Фискална во рака - награда без мака!

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
Фискална на рака - глупости без мака и без крај ....
Ова докажува дека овие на власт немаат поим што се случува
Тие мислат дека ние трошиме - купуваме, ама ете не се даваат фискални сметки и нема доволно пари од ДДВ.
Вистината е многу различна...
Ние не купуваме...Бидејќи немаме пари ... Се е огин скапо... Струја огин скапа,.... комуналии огин..., телефон огин... А Топлификација е легенда.... Па згора зонско...
Во месарица ретко влегуваме
Имам Пријател месар, тој вели;
Кога е постот, народов не купува месо бидејќи пости,
а кога не е пост, пак не купуваат бидејќи се подготвуваат за постење.
 
Ова шо значи?
Ова значи дека кога влегуваш во продавница да си купиш цело пакетче орбит мастики, нема да си купуваш цело.
Влегуваш и викаш-Ај една мастика орбит (бап фискална)
По 4-5 минути влегуваш пак-Ај една орбит мастика(бап фискална).
Не мора да купуваш од едни исти, можеш да мешаш, онака поразноврсно да биде куцнатото на фискална, овошна, ментол, ваква таква.
За исти пари имаш 5 фискални во рок од 20 минути.
 
А на која адреса треба да се испратат пликовите?..и плус што треба во пликот да се напиши?

Бројчето на црвената книшка :P. После тоа сами ќе си ги најдат потребните информации.
 
Почнаа преработките на ‘социјалните мрежи‘ :D
А на Ставрески станот на Менхетен од собирање фискални му се падна?
 
Е сега очекувајте го и ова најново од владата од сигурни извори.
Поради се поголема потрошувачка на хартијата за фискали сметки се воведува.
Од 01.12 2013 година,плаќање на секоја фискална сметка по 1 денар.
Што е тоа за нашиот народ,полниш кошница и даваш еден денар за фискална сметка...
И лапаш награда +.


Аииии да да да.. Ако не направат вака еве на...

Истото беше и со кесите... Многу трошок има и за тоа, неможе да се покрие :cuc:
--- надополнето: 18 ноември 2013 во 03:18 ---
Почнаа преработките на ‘социјалните мрежи‘ :D
А на Ставрески станот на Менхетен од собирање фискални му се падна?


Гарант не е негов, сдсм има повеќе станови украдено.... Или како што тропаше еднаш Шеќеринска...
Вие знаете ли како сум го земала тој стан? Задолжена бев на кредити, макотрпно враќав рата по рата :vozbud:

Голицни ме да се насмеам....
 
ХАХАХАХА се изнасмеав на награднава :pos: со кого манипулираат бе какви награди :LOL:
 
Од 1 декември собирање фискални сметки за новата наградна игра



Фискалните сметки издадени по 1 декември 2013 година ќе учествуваат во наградната игра што вчера ја најави Владата.

%5CUpload%5C%5CVesti%5Cfiskalna_20131118131429.jpg
Фискалните сметки издадени по 1 декември 2013 година ќе учествуваат во наградната игра што вчера ја најави Владата.
Граѓаните ќе учествуваат во наградната игра со собрани 20 фискални сметки на кој било износ. Првото извлекување е на 30 декември 2013 година, а ќе има девет кола.
Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,...
Целта на наградата, под мотото „Фискална во рака – награда без мака“, е подигање на јавната свест кај граѓаните, односно тие да се мотивираат и да бидат заинтересирани за добивање фискална сметка секаде каде што пазарат и добиваат услуга.
Приредувач на наградната игра ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.
 
На телевизија рекоа дури и ако не ти дадат фискална сметка не си обврзан да го платиш производот.... колку е само тоа реално :pos:
 
Напипасва гу работу од VIP за наградну игру... први 60 фискални су бесплатни а за секоја следна се плаќа 30 % од износот на сметките... За да престанеш со наградната игра имаш опција СТОП или аутостоп до искрин мост... за повеќе информации може да се обратите на http://www.ujp.gov.na
 
Собери 20 казни за погрешно паркирање и освој полициски шевролет спарк

Експертите за наградни игри при Владата на Република Македонија подготвуваат ново изненадување за верните играчи на лото. Станува збор за извлекување на среќни добитници на неверојатни дваесет возила со полициски ознаки со само дваесет казни за погрешно паркирање. Наградната игра ќе се вика “Возило со лисици, за да те извлечат мисици”. Право на учество имаат сите сопственици на возила со македонски регистарски таблички. За оние со бугарски таблички, главната награда ќе биде летување за двајца во полициското одморалиште на Златните песоци во Варна.
20131118-223448.jpg

- Очекуваме се да биде според законот и позитивните прописи и норми. Граѓаните кои ќе ја платат својата казна треба да бидат наградени. Ова ќе го намали притисокот за фаќање врски во МВР и практиката на кинење на казни – смета министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom