Формула 1 - сезона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Би било добро да го видиме Валсеки да го замени Раиконен (y)
 
Како се ближи крајот на оваа, Ф1 тимовите ги откриваат адутите за следната 2014 сезона!!!

Finali Mondiali 2013


Ферари овој викенд му оддаде почит на Фелипе Маса, својот возач во заминување, посветувајќи му ја финалната приредба надвор од патеките за оваа сезона, што традиционално се одржува секоја сезона. Маса, кој има 11 Победи и беше блиску до Титулата во 2008 година по поминати осум години со Скудерија, го напушта тимот за да направи простор за поранешниот тимски колега Кими Раиконен.(165 Фотографии)

http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/blog-post_11.html

ОФИЦИЈАЛНО: ФЕЛИПЕ МАСА ВО ВИЛИЈАМС

Веднаш по завршувањето на прошталната забава со тимот на Ферари, неговиот следен тим од идната сезона, Вилијамс Ф1, издаде официјално соопштение во кое се вели дека Фелипе Маса ќе се приклучи на овој тим и ќе вози како тимски колега на Валтери Ботас од 2014 сезоната. Со новиот возачки тандем се одразува определбата на Вилијамс да го врати тимот на патеките на успехот.

http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/blog-post_8881.html

НЕОФИЦИЈАЛНО: КЕВИН МАГНУСЕН КАКО ЗАМЕНА ЗА СЕРЏО ПЕРЕЗ ВО МЕКЛАРЕН

Според Британскиот Аутоспорт, кој добро ги знае состојбите во тимот на Мекларен, објави дека главните луѓе на овој тим донеле конечна одлука да се замени Серџо Перез со Кевин Магнусен за 2014 сезоната. Тимот одлучил, Формула Рено 3.5 Шампионот да го промовира во свој возач, иако официјалниот договор се уште не е потпишан. Во тимот на Мекларен не биле задоволни од неконстантната форма на Серџо Перез, особено од неговото возење за време на Абу Даби ГП-то.

http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/blog-post_8923.html
 
http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/blog-post_8881.html

НЕОФИЦИЈАЛНО: КЕВИН МАГНУСЕН КАКО ЗАМЕНА ЗА СЕРЏО ПЕРЕЗ ВО МЕКЛАРЕН

Според Британскиот Аутоспорт, кој добро ги знае состојбите во тимот на Мекларен, објави дека главните луѓе на овој тим донеле конечна одлука да се замени Серџо Перез со Кевин Магнусен за 2014 сезоната. Тимот одлучил, Формула Рено 3.5 Шампионот да го промовира во свој возач, иако официјалниот договор се уште не е потпишан. Во тимот на Мекларен не биле задоволни од неконстантната форма на Серџо Перез, особено од неговото возење за време на Абу Даби ГП-то.

http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/blog-post_8923.html



СерЏо Перез, а? СерЏо ??? Sir. Joe Perez...
 
Денес го разрешија Перез :( ! Криво ми е за детето, дојде во тимот во најлошиот период последниве години и го шутнаа после само 1 сезона. Пак ќе се повторам, ако му каснеа спонзорите (имаше такви муабети) и тука лежел зајакот, тогаш донекаде го разбирам тимот. Да не се лажеме - парата го врти Светот. Така е во сите спортови, така е и тука. Ама ако му се фатија само за резултатите и тука му најдоа замерка, срам да им биде. Чеко и Хулк се двајцата најхот млади возачи во Ф1 моментално и МекЛарен треба да се преиспитаат ако поради второто се ослободија од својот. Најверојатно местото ќе му го пополни Кевин Магнусен - шампион во Формула Рено 3.5 категоријата и дете на МекЛарен.

Еве му го и опрошталното писмо. Му посакувам се' најдобро во кариерата, да си најде добар тим и да продолжи таму каде што застана со Заубер. Штета со МекЛарен ќе му остане само црна епизода во кариерата.
1452175_10151835768673043_305658337_n.jpg
 
Дури и на мене како фан на Ферари ми е криво за Перез,мислам дека требаше да му дадат уште една шанса,возеше во многу моменти со вжештена глава но така е со возачи кој се во фаза на докажување,и Хамилтон имаше испади па прерасна возачиште ипол,треба искуство за све па така и на Перез мислам дека заслужи да му дадат уште една година.
 
Ај да видиме дали детево ке успее да го повтори дебитантскиот успех на Хамилтон :)

Еххх 2007ма беше дрим тим сезона. Се погодија Луис како еден најатрактивните таленти своевремено и МекЛарен со најјакиот болид што го имаат извадено во последнава деценија (и од шампионскиот во 2008 беше појак). Не знам колку и што може да покаже детето, ама јас сеуште сметам дека екипата треба сериозно да се испоти зимава и да го предокара малце болидот за 2014, оти оваа сезона на ништо не личеше. Ниедно постоље - Бруки.
Искрено, спектик сум и мислам дека и догодина ќе биде иста песна со болидот. Ама во 2015та со моторите на Хонда и шефовите за аеродинамика на РБ, МекЛарен ќе биде интересен за гледање. :cool:


ПС - Ковалаинен со кам-бек во Лотус до крајот на сезоната. Комедии ! :ROFLMAO:
 
Кога се квалификациите (во наше време) ?
--- надополнето: 16 ноември 2013 во 13:44 ---
Кога се квалификациите (во наше време) ?
 
Додека траат Квалификациите...
РАЗДВИЖУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ ЗА ВОЗАЧИ ЗА 2014
Едно од најголемите изненадувања за 2014 сезоната го приреди Ферари, каде се решија да не го продолжат договорот на Фелипе Маса, а на негово место го донесоа Кими Раиконен. Со тоа ја прекршија својота традиција да имаат 1 и 2 возач. Шампионското дуо очекуваат да им донесе подобри шанси, ако не друго за Титулата во конструктори. Бразилецот премина во Вилијамс Ф1.

Потврдените и најверојатни гласини за возачите постави, тим по тим на следниот линк:


http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/2014.html
 
Валтери Ботас наредната сезона мислам дека ке напрае некој резултат позначаен а до крајо на ваа сезона барем некој поен ке освое. :)
 
Себастијан Ветел повторно го постави најбрзото време и на денешните Квалификации, и за една десетинка беше побрз од својот тимски колега, кој се погрижи првиот ред да биде резервиран за Ред Бул. Зад нив ќе бидат Роман Грожан и одличниот во последно време Нико Хулкенберг, кој и покрај одличните перформанси не може да најде возачко место за следната сезона. Од третиот стартен ред ќе стартуваат Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо, веднаш зад нив Серџо Перез и Хеики Ковалаинен. Финецот го имаше првиот свој пласман во Q3 од далечната 2009 година на трката во Јапонија. Валтери Ботас и Естебан Гутиерез го заокружи Топ 10 пласманот. За ужување на Мексиканската публика двата нивни миленици возеа до самиот крај на сесијата.


П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:36.338
2. Марк Вебер Ред Бул 1:36.441 + 0.103
3. Роман Грожан Лотус 1:37.155 + 0.817
4. Нико Хулкенберг Заубер 1:37.296 + 0.958
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.345 + 1.007
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.376 + 1.038
7. Серџо Перез Мекларен 1:37.452 + 1.114
8. Хеики Ковалаинен Лотус 1:37.715 + 1.377
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.836 + 1.498
10. Естебан Гутиерез Заубер 1:38.034 + 1.696
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:37.065 Разлика
11. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:38.131 + 1.066
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:38.139 + 1.074
13. Џенсон Батон Мекларен 1:38.217 + 1.152
14. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.364 + 1.299
15. Фелипе Маса Ферари 1:38.592 + 1.527
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:38.696 + 1.631
Q1 Најбрзо време: Валтери Ботас 1:37.821 Разлика
17. Адријан Сутил Форс Индија 1:39.250 + 1.429
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:39.351 + 1.530
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:40.252 + 2.431
20. Чарлс Пик Катерам 1:40.398 + 2.577
21. Жил Бјанки Марусија 1:40.528 + 2.707
22. Макс Чилтон Марусија 1:41.401 + 3.580
107% Време: 1:44.668

Повеќе на http://mkformula1.blogspot.com/2013/11/2013_16.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom