Дали кладењето е коцка?

N

Nicky Santoro

Гостин
Кладењето е коцка! Повеќе од јасно е тоа .
Е сеа, гледам се муабетите овде за дали може да си плус или не.Убаво си кажува погоре еден член, има луѓе што живеат од кладилница.
Јас сум во добар плус од кладилница(али не живеам јас од тоа си имам и др работа)
Како сум успеал да сум во плус? Многу многу следење и соработување со луѓе слични на мене од балканов и пошироко.А вистина е и дека последнава година профитот ми е мн помал во споредба со претходни 7-8 години.
Најосновно за да бидеш во плус е да имаш самоконтрола и да не алчиш безглаво како некој шупак.И се разбира, мн мн кеш за уплата.
Просечен влог ми е 20 000+ на тикет најчесто дабл или трипл.
утакмици под 1,6 не играм НИКОГАШ ! Според мене е неисплатливо да се пише нешто под 1,6 на тикет и колку и да си сигурен дека тимов ќе победи секогаш постои онаа друга опција а таа е местенка на кладилниците.
Да се ппрашувам јас дали е исплатливо или не ќе речам дека е али имаш преголем психички напор и избегуваш од реалноста.Епа стави си ти на вага па види дали ти одговара.Има секојдневно мн бомби утакмици кои се штелуваат од кладилниците и цицаме сите ние.Затоа не се игра безглаво треба да се внимава да се анализира,....има мн виша математика овде не е се така едноставно.Да, да пишиш едно ливче за 100,200 или 500 денари нема мн математика си пишуваш тоа што ти изгледа добро и чао пријатно.АМа ела играј за поголеми пари ќе видиш кај се раѓа лебот има да се испотиш од мислење.
Можеби не ви се изразив најдобро во постов и нема баш потполно да ме сватите али тоа е не сум јас образован како некои др :D
И за крај , мојот профит од кладилници го сведувам на ''шестото сетило'' , сенс ...тоа е она најважното а незнам како да го дефинирам поинако.Нешто што се усовршува со мн мн години следење, искуство,....
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.586
Поени од реакции
87.934
Играм за 20 денара неделно... многу ретко се кладам пон-пет кога има ЛШ/ЛЕ. Па не се многу да фрлиш 20 денари за занимација, а еве веќе се кладам 7-8 години. Порано кога беа по 50 денари минимална уплата, по еднаш месечно се кладев, гледав да штедам :icon_mrgr:.
И искрено не ми е за парите што ќе ги фатам, играм на сигурно (и секад губам ), на натпревари со помали коефициенти. Со 20 денари максимално што можам да фатам се 500 денари...

Ситна роба, дуќанчиња.... :icon_lol:

Имаше еден случај додека бев во кладилница, еден од "браќава" фати 200.000 на ливче. Абе радоси, ќефови, па ајде частења ова-она, и... до вечер гледаш сите пари ги скурцал пак на кладење:pos:

П.С. Се немам кладено еве веќе месец дена, ме мрзи до кладилница да појдам :coffee:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.075
Поени од реакции
2.023
И е коцка и не. Зависи од тоа колку вложуваш, ако вложуваш по 50, 100 ден на недела колку да пратиш фудбал и резултати според мене не е коцка. Но доколку ставаш поголеми суми е коцка.

Во добивка да си од спортска тешко, освен ако не си директно поврзан со „мафија“ или да си роден под среќна ѕвезда.
Имам другар за кој од како знам е нонстоп со билтен, кога одевме во школо тој наместо книги си носеше билтени од сите обложувалници, и до ден денес не се смени.
Од сите што ги знам што играат само за него можам да кажам дека е во плус.
Пратам повеќе фудбал и знам повеќе од него ама џабе кога си има среќа. Пуно пати земам препишам некој тикет што го игра за поголема сума, џабе паѓаме и двајцата, после тој си уплати нешто сам и добие.
Тоа е тоа што е потребно само среќа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Грубо гледано, постојат три категории на луѓе кои се кладат.

Првата категорија е најмногубројна. Се кладат за многу ситни пари, 100 до 300 денари неделата. Добиваат многу ретко, и кога ќе добијат таа добивка не ги покрива до тогаш изгубените пари. Се работи за класични рекреативци, кои на кладњето гледаат како извор на ефтина забава, социјализација, ремет. Најчесто пишат тикети со многу парови, и појма немаат ниту од стратегија ниту од математика. Тешко може да се каже дека се коцкари, и дека имаат порок. Оваа категорија на луѓе се солта на кладилниците, основата на која почива целата индустрија.

Втората категорија на луѓе кои се кладат се полупрофесионалци. Тие се всушност најголемите лузери во кладилниците, и тоа се луѓе кои најмногу губат пари и најчесто лошо завршуваат. Се работи за ликови кои имаат солидно познавање од спортот, но скоро никакво од теоријата на кладењето. Уплаќат поголеми суми, да речеме неделна упата од 2000 до 10 000 денари, им се потсмеваат на ситните риби, но всушност се во многу полоша ситуација од нив. Најчесто играат 3-4 пара на тикет, и сметаат дека тоа е исправен начин на кладење.

Третата категорија е најретка. Спрема проценките, се работи за 2-3 % од сите оние кои се кладат. Имаат формирано банка за кладење, играат ИСКЛУЧИВО синглови, гледаат секоја уплата да има вредност. Се обидуваат статистиката и веројатноста да биде на нивна страна.
Тоа се луѓе кои сфатиле дека кладењето не е годење глинени гулаби, и дека не треба само да погодиш, туку треба да погодиш по вистинска цена.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Kakva je razlika između sportskog klađenja i
kockanja?
Razlika je velika, osim ako ovu plemenitu disciplinu
sami ne stavite na razinu sirovog kockanja. Sportsko
klađenje se po mnogočemu razlikuje od kocke. Ovdje sami
birate svoje bitke, svoje ratove. Imate na raspolaganju
bezbroj informacija, a ako ih kvalitetno obradite možete
dobitne izglede okrenuti u svoju korist.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Ма не е коцка бре...:D
Ставаш секој ден по 100 денари на тикет од 5 коефициент...па нема шанса 5 пати по ред да промашиш толкав коефициент...секако си ќар или барем ќе се вратиш...
Само треба да се држи дисциплина...да се уплаќа се по 100..не како едно другарче почна така да фаќа секое второ трето ливче..полакоми се почна на илјадарки да става....на крај продаде си колата :pos::pos:
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ако ти држи гзот ќе си играш спортска и на поголеми пари т.е ќе се надеваш дека ќе фатиш, а ако не,ќе си играш по 20 ден неделно како дечкото погоре.:icon_lol:
Ако те фати мрза еден месец да не одиш в кладилница,наредниот ќе играш по 40.:icon_mrgr:


Спортското обложување за мене е хоби,занимација.

Ако изгубиш голема пара ќе си легнеш со кокошките за да ти замине нервозата,нормално доколку некој поседува нервоза во себе а ако фатиш ќе си го видиш животот.И така.
 
Член од
2 јануари 2011
Мислења
1.561
Поени од реакции
1.012
Ма не е коцка бре...:D
Ставаш секој ден по 100 денари на тикет од 5 коефициент...па нема шанса 5 пати по ред да промашиш толкав коефициент...секако си ќар или барем ќе се вратиш...
Само треба да се држи дисциплина...да се уплаќа се по 100..не како едно другарче почна така да фаќа секое второ трето ливче..полакоми се почна на илјадарки да става....на крај продаде си колата :pos::pos:
те молам кажи дека не си озбилен со ова
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Озбилен сум. Ќе најдеш 5-6 утакмици..отпадокот по 1.20-1.4 и така...3 фудбали и друго кошарка и ракомет...
Ајде да се кладиме дека од 7 талони што ќе напишеш следната недела, тука на форумот, со по 5 коефициент, по еден на ден, најверојатно нема да погодиш ниту еден, или во најдобар случај еден, и пак ќе бидеш зијан.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Ајде да се кладиме дека од 7 талони што ќе напишеш следната недела, тука на форумот, со по 5 коефициент, по еден на ден, најверојатно нема да погодиш ниту еден, или во најдобар случај еден, и пак ќе бидеш зијан.
Ајде бе...ќе пишувам тикети секој ден...на што сакаш кладба?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ајде бе...ќе пишувам тикети секој ден...на што сакаш кладба?
Во пари, се разбира. Кажи сума, ќе ја уплатиме кај некого во кого двата имаме доверба, и потоа тој ќе му ја уплати на победникот.

Значи, кладбата е дека ти после 7 обиди со 5 коефициент ќе бидеш во минус.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Во пари, се разбира. Кажи сума, ќе ја уплатиме кај некого во кого двата имаме доверба, и потоа тој ќе му ја уплати на победникот.

Значи, кладбата е дека ти после 7 обиди со 5 коефициент ќе бидеш во минус.
На пример кај мене!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.402
Поени од реакции
4.266
Не сум некој голем играч ама еднаш или два пати во неделата уплаќам по 100- 200 денари. Оддамна не сум добил ама моето играње е чисто спортски, ништо озбилно... Кладилниците се измислени за тие да добиваат во спротивно ке ги затворат. И знам дека не постои шема или математика која ти гарантира сигурна добивка ама интересно е кога се слушаат некои шеми од пасионирани играчи кои теоретски навистина изгледаат убедливо но незнам дали некој ги пробал во пракса. На пример интересна ми е онаа математика да се игра постојано х на еден ист тим притоа секое наредно коло уплатата да биде поголема од сето дотогаш загубено така што кога избраниот тим ке изигра х целата дотогашна загуба се претвора во трикратна заработка (обично за х коеф. е околу 3). Целата оваа математика се базира на тоа што ако го погледнеш билтенот при крајот на првенствата ке видиш дека не постои тим кој не изгирал барем еднаш нерешено. Е финтата било тоа што човек требало да има повеке пари за да може да издржи да го дуплира влогот ако х малку се позабави. Не сум пробал да играм по оваа математика ама ми изгледа интересно па ако некој пробал или знае каде е волкот во прикаската би сакал да ја искоментира оваа шема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom