Чекај, чекај малку, како тоа мислиш: двата договори НЕ се валидни, а после велиш дека можат да послужат само како ДОКАЗ во судска или нотарска постапка?
Договорите се (правно) валидни! За договорот за заем (за разлика од договорот за продажба на недвижност, на пример) не е пропишана задолжителна писмена форма, ниту пак е задолжителна заверка кај нотар! Обратно, договорот за залог мора да биде склучен во писмена форма!
Во врска со првиот договор (оној без договорен залог), не ти преостанува ништо друго, освен да поведеш судска постапка со тужба, да бараш тужениот - заемопримачот да ти ги врати парите, со камата од последниот ден кога требало да ти ги врати (септември 2013 год.), плус адвокатски и судски трошоци. Па, откога ќе го добиеш судскиот спор, врз основа на таа судска пресуда можеш кај извршител да бараш присилна наплата на побарувањето (главен долг, камата и трошоци), со забрана на плата, со блокада на транскациска сметка, продажба на предмети и др.
Во врска со вториот договор (оној со договорен залог), можеш да одеш директно кај извршител, под услов тој договор да е потврден (заверен), односно составен од нотар и да постои согласност од странките тој да претставува извршна исправа! Значи, со договорот одите кај нотар, изјавувате дека сакате договорот да има својство на извршна исправа и тој врши потврда (заверка) на договорот. И после тоа задолжително врз основа на тој договор го запишувате заложното право во Заложниот регистар при Централниот регистар на РМ и готово! Ако заемопримачот не го врати заемот, тогаш се поднесува барање за извршување до извршител и согласно Законот за извршување ќе се бара продажба на недвижноста ставена под залог (хипотека). Што се однесува на тоа дека куќата е на име и на мајка му и брат му, ќе се продаде само неговиот идеален дел, т.е. неговата 1/3.
Ве молам нека ме исправе некој ако грешка сум напишал!
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 17:38 ---
Ја ќе те исправа, затоа што како што пишува во неговиот пост и првиот и вториот договор се правени во јанцеларија кај АДВОКАТ значи не кај НОТАР па за да може со вториот договор (пишаниот) да оди кај извршител.
Значи само може да му послужат како доказ во судска постапка.