RickyLFC9
Модератор
- Член од
- 28 март 2012
- Мислења
- 19.565
- Поени од реакции
- 41.148
(тука почнува неговата биографија, за оние кои не ги интересира можат да скокнат до наредната слика)
Кога во трето одделение од основно училиште на својот прв јавен настап просто ја одушевил публиката и го добил својот прв фан, учителката Вукица Шошкиќ, отпевајќи ја без грешка, јасно и гласно на црногорски својата прва песна "Од Вардар, па до Триглав", Бобан Рајович не ни претпоставувал дека по неколку децении сите кои сакаат да слушнат добра песна од познати простори, каде и да се на светот, нема да можат да замислат добра журка без песните: Усне Боје Вина, Провокација, Косачи, Латице од Ружа, Кумови, Један је Живот, Принцеза и тн.
Но да почнеме од почетокот. Човекот кој денес тврди дека е поцврст од камен и понежен од ружа за првпат заплакува во Копенхаген, Данска, на 25ти декември 1971 година, и штом неговите родители Милан и Ангела го виделе, за момент заборавиле на тешкотиите во животот. Знаеле дека не е важно каков се раѓа човекот, туку како живее и дали може да сонува, дали ова дете има харизма и дали е даден од Бога за нешто посебно!
Во годините кога нашите родители биле млади, сите девојки од Вардар до Триглав во своите соби имале постери на кои бил Дуле Сафич, Сафет Сушич, Ивица Шурјак, Сантрач... Фудбалер! Добар фудбалер! Тогаш сите во Беране, Црна Гора го гледале малиот Рајович, по возраст средниот од трите браќа, како игра со топката на дворот покрај школото. И во Копенхаген и во Беране, малиот Бобан го сакал фудбалот, па не само што го сакал и му одел, туку тоа се прочуло и до Белград. Но за наша среќа, Бобановата судбина имала поинакви планови за него. Како вистинска птица-преселница, семејството Рајович од југ преку тогашниот Титовград, денешна Подгорица, повторно се селат во земјата од бајките на Ханс Кристијан Андерсен - Данска.
Тогаш, на своите 16 години, Бобан бил престар за бајки, а премлад за реалност, но сепак јуначки се борел со желбата да живее подобро! Знаел за едно старо правило: "Ако сакаш да те ценат и почитуваат - гледај си ја својата работа! Но немој да се срамиш од тоа што го работиш, ако тоа е чесно!". Работел по ресторани и фабрики, неговото тело можело да се замори, но победничкиот дух - никогаш!
Некаде помеѓу ноќните клубови, добрите пријатели и напорната работа, на 20 години првпат ги бакнува оние вистински "усни со боја на вино". За дипломски труд на "Кафанскиот Факултет", Бобан ја зема темата "Вистинска Љубов". Тој негов немир бил Драгана, таа љубов која го отвора срцето, мудроста која го отвора разумот и вистината која ја отвора волјата. Бидејќи старата поговорка вели: "Брак без деца е како ден без сонце", на Драгана и Бобан денеска секој ден им е сончев, весел и насмеан со своите три деца Ивана, Анѓела и Андрија. Тие се тој, досега најголем мир заради кој Бобан денеска не сака ни на половина час да го напушти Белград.
На самиот почеток на 21ви век, Бобан го снима својот прв албум, а по една песна го добива прекарот Пироман, веројатно затоа што уште како мал на естрадата каде и да настапувал знаел да ја разгори атмосферата. Но Бобан знае и човечки да ги прифати и пофалбите и критиките, па и шалите на своја сметка, па се смеел кога едно утро во новините го прочитал насловот: "Човекот кој нема влакна на јазикот... а ни на главата."
Животното мото на овој упорен, постојан, истраен и чесен човек е една мисла од Ганди:
- Прво те игнорираат. После тоа те исмејуваат. Потоа се борат против тебе. На крајот ти ги победуваш.
А еве ги основните информации за овој пејач:
Име и презиме: Бобан Рајович
Датум и место на раѓање: 25.12.1971 - Копенхаген, Данска
Семејство: Сопруга Драгана, ќерки Ивана, Анѓела и син Андрија.
Дискографија: Првиот албум со едноставниот наслов "Бобан" од кој се издвојува песната "Пироман" го издава во 2000 година за City Records. По три години го снима албумот "Пукло Срце", а потоа следат албумите кои драстично ќе ја сменат неговата кариера во позитивен правец:
- Провокација - 2006 (Sound production)
- Усне Боје Вина - 2007 (Sound production)
- Косачи - 2008 (Sound production)
- Мењам - 2010 (City Records)
Пред летото во 2013 година Бобан го објавува седмиот албум под името "Војник Заблуда" и уште еднаш покажува дека фановите му се на прво место со тоа што 100.000 примероци од албумот едноставно ги подарува на нив.
Во меѓувреме снима спот за песните "Не Вјерујем" и "Мус од Чоколаде", а работи на новата песна "Бахато" која ја добил на поклон од своите кумови, додека во исто време работи на спотот на песната "Бараба".
И за крај, пред неколку дена во Зеница, Босна и Херцеговина, Бобан ја прими наградата за "Хуманитарец на годината". Како благодарност за фановите кои го изгласале, тој со својот "Чикаго Бенд" кој го следи на сите негови настапи, во градот приредува забава, а целиот приход од продажбите за влезници ги донира во хуманитарни цели, односно за операција на видот на мајка на две малолетни деца. Преку својата фејсбук страница им се заблагодарува на своите фанови, истовремено најавувајќи и нови хуманитарни проекти во кои ќе бидат вклучени неговите фанови.
Издвоив неколку песни кои можеби ќе ви се допаднат, секако помеѓу нив е неговиот најпознат хит "Усне Боје Вина"
- Последнава лично ми е омилена
Се надевам ви се допадна воведот и немојте од старт со предрасуди
Последно уредено од модератор: