Практични совети за во кујна

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Не ја ставам темава во некој форум,туку во општи со причина,
нема тука да делиме совети и да поставуваме прашања само од
автомобилизам,здравје или гурманско, туку општо - од се и сешто.
-----------
Прво прашање од мене,какво масло за автомобил е подобро или
кое е најдобро,сега треба да го менувам, не возам многу 3000 км.
----------
Совети:
Идат празници,треба да се прави баклава и кршат ораси и лешници,
сте тргнале да купите кршач за ораси и го земате кој:
1.На око личен за 10, ама во пракса чиста нула. И баш тој го купувате.
2. Го читате ова од мене и имате кршач за ораси еден за цел живот................. Picture 964.jpg Еве го ЛЕПОТАНОТ а има и уште поубави од овој,
ама за една употреба, убаво спаковани и лични просто мамат да ги
извадите парите од портмонето. Ама за џабе врлени пари. Кршачот е
и така направен,од таков материјал и само за украс може да ви служи
ама не и за употреба за која е наменет. Еве и доказ. Нема една рачка од прво кршење.Инаку е и доста лесен и тоа е доказ да не се купува.Тоа доле е магнет
од вратичка на орман,не се лепи на „ЛЕПИОТ“ кршач,нема челик во него..............Picture 967.jpg Еве друг кршач,малку прост за око нула ама за пракса 10.
Овој кршач е изработен-лиен од челик а може да биде и хромиран или никлован.
Кршачот си има и своја позната тежина:Специфична ја викаа.Се осеќа на рака. Тежи.
Магнетот лепи,се држи на рачката од кршачот,што значи е доста цврст,и е од челик..
Па народе и членови на Кајгана,кога ќе купувате кршач за ораси и лешници не
заборавајте да понесете во џебот обичен магнет од вратичка од орман.
---------------
А знам сега ќе се јават оние со чекани,токмаци,хебли и камења да „тупат“
 
кај нас во валандово нема вакви кршачи тоа се прави со камен, традиционално :pipi:

Ете види погодив дека ќе се јавите.
Прво се јавија овие со камењава.
Сега очекувам паланчани да се јават со тесли и чекани.
Па потоа кумановски механичари со хебли и полуосовини.
И кај двата примери е вообичаено и по некој модар прст или паднат нокот.
Ама тоа е автохтона традиција од нашите места и градови.
Читајте понатаму ќе биде интересно.
 
Дома имам еден кршач бог знае од кога ми е.. одлично функционира :)
 
Дома имам еден кршач бог знае од кога ми е.. одлично функционира :)

Затоа и функционира,бидеиќи е наследство од предците.
Оди земи сега некој од новите маркети и молови,ни јајце варено нема да скршиш со нив. Само се лични прави „ЛЕПОТАНИ“, ама народов баш такви купува.
 
@Anco за маслото, кажи прво за какво возило станува збор, па ќе дадеме совет за масло.
За тоа постои тема во подфорумот за Автомобилизам и мотоциклизам.
 
@Anco за маслото, кажи прво за какво возило станува збор, па ќе дадеме совет за масло.
За тоа постои тема во подфорумот за Автомобилизам и мотоциклизам.

Знам ќе отворам и таму,но така поставив прашање за севте.
А има и нови членови,па овде е попрегледна една ваква тема.
На пример некој ќе праша како да залепи или одлепи тапети,или да поправи ВЦ казанче.
Инаку што е поскапо е подобро нели. Бензинец е Пежо- 2010 год.
Која предност имаат синтетичките.
 
Затоа и функционира,бидеиќи е наследство од предците.
Оди земи сега некој од новите маркети и молови,ни јајце варено нема да скршиш со нив. Само се лични прави „ЛЕПОТАНИ“, ама народов баш такви купува.
Е да имаше случај каде што со другар купував му требаше на него...
 
кај нас во валандово нема вакви кршачи тоа се прави со камен, традиционално :pipi:



или со ова
134%20HCO%20016.jpg
 
Ете види погодив дека ќе се јавите.
Прво се јавија овие со камењава.
Сега очекувам паланчани да се јават со тесли и чекани.
Па потоа кумановски механичари со хебли и полуосовини.
И кај двата примери е вообичаено и по некој модар прст или паднат нокот.
Ама тоа е автохтона традиција од нашите места и градови.
Читајте понатаму ќе биде интересно.

Ја очекував од тебе како стар скопјацец дека ќе се пофалиш дека ги кршиш со билбиљо.
Он, ја си земам чукче и еден трупец, си седнувам у дневна и си кршам, соседот под мене шизи, демек зграда било ова, да се вратам од селото од кај сум се спуштил. А јас домаќин човек, за баклава кршам и помагам за разлика од ќерка му што собира градски фраери у кола до моја гаража и крши ташаци, али ај многу навлегов. :D
 
Анчо, цела тема отвори да го пофалиш тој пусти кршач на ОРЕВИ :)
Јас сум да се отвори нов подфорум - Хаусмајсторско катче, и нормално ти да си модератор таму.
 
Баш тој првиот и ја го имав и се сјеба,кинеско срање ебате беља...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom