Сте развиле долга дебата, како за прв пат да се случил оваков инцидент ... Неколку пати по ред албанците беа жртви најчесто низ Аеродром ... Сега ете на македонците им беше редот...
Јас сум рекол дека се додека не се најдат и казнат сторителите, овие работи не дека нема да престанат туку ќе се множат.
Тој кој што еднаш нападнал , ќе продолжи со истото, но и други ќе се охрабрат да станат насилници, пошто ќе видат дека не е казниво дело.
Се додека вината се гледа само кај другиот, уште многу години автобусите ќе бидат бокс рингови.
Најдете македонец казнет за нападите над албанците ... Албанци казнети има, но секако вечината се на слобода.
Ова е охрабрувачко за насилниците.
Таа вечер кога беше нападот, имаше меч во ракомет , македонци одеа кон салата БТ , не сум сигурен дали беше автобусот 65 или 66 , се движеше кај Бит Пазар , млади македонци се однесуваа како диви во автобусот во кој имашеи обични патници, исто така непрекинато пееја анти-албански песни и навреди-пцуења према албанците кои се наоѓаа покрај патот... Овие мора да биде незрели, па не знаеле за можните последици, не е во ред во најпрометната улица да се провоцира така.
Си реков вечерва ќе се случи нешто(мислев ќе настрадат албанци), но медиумите известија за македонци... Жал ми е за сите невини луѓе.
Според мене недостига желба за справување со проблемот, иначе МВР често докажа дека може да пронајде разни сторители.(кога сакаат)
Кога не функсионира државата, тогаш функсионираат народните обичаи (одмазда) ... Одмаздата како традиција кај албанците довела до преселување и исчезнување на семејства ... Дали вака се делат македонците и албанците во Скопје?
За кого се овие курбани(жртви)?
Гледам и вас, но и мене ме интересира: Дали е ова некое сценарио или навистина се работи за пубертетлии кои имаат вишок енергија за истурење.