Германски јазик

Читам, слушам, гледам, зборувам...Граматикава едноставно неможеш да не ја згрешиш. После колку години живеење на Германско подрачје ќе можеш барем со 90% граматички да си исправен?
Мислам дека нема врска колку години си во Германија.
Кога ќе научиш како иде после автоматски ќе излегуваат зборовите без да се трудиш.
Незнам колку долго си во Гер.ама во секој случај на најблиските кои се околу тебе и го владеат добро германскиот речи им да те исправаат при грешки.
Важно е.
Понака добро е основните поими како
der,die,das да знаеш да ги претвараш во номинатив,акузатив,датив и генитив нормално во соодветни времиња притоа запазувајќи ги формите на множина и еднина.
Тоа е основно.
Ако тоа не го скопчаш ќе правиш секогаш грешки.
И немој да се срамиш да збориш плашејќи се од грешки.
Од грешките учиме.
 
Јас во прва година средно се префлив од руски на германски и ми претешко додека да се вклопам со останатите ученици кои веке три години предходно го изучувале.Сега ќе одам втора но сепак успеам да се вклопам малку по малку .Кога се работи се е можно.
 
Мислам дека нема врска колку години си во Германија.
Кога ќе научиш како иде после автоматски ќе излегуваат зборовите без да се трудиш.
Незнам колку долго си во Гер.ама во секој случај на најблиските кои се околу тебе и го владеат добро германскиот речи им да те исправаат при грешки.
Важно е.
Понака добро е основните поими како
der,die,das да знаеш да ги претвараш во номинатив,акусатив,датив и генитив нормално во соодветни времиња притоа запазувајќи ги формите на множина и еднина.
Тоа е основно.
Ако тоа не го скопчаш ќе правиш секогаш грешки.

Да е само тоа добро ќе биде, ама не е работата само во падежите.И овие падежи се за определен член, а за неопределен :)?А конјугирањето на глаголите, споредните реченици, значењата на конјуктив 2 и друго......Цел процес е, треба пополека да се учи.
И кога ќе ги научиш падежите пак нема да знаеш како да одредиш која именка припаѓа на машки, која на женски, која на среден род што е најголемиот проблем за сите кои учат германски јазик.Има финти за тоа, ама ретко па и кој ги знае....
 
Да е само тоа добро ќе биде, ама не е работата само во падежите.И овие падежи се за определен член, а за неопределен :-)?А конјугирањето на глаголите, споредните реченици, значењата на конјуктив 2 и друго......Цел процес е, треба пополека да се учи.
И кога ќе ги научиш падежите пак нема да знаеш како да одредиш која именка припаѓа на машки, која на женски, која на среден род.Има финти за тоа, ама ретко па и кој ги знае....
Јас кажувам што е најбитното.
Ако тоа се сфати ќе ја сфатиш и финтата.
Останатото си доаѓа автоматски само по себе.
 
Јас кажувам што е најбитното.
Ако тоа се сфати ќе ја сфатиш и финтата.
Останатото си доаѓа автоматски само по себе.

Не е баш така со именките, со определувањето на родот на именките на почетокот секој почетник си има најмногу проблеми.Најмногу се збунуваат почетниците баш со членовите, не знаат кој член на која именка да го стават а тоа е и те како потребно во германскиот јазик и при секојдневниот говор, зошто ако не го знаеш тоа, исто како да не го знаеш јазикот, а секоја именка си е подредена на некој член.Ти тоа што го говориш е учењето на именките и нивните членови на памет, ама има и одредени работи кои го прават полесно тоа учење а тоа и не помага секогаш, па така ако не си сигурен на пример за некоја именка која не си ја сретнал можеш да се ориентираш по тие работи.
 
Да тоа јасно е.
Но ете од прилика така го научив јас јазикот и го владеам перфектно.
 
Македонски да пишувате граматички нема да бидете 100% исправни, а не пак Германски. Дај не заебавајте со вакви преписки. Туку пишете како полесно да се научи за да може човек да се разбере.

Почни да зборуваш. Ќе ти биде незгодно, ќе правиш грешки, ама сите така учеле. Не им кажувај да те исправаат на секоја грешка, туку само ако нешто грешиш постојано.
Има и курсеви за странци. Препорачувам тринеделен, двонеделниот е без врска и за џабе ќе си ги дадеш парите.
Побарај книги за почетници - обично се кратки крими приказни.
Фил Глук!
 
Како Албанец у Македонски јазик сум :icon_mrgr:
 
Македонски да пишувате граматички нема да бидете 100% исправни, а не пак Германски. Дај не заебавајте со вакви преписки. Туку пишете како полесно да се научи за да може човек да се разбере.

Rosetta Stone , dosta korisno i odlicno za ucenje, ima 5 nivoa.
 
Дечки потслушнав дека имало некакви курсеви за германски кои биле организирани од страна на општините и обично во средните училишта се одржувале. Личноста која ми го спомна ова не беше сигурна и информирана за сега но пред неколку години било така. Или пак некој курс за германски со прифатлива цена, бидејќи цениве како се набилдани небаре со германскиов милионер се станува преку вечер.
 
Сега за сега нема ништо такво.......
приватни часови цената е некаде околу 300 денари од час
 
Каде може да се полага за диплома (DSD II Stufe B2/C1) или било каква диплома призната што ќе биде ? :D
 
Ich habe .......... Brief geschrieben. Кој член треба тука да стои:

a) der
b) des
c) dem
d) den

Ајде да ја „воскреснеме“ темава. :-)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom