијте ја салатата. На крајот декорирајте со малку исечкан магдонос.