Значи зборувам за тим што барем ќе го повтори ланскиот успех на Металург, без разлика дали Металург лани имал лесна група или среќа при ждрепката после. А сеа максимумот е четврто место и после бирај противник, Веспрем, Хамбург или Кил.
A Meталург, да не подрекувам, ама ако Барса ги добие останатите 3 утакмици, последно коло има шанси да ја добие Барса, па дури и да загуби од ПСЖ, па да заврши втор.
Друже годинава ако не заврши втор во групава некој наш тим, сигурно нема да го повтори ланскиот успех на Металург.
Такви случајности да се откажат јаки екипи и да добиеш толку лесна група се случуваат еднаш во 100 години.
Направи споредба на екипите од лани и сега. Металург го помина осмина финалето бидејќи беа рангирани повисоко од противникот (Динамо Минск) заради тоа што беа втори во групата, а таа група со оваа не може да се спореди. За жал веројатно ни Вардар ни Металург нема да завршат втори, а ако ги видиш другите групи ќе сфатиш дека против првите и вторите реално нема што да бараме.
Да кажеш дека на пример во 2009/10 Вардар немал тим за ЛШ и бевме топовско месо за сите ќе те сфатев, ама сезонава играме сосема добро ако ги земеш повеќе околности во предвид (целосно нова екипа, немање тренер итн).