Методи Хаџи-Јанев
Методи Хаџи-Јанев завршува Воена академија како еден од тројцата најдобри питомци во генерацијата. Во 2003 г. магистрира на Правниот факултет во Скопје на тема "Тероризмот во меѓународното право и институции за негово спречување". Во 2008 г. завршува Командноштабна академија како најдобар интернационален
студент во САД. Има завршено повеќе курсеви за контратероризам во Велика Британија, САД и Турција. Во 2004 г. завршува курс за лидери на XXI век на Колеџот за безбедносни студии "Џорџ Маршал" во Германија. Во
2003 г. е командант на првиот контингент кој замина во мисија во Ирак. Својата академска надградба ја продолжува на Правниот факултет, каде како надворешен соработник го предава предметот Меѓународно хуманитарно право, а со одлука на Наставничкиот совет од 2007 г. е докторант по меѓународно право. ...
За престојот во Ирак ја пишува книгата Слобода за Ирак - патот кон вавилон .. интересни работи се случуваат таму и он завршува(со неговата единица) со највисоки одликувања од САД за работите којшто ги направиле ...