Има ли се уште такви женски што се чуваат за прва брачна ноќ?

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ги консултирав гуглето и метрото.
Ми кажаа дека теоријава важи само кога детето воопшто не личи на таткото, освен во магарешките уши. :)
Бисеро, ти си имала многу сексуални партнери што толку многу не ти се допаѓа теоријава?

:sneaky:
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Бисеро, ти си имала многу сексуални партнери што толку многу не ти се допаѓа теоријава?

:sneaky:
Јок, друга мака си имам јас. Досега колектирав убави очи, усни и веѓи. Ми фали уште да најдам фиљан момак, за да избегнам да го репродуцирам мојот голем нос. А ушињата ми се тамам. :pipi:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јок, друга мака си имам јас. Досега колектирав убави очи, усни и веѓи. Ми фали уште да најдам фиљан момак, за да избегнам да го репродуцирам мојот голем нос. А ушињата ми се тамам. :pipi:
:D

А тоа ли била работата.

Види, колку што јас разбрав, никој не ти гарантира дека од секој бивш партнер детето ќе го наследи најубавиот дел. Може гадно да се зафркнеш тука.

:)
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
:D

А тоа ли била работата.

Види, колку што јас разбрав, никој не ти гарантира дека од секој бивш партнер детето ќе го наследи најубавиот дел. Може гадно да се зафркнеш тука.

:)
Грешно си разбрал.
Не е ова лотарија, па да чекаш што ќе ти се падне. :D

А ти веруваш во телегонија? :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Грешно си разбрал.
Не е ова лотарија, па да чекаш што ќе ти се падне. :D

А ти веруваш во телегонија? :)
Искрено, вчера прв пат слушнав за ова чудо. На прв поглед делува како глупост, но во моментов располагам со премалку информации за дефинитивно да кажам дали верувам или не.

Онака на прва, не верувам.

Но замисли на момент дека е точна. Значи, for the sake of conversation, замисли дека е точна и научно докажана. Замисли колкав процент од машката популација би се почуствувал заебан, и на колкав процент од женската популација би се гледало како на курви.

Можеби таа теорија, докажана, засекогаш би го променила нашиот однос спрема сексуалното.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Апсолутно да,затоа што телегонијата е објаснета детално со факти и докази не е тоа паушална пропаганда,дали ракот е теорија ??? исто како да ме прашуваш тоа.. зарем не си видела во животот барем еднаш некое семејство,три члено на пример и детето да не личи толку на таткото ? јас сум видел не знам колку пати... значи телегонијата е факт за кој има трудови и трудови напишано докторати и докторати...
--- надополнето: 20 ноември 2013 во 08:29 ---
Телегонијата не само што не е објаснета со факти и докази, туку е отфрлена од современите научници како неточна. Била популарна пред неколку векови, кога сознанијата за наследувањето на гените биле релативно скромни, за разлика од денес.
Тоа што постојат деца што не личат на таткото не докажува ама баш ништо. Ете брат ми не личи на татко ми, личи на мајка ми и што сега? Демек татко ми не му е татко , туку некој бивш дечко на мајка ми?
Ја од друга страна не личам на мајка ми ама баш ич и што? Сум ги наследила гените од некоја бивша на татко ми? Ау да бе, ова не важеше за мажите, тие можат слободно да си ебат без страв дека ќе им се расипат гените. :pos: How convenient.
Тоа што ти мислиш дека детето мора да биде копија на таткото или па на мајката, а ако не е, демек тоа покажува дека телегонијата е вистина, само покажува дека немаш ни основни познавања од областа на генетиката.
Еве ти линк од Википедија, прочитај си барем основни работи, после можеш и дополнително да истражуваш и да се увериш дека твојата теорија е отфрлена. Или на крајот на краиштата, сигурно познаваш некое медицинско лице, или некој кој има познавња од оваа област, замоли го да ти објасни на кој начин детето ги наследува гените. A што руската православна црква пробува да ја врати популарноста на оваа теорија со разни пропагандни клипови и слично, не значи ама баш ништо.

Иначе мене ми е јасно дека ти и понатаму ќе продолжиш да си веруваш во теоријава, не затоа што имаш валидни докази, туку затоа што сакаш да веруваш. Ти сакаш невина жена и оваа теорија ти е само изговор за тоа.
И на крај уште едно прашање? Дали и ти се чуваш за брак?
Пишав и претходно на темава, ако некој сака неговата идна жена да се лиши не само од секс, туку и од сериозна емотивна врска пред брак, тогаш и самиот мора да ја направи таа жртва.
Освен тоа, колку што ми текнува ти си христијанин, и како таков би требало да живееш според светото писмо кое забранува предбрачни сексуални односи и за мажи и за жени.
Па, дали си невин?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Па, дали си невин?
Ме интересира нешто, малку оф топик.

Што тебе би ти сметало повеќе кај минатото на твојот иден сопруг?

Да има искусено голем блуд или голема љубов?
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Ме интересира нешто, малку оф топик.

Што тебе би ти сметало повеќе кај минатото на твојот иден сопруг?

Да има искусено голем блуд или голема љубов?
Ставрогин, не знам зошто ама добив впечаток дека ти мислиш дека барам невин маж, па да ти објаснам дека не ми паѓа на памет такво нешто. Едноставно мислам дека ако некој сака невина жена, би било праведно и самиот да е невин.
За ова другово чекај да подразмислам малку.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Голема љубов. :)
Точно така, на сите жени тоа повеќе им смета. Кај мажите е обратно. Поентата ми е, мажите и жените различно го доживуваат сексот и љубовта, затоа паралелите за машкото и женското минато, и реципроцитетот кај нив, не држат многу.

Може мажот да имал само една сексуална партнерка во минатото, но да бил смртно заљубен, на сегашната партнерка многу би и сметало ако мисли дека ја сакал бившата повеќе од неа.

Мажите не се оптеретуваат многу со ова.
--- надополнето: 20 ноември 2013 во 09:53 ---

Не мислам дека ти бараш невин маж, туку само сакам да ти укажам дека паралелите помеѓу минатото на мажите и жените не држат место, и дека инсистирањето на реципроцитет е терање инает, наместо согледување на вистинската природа на мажите и жените.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин

Чекај тебе нема да ти смета ако партнерката имала голема љубов во минатото? Мислам колку и да си продолжил во животот понатаму, сепак останува тоа жарче од старата љубов. А тоа што поминала неколку мажи во животот, за да кажам телесно задоволство и „смрување на нервоза“, е небитно. Само може партнерот да добие искусна партнерка, што и не е така лошо. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Чекај тебе нема да ти смета ако партнерката имала голема љубов во минатото? Мислам колку и да си продолжил во животот понатаму, сепак останува тоа жарче од старата љубов. А тоа што поминала неколку мажи во животот, за да кажам телесно задоволство и „смрување на нервоза“, е небитно. Само може партнерот да добие искусна партнерка, што и не е така лошо. :)
Тоа е како ти замислуваш дека се одвива духовниот живот ма мажите, и како ти сакаш мажите да бидат, гонета од сопствениот сексуален нагон и желбата да не бидеш осудувана заради твојот сексуален живот.

Но многу далеку е тоа од вистината.

"Смирувањето на нервозата", на мажите многу повеќе им смета отколку жената да имала некоја голема љубов. Всушност, жените и вака и онака се неспособни за длабоки емоции, она што тие имаат да го дадат е телото. Ако го давале пречесто, изгубило на вредност. Никој не сака работи до кои лесно се доаѓа.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не мислам дека ти бараш невин маж, туку само сакам да ти укажам дека паралелите помеѓу минатото на мажите и жените не држат место, и дека инсистирањето на реципроцитет е терање инает, наместо согледување на вистинската природа на мажите и жените.
Без навреда Ставрогин ама јас твоите теории за вистинската природа на мажите и жените ги сметам за неточни. Мислам дека е глупаво маж да ми кажува каква е мојата природа.
Ако некој бара невина жена, нека си седи невин. Не може бе некој што ебел се што иде на две нозе да ми бара невина жена и кога нема да ја најде да ми кука како сите жени биле курви. Уосталом, ако сакате жените да бидат невини, тогаш ќе мора и вие да си седите невини.
Не може ем мажите да бидат ебачишта, ем жените невини. Ако мажите не ебат пред брак, жените сакале нејќеле ќе останат невини до брак.

И зошто мислиш дека голем блуд не би ми пречел? Сега зборувам лично за мене, не за сите жени.
Ако некој ебел секоја вечер различна жена, тогаш по мојата логика, ќе продолжи истото да го прави и додека е со мене. Не знам дали сум во право, едноставно така размислувам. Не живеам јас во филм дека сум нешто посебна и дека сега ете ебачиштето ќе се смени и ќе биде само со мене. И зошто воопшто би сакала да бидам со некој што нема ама баш никакви критериуми и легнува со се` живо и диво?
Тоа не значи дека барам невини мажи, едноставно очекувам да се цени себеси и да има некој критериум при изборот на сексуални партнерки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom