Нема шанси,не се залетувај толку.Никој на сите Вселенски собори до сега почнувајќи од Никеја па до последниот не дал логично објаснување на Тројството.А што е најжалосно дури сите протестантски заедници кои ја прифатија таа догма само ја ископираа целосно од Симболот на Верата,од Католичката Црква и Православната.Со исклучок на Јеховините сведоци,Мормоните,и сега некои новокомпонирани групи како Only Jesus,кои веќе отворено кажуваат дека нема друг Бог освен Исус,ниту Отец,ниту Свети Дух.Не постои разумно објаснување,за таа догматика,јас дури би оставил и кладба со тебе,ако дадеш целосно објаснение на тоа Тројство.Бидејќи имам прочитано доволно теолошки книги од таа проблематика и никој теолог не се осудил да каже отворено бидејќи се коси со сите закони.Дали биле Тројца,или еден со Три Глави во Три суштества,или Три Духа во едно Суштество(Бог).Нема поарен одговор од тоа дека Бог е еден и Семоќен,како што веруваат Евреите или Муслиманите,се друго е излишно.