Јас не сум припадник на никаква сатанистичка секта, туку сум иницијант во Редот -
Ordo Templi Orientis.
Да се биде телемит, значи да се живее според својата чиста - вистинска волја, која е еднаква на Божјата. Ако јас сум го прифатил законот и сакам да живеам како ми е волја, тогаш морам да имам во предвид дека истото право го имаат и другите кои го сториле истото! Тоа не значи да правиш што ќе ти текне, нешто кое безброј пати е нагласено.
Што се однесува до делот од Liber Oz, кој си го потенцирал, дека човекот има право да ги убие оние што би му ги ускратиле тие права, истиот принцип и ти го прославуваш секој 2-ри август и секој 11 октомври. Луѓето кои државата ги слави како херои, се повикале токму на тоа право.
И да, робовите ќе служат, а кралевите ќе бидат кралеви засекогаш, затоа што секој ќе биде тоа што е! Луѓето не се менуваат, само учат да се адаптираат. Тоа не е повик да се пороби некој, туку констатација за човечката природа.
Непостои универзален став за морално прифатливи и неприфатливи нешта на светско ниво! Тоа едноставно е невистина. Моралот е последица на општествените норми и култура, различни култури имаат различни стандарди и морал. Ако тебе некој ти понуди свинско кога ќе му одиш на гости, тоа е нормална работа, за муслиман е навреда. Ако на муслиман му понудат говедско кога ќе оди кај некого на гости, е нормална работа, но за хиндус тоа е навреда бидејќи за нив кравата е свето животно. Ако тебе гостин ти побара да има секс со твојата сопруга, тоа ќе го сватиш како навреда, но кај некои северноамерикански индијански племиња обичај било токму тоа - домаќинот да ја понуди сопругата на гостинот, итн, итн.
Да се биде иницијант во ОТО значи како под прво да се почитуваат законите на државата! Што значи не е можно да се убие некој туку така. Втора работа е што Редот и телемата не се достапни на лица кои не се полнолетни. Има три основни услови за да се стане член на Редот:
1. Полнолетство.
2. Гаранција - спонзорство од двајца членови на Редот.
3. Немање на кривично досие - лицето е потребно да не е осудувано и да нема проблем со законите на државата.
Не само што судиш, туку изнакажа и еден куп клевети, што е јасен показател дека носиш суд за област која не ја познаваш.
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 21:17 ---
ја наведувам дефиницијата која во својата работа ја користи
Парламентарната комисија на францускиот национален парламент. Во
извештајот оваа Комисија сектите ги дефинира како: „Групи, кои можат
да се препознаат по својата манипулација насочена кон психолошка
дестабилизација на своите следбеници, со цел од нив да се добие
потполна потчинетост, намалување на критичкиот дух, прекин со
општоосвоените принципи (етички, граѓански, општобразовни) и кои со
себе ја повлекуваат опасноста по индивидуалната слобода, здравје,
образование и демократски институции. Тие групи користат
филозофски, религиозни и терапевтски маски за да ја сокријат целта за
добивање власт, влијание и стекнување на следбеници”. ( Белградски
дијалог, 1997: 13)Пред се, тие се потполно ослободени од теолошкиот елемент во
дефинирање на деструктивните секти. Поточно, верата е ставена во втор
план, како пропратна карактеристика на сектите, со што прашањето се
префрлува од теолошки домен во практичен домен, т.е, на прашањето за
нивната деструктивност и штетност. На тој начин може да се игнорира
забелешката, на која се повикуваат лидерите на многу секти, дека им се
скратени верските слободи и права загарантирани со уставот.
Една од основните карактеристики на верските секти е дека тие
претставуваат затворена група, отуѓена и негативно ориентирана кон
општеството, а чии ставови се во спротивност со општоприфатените верски, културни, морални, образовни и други вредности и норми .Начин на пристап во верската заедница.
Многу секти поставуваат посебни услови за лицата кои сакаат да
станат нивни членови (да се полнолетни, да се откажат од имотот,
семејството, да дадат одреден прилог, да положат жртва и сл.).
Често се дава заклетва за верност и се потпишуваат одредени
документи.Доктрините на деструктивните секти од безбедносен аспект можат
да се поделат на:
‐ доктрини чија содржина проповеда деструктивно и криминално
однесување;
‐ доктрини чија содржина потенцијално може да се искористи за
повикување на членовите за деструктивно однесување;
Гледано од безбедносен аспект, сектите со овие доктрини се
опасни, бидејќи во себе ја кријат можната опасност од загрозување на
политичкиот систем на државата, извршување на кривични дела. И СМЕТАМ ДЕКА НАЈУБАВО ДА СЕ СОГЛАСИМЕ ДЕКА НЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ ЗА ТВОЈАТА "благородна"СЕКТА! Дискусијата може да ја продолжиме на темата на која сме!