Пред известно време доживеав нешто чудесно.
Луѓе (слични на Let3, Omer, Мухамед и компанија) дојдоја да ме убедуваат дека
Тросветиот БОГ не е вистина, туку лага. После читањето на нивните силни книги и убедувања (кои не се страмеа да ја злоупотребуваат и Библијата), појдов до ближното езеро да се прошетам.
Во душава и срцево (и поради други причини) ми беше толку тешко,
што во очајна молитва повикав кон Живиот БОГ (Отецот) и го замолив да ми го разјасни прашањето и тајната за
Неговата Тросветлост.
Денот беше страшно темен и ладен. Небото затворено со црни и дебели облаци.
Само неколку секунди по молитвата, туку почуствувам убава топлина на мојот грб, а во радиус од околу 10 метри (само околу мене) прекрасна светлина.
Јас се завртев и погледнав нагоре, гледајќи дека во дебелата покривка од црни облаци како со нож пресечен отвор низ кој сјае сонцето, точно над мене.
Во тој момент во срцето ми помина нешто неопишиво:
1 сонце (извор). 1 сончева светлина 1 сончева топлина, не се три сонца, туку ЕДНО!
Сонцето (изворот) е сонце, сончевата светлина е исто така (неодвојив дел од тоа) сонце и сончевата светлина е исто така (неодвојив дел од тоа) сонце!
Да, во тој момент преку сонцето
Живиот БОГ (
Отец) ми покажа нешто толку важно, што сите силни умови, учења,теории, ... и книги на неверните книжници, никогаш не можеле, нити пак некогаш ќе можат да го сторат!
Чудесен е Живиот БОГ! Чудесен и Прекрасен!
ХалелуЈАХ!!!
.