- Член од
- 26 септември 2012
- Мислења
- 8.501
- Поени од реакции
- 7.320
Јојо клуб сте... последниве 10 год веќе не знам ни колку пати сте биле прва/втора лига. Кај вас ништо не се знае, фали еден куршлус и се отиде у пм. 3ца има сигурни патници за втора лига, ако Брацо фрли пари ништо чудно Лисиче и да се спаси. Во таква ситуација ќе испага еден од вас или Брегалница. Реално другите се поквалитетни/поповрзани од вас, тоа што сте сега 3ти незначи многу со оглед на тоа дека сите потешки утакмици ги изигравте дома, а со исклучок на оваа со металург знаме колку сте добри во гости. Добар резултат на железара мада таму обично кој прв даде гол победува највеќе ради димензиите на теренот, реалавно лесен стадион да браниш резултат/нерешено. На терени со нормални димензии нема да проагате така лесно што уствари и ви се случува.
е ова се случува кога некој ќе коментира,а не гледа што се случува во пракса,односно во реалноста !
како прво цела лига е ЈОЈО да ја наречиме со твој жаргон,прво твојот омилен клуб не изигра заслужено во Втората МФЛ,ами се реанимира благодарение на тоа што сакаше никој друг ами самата власт ! ова сите вие го заборавате,некако не ви годи овај муабет,муабет кој ќе остани за цел живот - непобитен факт ВАРДАР Е ФУЗИЈА !
друга работа е тоа што Пелистер на неколку пати беше оштетуван со поништен гол,црвен или жолт картон и така натака,оттука на раководството му скурчи па проба преку медиумите да издејствува притисок и идните натпревари да бидат под лупа,односно некој да не си дозволи да санкционира без потреба што значи оштетување на клубот повеќекратно,односно не само на натпреварот во тек,ами и во понатамошните натпревари......тука спаѓа и моралот на екипата кој е клучно нешто !
не е оправдување некакво можеби,но ќе ја споменам тешката повреда на Демиќ - од него се очекуваше да биде душата на тимот,да контролира на средината и да проигрува во контри и полуконтри каде го имаме брзиот Жуниор(најплатениот играч во ПМФЛ),станува збор за несебичен играч со одлична прегледност на играта,мајстор за кратки и долги пасови......по само неколку натпревари ја заврши сезоната

по подолго време нешто се работи во Пелистер, не знам што толку ви боде во очи да се појача малку лигата и да се гледа поквалитетен фудбал,ова може да му пречи само на сељаци,неизживеани деца шо им е мило само да им цркне козата на комшијата и да гледаат сеир,отколку за каков било напредок во натпреварувањето (ПМФЛ) кое мног многу заостанува од едно квалитетно натпреварување,вокое клубовите живуркаат и згасуваат од година во година.........ви посакувам тоа да ве боде во очи што подолго време,изгледа го заслужувате тоа
Тоа ти е, багра неспосбњаковичи. Затоа и ве толчат, лесна мета сте. Нема што да се жалите.

Споредба нема никаква на цела македонија му е јасно дека вие сте владин проект со смешната фузија и рокада порано бевте клуб на комунистите од 47 до 90 кога со сила ги земаа играчите како и сега пак во вештачката вмровска творба миравци=вардар 1947 па вардар 2011 итн ..се само за смешна рокада и наводно спасување на клубот а со тоа поголем резил ај да ја проширеја лигата и да куртулеше и нашиот тим пак малку од малку ќе се извадевте ама вака бе па уште да споредваш и да се фалиш со тој новокомпониран клуб
Кога сме кај стадион ете нас нека не ни даваат бе за да ти се прави ќеиф како и на другите душмани во Битола и надвор од Битола пред се мислам на политичарите што го силиваат градот ама ние ќе издржиме и милум или силум ќе добие стадион дали сега или покасно ама знаеш тоа ќе биде наш стадион и ќе биде со фасада зелена иста како и што ќе има на арената Филип 2 во Скопје