Постојани кавги во семејството, чувство на отфрленост, осаменост, препуштен сам на себе... И покрај сите твои напори да се подобри нешто, се преправаш дека си безчувствителен на начин само за да ги прикриеш сите нешта кои би довеле до разжештување на веќе запалениот оган, наидуваш на отпор и повторно несогласување. Но зошто? Зошто не сакаат да ме сослушаат да ми дадат барем малку простор да му го укажам тоа што јас го знам па потоа да одлучат што понатаму... И кога се надеваш дека конечно барем едн сончев зрак ќе блесни преку прозорецот да ти внеси малку надеж и воља, гледаш се наоблачило, се спрема бура, повторно. Нормално е дека финансиските средства се секогаш еден од најголемите проблеми и сами по себе си ги носат тие недоразбирања, но сепак се надевам дека постојат други работи освен парите за благосостојба и мир. ЗНАМ дека постојат други нешта освен парите за среќа и мир. Се обидувам постојано тоа да им го укажам на домашните, па и на другите околу мене на секаков можен начин, но сето завршува без успех... На каков начин да постапувам, која позиција да ја заземам? Незнам повејќе...