Природна медицина

Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
КАЛИНКА
Кој од небото спушта вода, па Ние потоа со нејзина помош правиме да никнат сите видови растенија и од него да израсне зеленило, а од него класје густо, и од палмите, од семките, гроздови лесни за берење, и градини со лоза засадени, особено маслинки и калинки, слични и различни. Набљудувајте ги, затоа, плодовите нивни, кога ќе се појават и кога зреат.(Ел Енам, 99) Исто се спомнува и во Куранските ајети во сура Ел Енам, 141 и Ер Рахман, 68.

Во хадисите за калинката ни пренесува Енес бин Малик(р.а.) преку Пратеникот алејхи селам дека кажал: „Не постои калинка која нема дел една од калинките во Рајот во неа. (Абу Нуаим)

Пратеникот алејхи селам кажал: „Калинката и нејзината кора го јакнее варењето (стомакот). (Пренесено од Алија р.а. и Нуаим)

Калинката ( Punika granatum) е грмушеста овошка со низок раст на листопадни дрвца кои растат до 5 метри височина. Потеклото е од Персија. Најодгледувана е во Турција, Тунис, Шпанија, Ирак, Кина, Калифорнија, Русија. Кај нас најмногу успева во потоплите делови на земјава, Валандово, Гевгелија, Дојран. Најмногу и одговара плодна и растресита почва, заштитена од ветрови. Зреењето, зависно од сортата е во првата декада на октомври до третата декада на октомври, бербата е во 2-3 наврати. Цветот е светло црвен, многу атрактивен и цвета во неколку фази.

Плодовите се со големина од 5-12 см во дијаметар со заоблена шестоаголна форма во кој се наоѓаат околу 600 водести семки кои се со црвена до виолетова боја. Калинките се богати со природни хранливи и лековити материи. Во исхраната калинката најчесто се конзумира како свеж сок, желе,ладни и топли сосови, густ сируп кој е засладен и е добар како додаток во коктели,за вкус во колачи.

Лековити својства: Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Калинката односно нејзиниот сок содржи големо количество на антиоксиданти, кои го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.

Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо. Може да помогне и кај лицата со срцеви заболувања. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Исто така, калинката помага и во намалувањето на симптомите поврзани со стареењето. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените.

Калинката содржи голема количина фенолна елагична киселина. Оваа фитохемикалија е силен антиоксидант и делува против ракот. Истражувањата покажаа дека делува во превенцијата на најраните хемиски реакции кои можат да доведат до рак.

Растителните хормони кои се наоѓаат во калинката го намалуваат ризикот за појава на рак на простата.

Една студија покажала дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е да со месеци се пие секојдневно по 250 мл сок.

Сепак, има мал број на студии кои ја испитувале улогата на сокот од калинка во превенција и спречување на ширење на ракот на простатата, па затоа се потребни дополнителни испитувања, за да со сигурност се открие дали тој навистина дава одреден бенефит кај пациенти со рак на простата.

Во однос со другите сокови и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок, содржи најмногу антиоксиданти. Тие го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Слободните радикали го менуваат холестеролот во процесот на оксидацијата, за која се смета дека го забрзува процесот на задебелувањето на крвните садови и ја намалува нивната еластичност. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка ја намалува оксидацијата на холестеролот.

Чај од кора од калинка многу помага при дијареа како што ни го спомнал и Пратеникот а.с., а препорачлив е и за многу мали дечиња. Се зоврива околу половина литар вода, се ставаат 3-4 парчиња кора од калинка, се намалува температурата се вари уште 5 минути, се трга од шпорет и се остава поклопено да отстои уште 15-тина минути. Се разладува и се пие во текот на денот.
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Багремов медПогоден е за болни кои имаат проблеми со варењето и делува смирувачки на целиот организам. Може да го консумираат и децата помлади од три години.
Ливадски медСодржи повеќе етерични масла и им се препорачува особено на срцевите болни, а може да помогне и кај респираторните заболувања.
Липов медИма антисептичко дејство и се користи при грип, бронхит....
Шумски медСодржи 13 пати повеќе минерали од цветниот мед. Особено се препорчува на оние кои страдаат од анемија.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Некаков лек за шината рака, шината ми е од многу одамна, ама никогаш не престанала да ми прави проблеми, знае некој како да се излечи?
Е многу одамна за вакви работи цел свет го бараше „железничарот“ под Кале.(починат)
Ама таква рака нема повеќе овде.Пробава нешто синовите или внуците -работат.
Е со каков успех незнам,иако и јас сум одел таму да барам помош.
Дали има тема за овакви лица овде на Кајгана незнам,оти ги има насекаде сега,ама повеќето се лажговци како оној во Кадино. Пробај кај Васе во Јурумлери.
( е за тој Васе,да пишам сакам или тема да отворам за такви лица од цела Македонија, да научиме што лечат и со каков успех-но на многумина нема да им се допадне,не затоа што не треба таква тема,или дека не чини,него им смета што е само од мене отворена)
А има и во Маџари и Драчево за истата болка,лица како ги викаа-надрилекари.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.660
Поени од реакции
8.671
Е многу одамна за вакви работи цел свет го бараше „железничарот“ под Кале.(починат)
Ама таква рака нема повеќе овде.Пробава нешто синовите или внуците -работат.
Е со каков успех незнам,иако и јас сум одел таму да барам помош.
Дали има тема за овакви лица овде на Кајгана незнам,оти ги има насекаде сега,ама повеќето се лажговци како оној во Кадино. Пробај кај Васе во Јурумлери.
( е за тој Васе,да пишам сакам или тема да отворам за такви лица од цела Македонија, да научиме што лечат и со каков успех-но на многумина нема да им се допадне,не затоа што не треба таква тема,или дека не чини,него им смета што е само од мене отворена)
А има и во Маџари и Драчево за истата болка,лица како ги викаа-надрилекари.
Имаше тука еден во Велес се викаше Рибарски, би требало да го знаеш, човекот беше експерт, како мал ме носеа кај него и човекот беше стварно многу добар, но сега почина а никој не го наследи него, пробуваше син му ама џабе е, не беше за тоа, би побарал ако некогаш не носи патот накај Скопје, фала. :)
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Некој знае некоја алтернатива за Рак поточно Липосаркома ? ако може по можност за надворешна употреба..
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Бог да го прости,мое сочуство:(

Да сме ние здрави и живи... драго ми е што се боревме храбро до самиот крај,и сакам да им кажам на сите други дека ракот е чиста судбина дали ќе се излечи човекот или не.Очекувајте го најлошото надевајте се на најдоброто...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да сме ние здрави и живи... драго ми е што се боревме храбро до самиот крај,и сакам да им кажам на сите други дека ракот е чиста судбина дали ќе се излечи човекот или не.Очекувајте го најлошото надевајте се на најдоброто...
бог да го прости човекот друже ама саркомата не е судбина, се знае што те чека. Потекнувам од докторска фамилија и имавме таков случај, мислам дека ти пишував на една тема. Ништо не можеш со саркома, џабе е се. Најстрашно нешто.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
бог да го прости човекот друже ама саркомата не е судбина, се знае што те чека. Потекнувам од докторска фамилија и имавме таков случај, мислам дека ти пишував на една тема. Ништо не можеш со саркома, џабе е се. Најстрашно нешто.

знам ама тоа реков дека видов на интернет случаи каде што се излечиле и овде на балканов има,имавме надеж до крај,и сега да беше жив уште ќе верував,имав огромен оптимизам.. ама она што е Божја Волја е најголемо од се... тоа е едниствената работа која човекот неможе да ја смени а мора да ја прифати..
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Homeopatija je priridan i veoma efikasan način lečenja oboljenja bez korišćenja hemijskih lekova, ili uz njihovu minimalnu primenu. Ovaj vid lečenja je nastao još u staroj Grčkoj, a u poslednjih dvesta godina intenzivno se primenjuje širom sveta.Homeopatija uspešno leči niz fizičkih i psihičkih oboljenja kao što su kašalj, prehlade, grip, alergije, stomačne tegobe, upala grla i ušiju, anksioznost, poremećaji ponašanja i mnoga druga. Homeopatski lekovi se prave od supstanci iz prirode i deluju ne samo na naše fizičko telo, već i na naš um i emocije,dovodeći ih u ravnotežu.
 
Член од
26 ноември 2012
Мислења
57
Поени од реакции
27
Здраво, дали има некој од искуство да потврди што користел лек од Атанас Пчеларски и дали навистина помага? И дали некој знае отприлика по колку пари наплатува за лековите? Може и во пп да ми пишете. Ви благодарам однапред.
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Здраво, дали има некој од искуство да потврди што користел лек од Атанас Пчеларски и дали навистина помага? И дали некој знае отприлика по колку пари наплатува за лековите? Може и во пп да ми пишете. Ви благодарам однапред.
Веројатно е индивидуално тоа... Моја колешка користеше сируп против кашлица од него, рече како било кој сируп, така што... Мислам дека беше некаде 300-400 ден. шишенце. Мене кај таквите лекови ми пречи само тоа што се прават без никаква контрола, значи ниту за состојки, ниту за хигиена, ниту за постапката на правење, за сѐ мора на жими мајка да му веруваш на човекот. Посебно сум претпазлива ако треба на дете да се дава нешто, многу сум скептична.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom