D
Daedalus
Гостин
Зошто би ми сметало минатото на некоја особа? Минатото не постои како реален феномен, постои како меморија во главата на особата со која сум. Ако и значам и ми значи, нејзиното минато не ми игра никаква улога. Ќе ми биде тешко ако она не е задоволна со своето минато, го правела тоа пошто морала и немала пари, ама тоа се веќе други причини.Види вака.
Батали црнците. Ти тврдиш дека воопшто не ти е гајле за минатото на твојата девојка. Јас ти се кладам дека можам да го вулгаризирам минатото на твојта хипотетичка девојка до степен каде што ќе мораш да признаеш дека ти смета што се нашла во таква ситуација.
Сакаш да ја играме оваа игра?
Ако имам девојка која имала секс со многу други пред мене, а ме сака и не ме изневерува, зошто би ми сметало тоа? Не глеам ниту една логична причина.
Еве, ти тврдиш дека ти смета. Зошто? Каква улога игра тоа во вашата врска?