Верувам дека се познати на сите причините заради кои некој би земал хемо-терапија. Но исто така ги знаеме и негативните страни на овој начин на лекување.
Прашањето ми е - дали негативните последици од оваа терапија веднаш почнуваат после ЕДЕН третман. Дали со земање на само еден третман има неповратна штета по организмот.
Значи ме интересираат последиците негативни, од само еден третман.
Фала однапред
Дали мислиш како болниот реагира надворешно, видливо или како ткивата и организмот се борат со лекарствата. Надворешно тие недела-две е одвратно, човекот целиот е даун, му се лоши, омалаксан е, често и повраќа. Додуша зависи кој лек му се дава, некој е "потежок" за користење, зависи и како се аплицира (орално, перкутано, венозно...). Често при хемотерапија примаат и лекови против гадење, дексаметазон и други (не знам за што точно служеа, само ги наведувам). Инаку ако е за споредба, зрачењето уште повеќе го истоштува и разорува, но некогаш за жал е единствена опција.
А за дејство врз ткивата, дејството е најверојатно разорувачко (според надворешните симптоми) ако знаеме дека му е целта да уништува клетки (иако првенствено брзорастечките). И влакната и крвните клетки и црниот дроб и мускулите...се е клетки. Некои ги губат влакната, некои им страда црниот дроб, се јавуваат проблеми со столицата, бубрезите...Едно знам дека во било кој случај страдаат црвените крвни клетки кои мора да се надоместат со појачана исхрана. Тоа е обично додека трае третманот и некое време по третманот, но кај некои се јавуваат и трајни оштетувања (пак зависно од типот и апликација на лекот). Медицински ствари што точно се случува со делови од телото, органите и ткивата honestly не ми е познато. Не знам дали бараше како се чувствува болниот или научно какви се штетите.