Фан клуб: ЖРК Вардар

Член од
9 март 2013
Мислења
756
Поени од реакции
379
Таа утакмица беше:) На полувреме мислам 5 разлика дека губеа, па со тоа уфрлање на Фернандез на централен бек во второ полувреме на крај победија 2 разлика:)


Инаку најмногу ми е драго за Индира што конечно им ги затвори устите на сите што викаа дека не ја бивало, ако била добар играч не значи дека ќе била добар тренер и сл. Едни што седеа пред мене на утакмицата против Ларвик дури се дрзнаа курва да ја наречат, од толку што не ја бивало...
--- надополнето: 17 ноември 2013 во 16:49 ---




Искрено, ако не се смени нешто во поглед на домашната публика, не очекувам да остане долго...Она пред се игра за публика, сака да ја сакаат и да навиват за неа и да ја поддржуваат...Научена е на тоа, Будуќност и Ѓер имаат едни од најдобрите публики кога станува збор за женски ракомет...Ако нема за кого да игра, многу лесно може да си побара нова средина...
Ќе остане и наредната сезона мислам,самсоненко во една изјава рече дека во наредната сезона ќе има само мал број на промени,2-3 ракометарки,сигурно николиќ ќе си оди.а по триумфот над Ларвик веќе салата ќе почне да се полни,пошто никој не очекуваше ваков успех,некој викаше дури кастратовиќ е тренер нема да ја победиме ни бера бера а не пак ларвик.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.880
Хахаха врти сучи ништо од Гунар Прокоп во Скопје.
Прилично сум изненаден, ама Турингер го отвори Хипо и го победи со 34-25 па на крајот заврши втор и и оди понатаму.
Леандра спремај се ако ни се паднат Турингер, а шансата е голема пошто од трите Савехоф, Турингер и Будуќнност/Ференцварош ќе ни паднат две екипи.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
756
Поени од реакции
379
Хахаха врти сучи ништо од Гунар Прокоп во Скопје.
Прилично сум изненаден, ама Турингер го отвори Хипо и го победи со 34-25 па на крајот заврши втор и и оди понатаму.
Леандра спремај се ако ни се паднат Турингер, а шансата е голема пошто од трите Савехоф, Турингер и Будуќнност/Ференцварош ќе ни паднат две екипи.
една екипа ќе ни падне,јас сакам ФТЦ ,потоа од другите две групи исто така по еден противник ќе ни се падне.Па и тирингер да не се падне ќе ги победиме,да се запри само таа Фриј што дава 10 голови на утакмица
 
R

Rigel Kent

Гостин
Хахаха врти сучи ништо од Гунар Прокоп во Скопје.
Прилично сум изненаден, ама Турингер го отвори Хипо и го победи со 34-25 па на крајот заврши втор и и оди понатаму.
Леандра спремај се ако ни се паднат Турингер, а шансата е голема пошто од трите Савехоф, Турингер и Будуќнност/Ференцварош ќе ни паднат две екипи.
Им требаше победа од 8 гола тие со 9 победиле :vozbud:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.880
една екипа ќе ни падне,јас сакам ФТЦ ,потоа од другите две групи исто така по еден противник ќе ни се падне.Па и тирингер да не се падне ќе ги победиме,да се запри само таа Фриј што дава 10 голови на утакмица
Две ќе ни паднат.
Ние сме прво пласирани од нашата група, така да во новата група по некоја логика треба да има две прво пласирани и две второпласирани екипи, а пошто ние сме една од тие првопласирани, ќе ни падне една од остатокот од првопласираните (Ѓер, Митјиланд и Крим), и две од второпласираните минус екипата која беше втора во нашата група (Ларвик)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Група А 1.Györi 2.Thüringer
Група Б 1.Midtjylland 2.Buducnost
Група Ц 1. Krim Mercator 2.Sävehof
Група Д 1.Vardar SCBT 2.Larvik


Во наредна рунда во група имаме една од Györi/Midtjylland/Krim Mercator
и две од Thüringer/Buducnost/Sävehof

Јас ги посакувам Györi, Thüringer, Sävehof.

Најмалку посакуван противник е Buducnost .
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.880
Поради тоа што две екипи кои веќе биле во иста група, не можат пак да бидат заедно во четврт финалето, можно е да ни се паднат три групи:

прва опција:
Вардар, Ѓер, Савехоф и Будуќност/Ференцварош (зависи кој ќе тепа вечерва)

втора опција:
Вардар, Митјиланд, Турингер и Савехоф

трета опција:
Вардар, Крим, Турингер и Будуќност/Ференцварош


Според мене најдобра опција е втората. Мислам дека во таа група сигурно би биле први и пошто Ѓер не би требало да има проблеми во другата група, ќе се најдеме со нив во финале, а веројатно полуфинале би играле со Ларвик :D
 
R

Rigel Kent

Гостин
Во право си :D

втора опција:
Вардар, Митјиланд, Турингер и Савехоф

Ова би било премија :)
 
Член од
9 март 2013
Мислења
756
Поени од реакции
379
Во право си :D

втора опција:
Вардар, Митјиланд, Турингер и Савехоф

Ова би било премија :)
Митјиланд се незгодни,а овие Савехоф се изненадување во лигата на шампионите,мислам ова му е најголем успег што се пласираја исто како и на жрк вардар сцбт.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Митјиланд се незгодни,а овие Савехоф се изненадување во лигата на шампионите,мислам ова му е најголем успег што се пласираја исто како и на жрк вардар сцбт.
Им го гледав составот на Савехоф , немаат некоја екстра ѕвезда , инаку Митјиланд се незгоден противник но мислам дека би излегле победник во однос на двомечов со нив (сеедно дали пораз таму , важно би ги победиле дома со поголема разлика ). Турингер и Савехоф се посакувани противници , но Будуќност не го посакувам во група .
 
Член од
9 март 2013
Мислења
756
Поени од реакции
379
Им го гледав составот на Савехоф , немаат некоја екстра ѕвезда , инаку Митјиланд се незгоден противник но мислам дека би излегле победник во однос на двомечов со нив (сеедно дали пораз таму , важно би ги победиле дома со поголема разлика . Турингер и Савехоф се посакувани противници , но Будуќност не го посакувам во група .
Савехоф со истиот состав играат 5 години,и од година во година одат чекор по чекор,инаку и јас не го посакувам Будуќност
 
R

Rigel Kent

Гостин
Будуќност ги совлада ФТЦ со резултат 29:21 и е можен противник на Вардар .
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.159
Поени од реакции
2.758
Будуќност тепаа па така и они се пласираа во втората рунда.Играат добра одбрана а имаат и добра бековска постава со Далби,Кнежевиќ,нашата Георгиевска,Биздра,Неагу итн..Имаат и навивачка група која знае да повлече во сала па така ќе ни биде тешко ако се паднат со нас.
Нормално не ги сакам ни Ѓер во група бидејќи тие се главниот фаворит за освојување на титулата.И они и ФТЦ имаат навивачка група и знаат да направат еден мини пекол во сала.

Е сега Мидтилјанд ќе не утепаат со оној нивни Дански брз центар ама пак имаат прекрасни ракометарки уф уф уф посебно крилата :love:

Женскиот тим на Савехоф добиваат повеќе пари од машкиот ама и со тие многу пари не успеваат да скрпат добар тим.Сите играчи им се Швеѓанки и играат долго време заедно ама мислам дека може да ги добиеме.

Јас би идел со Љубљана,Будуќност и Турингер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom