Фан клуб - РК Вардар

Да се знаее :D
1470100_671388416226983_2138201237_n.jpg
од каде е ова ?????????
 
Добра пара натепаа продавничкиве што продаваат турска роба шалови, маички и разни работи под името Вардар. Глеам шалови и по 500 - 600 денари продаваат. Место во фан шоп кај клубот пари да идат, си тепаат пари овие дуќанџииве, јебига.
 
Шок за Вардар: Растворцев повреден, ќе паузира пет месеци!

Алексеј Растворцеј, левиот бек на македонскиот ракометен првак Вардар се здобил со незгодна повреда на рамото на минатиот меч со Металург и за него сезоната е речиси завршена, зашто ќе треба да паузира околу пет месеци.

mkd-89465.jpg
„Имаме проблем, Растворцев е загубен на 4-5 месеци, но нема да се жалиме на тоа. Алексеј мора да оди на операција, тој доби удар на минатиот меч, нема да биде во составот. Но, реков дека нашиот стил не е да се жалиме, го имаме Мите Стоилов, човек кој може добро да го замени Растворцев во одбрана. За во нападот, имаме играчи кои сето тоа ќе го надополнат, затоа и имаме таков ростер. Ќе биде тешко, но ќе се обидеме тоа да не се почуствува. За во нападот, колку што може Растворцев, толку може и Лазаров, ова е негова најдобра сезона во кариерата, јас верувам во него", рече Андон Бошковски, тренерот на Вардар.​
 
Ау ау ау каков драматичен пресврт на настаните. Остануваме без еден од главните играчи во одбрана :eek:
Нели Козлина требаше да биде на располагање за неделниот меч?
Ондак нема простор за грижи :)
 
Ау ау ау каков драматичен пресврт на настаните. Остануваме без еден од главните играчи во одбрана :eek:
Нели Козлина требаше да биде на располагање за неделниот меч?
Ондак нема простор за грижи :)

Па и јас така памтам, дека Козлина требаше да е спремен за вториот меч.
 
Според Лико-Фанс Растворцев ќе игра во недела а потоа заминува на операција...
 
Според Лико-Фанс Растворцев ќе игра во недела а потоа заминува на операција...


Боље да не игра да не се дозаебе... Абутович, Чипурин се тука ... Ете и Козлина ке бил на располагање
 
Боље да не игра да не се дозаебе... Абутович, Чипурин се тука ... Ете и Козлина ке бил на располагање
Абе за одбрана ОК, ама не очекувам нападот да се потпре на класичен одбранбен играч како Абутовиќ. Ниту Чипурин не гледам како би помогнал, кога е класичен пикер. Козлина исто така не верувам дека нешто посебно би го есапеле. Колку што знам, уште не е во играчка форма. Единствен класичен лев бек - напаѓач ни останува е Филипче, кој ќе МОРА на овој натпревар да покаже зошто остана во Вардар и зошто ја носи капитенската лента.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom