Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Каде жити очи прочита дека пушењето го сметам за штетно. Мислам стварно да не почна да се губиш од чистиот воздух и здравата храна?
Па нели кажа дека на децата ќе им забраниш да пушат цигари, тоа ќе го направиш зошто пушењето НЕ го сметаш за штетно?
Дај одлучи се, жити се... :)
 
Значи воопшто не си запознаен како функционираат овие работи.
По твојата логија треба да се забранат и автомобилите на фосилно гориво а и да се затворат сите фабрики. Или па државата го дозволува ова сите да се труеме и да одиме на болница.

Дали пиеш алкохол? Државата ти го дозволува тоа за да се пијанчиш да одиш на инфузија да плаќаш по болници.
Зошто во супер маркет се продава храна со конзерванси и многу други хемикалии, за сите ние побрзо да умриме и да одиме по болници.

Прво на државата не му одговара да се укини тутунот затоа што ем што ќе изгуби премногу пари од акцизите за цигари а и ќе треба да ги сопри сите други штетни нешта. Пушењето на јавно место како што ти кажав е сосема од друга причина.

И како што ти кажав се што се консумира разумно не е штетно се додека не се претера. И од јадење многу лоб или чоколадо можиш да умриш.

Ја сум чула дека и од многу вода пиење можиш, исто така :)

Ако го земам најпатетичниот пример: дали имам право да запалам цигарче (едно или колку и да ми се ќефне) во просторија во која спие бебе, следејќи ја логиката дека бебето како и сите останати ионака дише загаден воздух? Димче од цигарче, плус-минус не би било многу важно, нели?

Лично, немам ништо против тоа некој да ужива во цигарата (пошто знам какво е чувството) но ми смета ако сум приморана да споделувам (против своја воља) нечија страст, ме сфаќаш? Личната желба по ова уживање е деструктивна за сите-највеќе за уживателот, не помалку за околината.

Изнаоѓањето на изговори од секаков тип не изненадува, напротив, е очекувано. Ниеден зависник никогаш нема да признае дека предизвикувачот на зависноста е опасен и деструктивен-попрво ќе бара изговори во лошото време, климатските промени, фабричките оџаци и одењето со кола на работа.

Така да, добар си е законот.
 
Каде жити очи прочита дека пушењето го сметам за штетно. Мислам стварно да не почна да се губиш од чистиот воздух и здравата храна?
Инаку видиш сме многу различни карактери. Ете јас на пример не жалам пари за тоа што ми прави кеф. Дали било цигари, дали алкохол, курви, кафани , биртии, добар провод или било што. Еднаш се живее пичакму матер , не ке ги носам парите вгроб.
не ги заборавај и коцкарниците, ух особено рулетот, леле како добро се игра со една la habana
 
...него, не ли мислиш дека си малку преагресивен (и то што ги смислил тие налудничави идеи) и си дозволуваш премногу да ги споредуваш пушачите со наркомани?
Па не ги споредувам, во ист кош ги ставам, зависници се во секој случај. Разликата е само во супстанцата од која се зависни.

Не го измислувам јас тоа, медицината потребата од тутун ја класифицира како болест на зависност. Не ми верувај мене, прочитај сам:
https://www.google.com/#q=tobacco+addiction&safe=off
 
Постои разумно конзумирање на цигари?

:icon_lol:

Машала, бетер од Ивон си...
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 21:43 ---

Анкетата кажува дека 50% се непушачи. Само тоа. Никако не кажува дека нема да одат во местата предвидени за пушачи.

Јас сум пушач , најчесто 2-3 на ден некогаш ми се случува и 2-3 дена да не запалам. Претходно ја објаснив разликата помеѓу зависник и корисник. Исто како да ми кажеш дека нема разумно косумирање на алкохол? Разумно косумирање дури на марихуана? и ред други да не наведувам.

Ти ако јадиш секој ден конзервирана храна имаш поголеми шанси да умриш од некој пушач со пакета на ден.

Па не ги споредувам, во ист кош ги ставам, зависници се во секој случај. Разликата е само во супстанцата од која се зависни.

Не го измислувам јас тоа, медицината потребата од тутун ја класифицира како болест на зависност. Не ми верувај мене, прочитај сам:
https://www.google.com/#q=tobacco addiction&safe=off

Медицинската употреба на многу продукти е за лечење на болети.
 
Јас сум пушач , најлесто 2-3 на ден некогаш ми се случува и 2-3 дена да не запалам. Претходно ја објаснив разликата помеѓу зависник и корисник. Исто како да ми кажеш дека нема разумно косумирање на алкохол? Разумно косумирање дури на марихуана? и ред други да не наведувам.

Ти ако јадиш секој ден конзервирана храна имаш поголеми шанси да умриш од некој пушач со пакета на ден.
Баче, не разбираш ли дека баби и жаби не се споредуваат?

