Јас така како што е опишан во Библијата не верувам.Не верувам дека Господ немал што да прави и му текнало да направи човек и тоа баш по неговиот лик.Правел се за седум дена,односно седум ротации на планетата Земја,и кога завршил се, тогаш се одморил,ко демек се изморил.Не верувам во Луцифер кој се побунил,и се обидел да ги придобие останатите ангели,како демек за да му го земе местото на престолот на Бог.Тоа многу ме потсетува на работата на секоја опозиција да привлече повеќе гласачи и да ја замени власта.Верувам во некоја творечка интелигентна сила,која целодневно работи и ствара,а ние за многу нешта не сме свесни за нејзиното дествие.