Не е тутунот како пар чашки ракија пред ручек, па да кажеш дека дури е здраво за телото.
Или двојки, па еве и кецови, по два-три на ден ги палиш? Ваљда не, а ако не, тогаш зошто мислиш дека 2-3 цигари тутун на ден не те прават зависник?
Ганџа можеш и ич повеќе да не пробаш и нема да имаш никакви симптоми на откажување затоа што такви не постојат, не се ствара хемиска зависност на органзмот. Ама да те видам цигарите остави ги скроз, па да видиш дали нема да имаш проблеми, типични симптоми на откажување од тутун. Не знам дали знаеш ама тутунската зависност ја класифицираат како една од најтешките, веднаш после хероин. Тоа и по брзината на стварање зависност и по тешкотијата на откажување.

Мислиш дека си во контрола, и дека немаш гајле... но запамти, одрекувањето е првиот чекор кон зависноста.
 
Не пушев околу една година, можам да престанам да пушам кога сакам воопшто не сум зависен од цигарите . Можеби затоа што и никогаш не сум бил зависник, никогаш не сум пушел повеќе од 10 цигари. Значи немам никаква зависност , ниту пак осеќам потреба да пушам со кафе после јадење и слично. Знам многу кој се зависници и се многу поразлични. Исто така не пушам ако некој друг не пуши, значи како што ти кажав некогаш не ми прави задоволство да запалам цигара дури и по една недела.
Можи да се речи дека некогаш се случува повеќе чаши акохол да сум испил отколку испушени цигари. Тоа ме прави алкохоличар?
 
Тоа те прави (медицински) фрик, ако си искрен.
Не велам дека не е можно, на крајот на краиштата секое правило има исклучоци. Но лош пример правиш, ако се фалиш со ова. Само ствараш илузија кај некои идни потенцијални пушачи, дека пушењето не прави зависност. А прави, и тоа како прави зависност.
 
Па нели кажа дека на децата ќе им забраниш да пушат цигари, тоа ќе го направиш зошто пушењето НЕ го сметаш за штетно?
Дај одлучи се, жити се... :)

Дај подосвежисиго познавањето на мајчиниот јазик, оди на некој курс или 4 одд уште еднаш.
Јас такво нешто никаде немам напишано. Слободно цитирајме каде тоа го имам напишано.
 
Никогаш не реков дека не прави зависнот, кажав дека можно е да си само корисник а не зависник, и се користам себеси како пример.
И не сум единствен знам и други кој што се како мене.
Затоа ти кажав од се можи да си зависен, но степенот и шансите се различни. Како и да е темата е за законот. Исто кажав дека го почитувам и ми се допаѓа.
Според мене би требало да има и закон за регулатива на алкохолот, затоа од алкохол умреле многу повеќе трезни отколку пасивни пушачи.
Но се во свое време , зависно која индустрија е следна да се уништи.

Со други зборови и ако кокаинот денес можиш да го купиш за 50 денари во продавница ќе има повеќе корисници отколку која било друга супстанца која има голема можност да преизвика зависнот.
 
Ама си се запалил...;)

Прво да те праша тета, од ШТО конкретно во мојот пост заклучи дека припаѓам на најлошиот вид мразачи на пушачите? Според мене, некој со закоравен став би рекол, на пример, дека не само што треба да биде казниво пушењето на јавни места на лице место, нали, него, исто така, на лице место треба да ви се гаси цигарата од чело и ко бонус да добивате клоца у газ за среќен пат до дома...немаше, на пример, да мислам дека, собирањето пред врата, на цигарче, е понижувачко и деградирачко и дека на суптилен начин ги стигматизира пушачите (што не смее да се дозволи)...

Второ, болдираното, уште еднаш покажува, зошто овој закон треба да биде ригорозен. Упорно ова го вртиш, а не ти иде баш у корист, шо да ти правам...

Ќе се зачудиш можеби, но ДА, јас помислувам на све ова што си го набројал-така: радо би одела со автобус на работа ако постоеше таков до местото каде што работам, исто така радо би користела велосипед ако имаше соодветни патеки и ако беше решен проблемот со глутниците кучиња што секојдневно ги среќавам на пат до работа/дома (па така има поише шанси "нешто" да те изеде по пат отколку читав да стигнеш)...радо би ја делела сопствената кола со уште тројца, ако имаше такви (на ова додај дека ретко ќе најдеш некој што радо ќе дели трошоци за гориво-логиката, најчесто е-"па и така идеш у тој правец"). Исто така, ако имав поголема плата, на пример, имаше да си купам убава нова кола, со триста заштити, филтри и све. Бај Д Веј, радо пешачам, секогаш кога имам можност да стигнам негде пеш, тоа и го правам. Не ми веруваш? Баш ми е гајле.

У врска со глупостине што си ги натрупал со смрдливата облека, здив и хигиенски навики, и колку тие тебе ти го реметат стилот на живот и работниот час, па, не знам шо да ти кажам осим дека не иде баш на твоја сметка како позитивна карактерна особина. Не помислуваш дека некои луѓе можеби (не по свој избор) патат од болест која придонесува за лошиот телесен мирис или здив? Тие, за разлика од тебе како пушач, немаат избор. Инаку, сигурно не би избрале да смрдат.

Сепак, ко ќе подразмислам, да- НЕКОИ ЛУЃЕ СМРДАТ АМА НЕ СЕ ОСЕЌААТ САМИТЕ...
и упорно не се осеќаат, иако има црно на "жолто", нали, ако доказ...

Во твојот четврти "момент", ја мислам, сепак, дека ТИ си тој што овде се заебава. Можда пак, до тука фаќаш, шо те знам...:coffee:

Ајде да ти одговори чичо ;)
Затоа што нема поинакви. Сите бифши пушачи кои ете преминале во другиот табор се како од иста мајка родени. Сега ти ако делиш тоа е друга работа, но моево тврдење стои. Дури на мислење сум дека се полоши и од луѓето кои никогаш немаат запалено цигара.
За вториот болд. Што јас кажав тука неточно без разлика дали ми оди или не во корист. Кој аргументи ги имаш ти на твоја страна што би ти одел тебе во корист.
Трет болд. Радо би одела со автобус и радо би направила многу работи ама ете не ги правиш и си најде изговор за тоа со што мирно ке спиеш вечерва. Абе и јас сакам се да биди во ред ама ете не е. Кога ке видиш на крајот и ти наводно ги труеш и јас, со таа разлика што јас не сум лицемерен и не им се извинувам оти сметам дека нема потреба. И сега што јас сум лошиот ти добрата. Не би рекол.
За четртиот заклучок ја промаши поентата, а таа е што сум јас крив да ги трпам иако искрено сочувствувам со нивната мака или лоши хигиенски навики исто како и ти што тврдиш од што мака да ме трпиш мене. Јас сум имал избор тој не. Па сигурно јас не сум крив за неговата здравствена состојба. Ако случајно се разболиш од некој таков пак ке го оправдуваш со тоа што немал избор. Ете пример некој добил сида не по своја вина и ти ја пренесил тебе. Пак ке го жалиш и оправдуваш затоа што немал избор и небило по негова вина.
И искрено можеби до толку ми фаќа ама сепак би сакал да ми дадеш пример за вештачки и природно загаден воздух и како тоа има разлика по твоето здравје.
 
Дај подосвежисиго познавањето на мајчиниот јазик, оди на некој курс или 4 одд уште еднаш.
Јас такво нешто никаде немам напишано. Слободно цитирајме каде тоа го имам напишано.

На моите деца ке пробам да им забранам се што мислам дека е штетно по нивното здравје...

Сакаш да кажеш дека децата ќе ги советуваш да пушат цигари, можеби и ќе им купуваш цигари?
 
Анкетата кажува дека 50% се непушачи. Само тоа. Никако не кажува дека нема да одат во местата предвидени за пушачи.

:pos:
Да ми извиниш, ама таквото му бараат непушачиве ко дашина да одат кај пушачиве?
Демек ние пушачиве повлијателни сме?

Пази богати, од 100 души, 50 се пушачи 50 не се. Е сега овие пушачиве не смееле да има свое катче кај шо че си го пијале кафето со цигарче, оти овие другиве сакале да одат со нив.

И ти ова го сметаш во ред, така?
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 22:52 ---
Сакаш да кажеш дека децата ќе ги советуваш да пушат цигари, можеби и ќе им купуваш цигари?

Те гледам, уште за здравјево ја тупиш, а не ми одговори прееска. Кажи ми шо ти смета јас ние пушачиве да си имаме кафетерија, кај шо че можиме да си го пијаме кафето на рајат?
 
Сакаш да кажеш дека децата ќе ги советуваш да пушат цигари, можеби и ќе им купуваш цигари?

Тоа што сакав да кажам тоа и го напишав, нема потреба да толкуваш.

Значи јас на моите деца ке ПРОБАМ да им забранам се она што Јас мислам дека е штетно. Никаде немам речено дека пушењето го сметам за штетно па оддтаму нема ни што да им забранувам. Така да друг пат да не ми вадиш реченици од контекст. Не е фер ако ништо друго.
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 23:01 ---

Јас се прашувам како порасна толкав со толку многу пушачи покрај тебе а никаде закон да те штити:)
И да не се сфатиме погрешно дај боже да те поживеј господ.
Туку дај дури е убо времето да пијаме по едно на неутрален терен оти после знајш како е.
 
Тоа што сакав да кажам тоа и го напишав, нема потреба да толкуваш.

Значи јас на моите деца ке ПРОБАМ да им забранам се она што Јас мислам дека е штетно. Никаде немам речено дека пушењето го сметам за штетно па оддтаму нема ни што да им забранувам. Така да друг пат да не ми вадиш реченици од контекст. Не е фер ако ништо друго.
Ма ни најмалку немам намера да те вадам од контекст.

Напротив, сакам да те ставам во контекст. Но ти никако јасно и гласно да кажеш дали ќе им ЗАБРАНИШ, или ќе им ДОЗВОЛИШ на твоите деца да пушат цигари.
Така да, ти си тој што не си фер. Само вртиш окулу грмушката, но ништо конкретно не кажуваш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom