Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
BYi6nf6IIAA9mZP.jpg:large
 
Баш ми се идеше ама пак во истамбул човек да се замисли дали ќе се врати жив у пм. У некоја наредна прилика во Торино обавезно ќе пишам тука ако има заинтересирани ќе се организираме и ќе идеме.

И мене ми се иде,али ризично е кај Турциве.Башка више ако давам пари за некој натпревар на Јуве,сакам да го видам новиот стадион,музејот и сл.
Иначе не знам дали сте ја виделе понудава,али ако има заинтересирани,ајде.линк.Знам дека не е некое дерби,али за ова све што влага у ценатата(Stadium tour,посета на музејот,ноќевање,превоз Загреб-Торино и назад) се исплати,само превозот до Загреб не влага у цената.Ако ништо друго бар ќе се изнагледаме голови во мрежата на Сасуоло :D. Башка и Трезеге ќе присуствува на мечот,ќе има обраќање до фановите :) Ако има некој за,да се договориме деновиве,зошто до понеделник,треба да се плати првата рата.
 
Нема потреба од коментари Ањели говно едно.. Стварно не го личи.. Иначе среќен роденден за најдобриот фудбалер на сите времиња, Еден и единствен Алесандро Дел Пиеро :love:
 
Човекот заради кој го засакав тимот, денес слави роденден...

Човекот кој што дојде како тинејџер во Јувентус
alessandro-del-piero.jpg


Човекот кој успеа да го стави во сенка, еден од најголемите играчи што ги дала Италија
tumblr_m05yyx3g5K1r9cg37o1_500.jpg


Човекот кој го донесе Јувентус на врвот во Европа и Светот
ap9612010638-87424_650x0.jpg


Човекот кој и покрај тешката повреда, се врати посилен на зелените терени

Легендата која имаше респект и кон најлутите ривали на теренот
ronaldo-si-ritira-alessandro-del-piero-300x225.jpg

HHwubo3zqZ.jpg


Легендата која не успеа да го крене овој пат како капитен, трофејот во ЛШ
11-finale-milan-2003-olycom_352-288.jpg


Легендата која во ерата на Капело (и подоцна последната сезона под водство на Конте) ја грееше клупата. И никогаш не се ни побуни, ниту направи некаков раздор во екипата заради тоа

Del-Piero-Buffon.jpg


Легендата која ја искачи Италија на врвот
ASG-003275.jpg


ЛЕГЕНДАТА кој во најтешките моменти во тимот ја изусти единаесетата божја заповеда: "Вистинскиот џентлмен никогаш не ја напушта својата дама"
A7PmCe3CMAAFcqr.jpg:large


И додека сите во тимот не сакаа да го кренат трофејот, Тој како прав лидер застана и го крена, и си даде цел Јувентус да го врати на врвот во Италијанскиот, Европскиот и Светскиот фудбал
06-07-juve-serie-b-champions.jpg


Но мисијата не беше воопшто лесна... си имаше свои светли моменти
adp_mellberg_chiellini_celeb_real-madrid_1.jpg


...И свои црни моменти
c73de09fcf9ac8559493961930e4bb42.png


Легендата која цел Олд Трафорд и Сантијаго Бернабеу станаа и со овации го испратија од зелениот терен... Едните заради тоа што им стори во групната фаза во Лигата на Шампионите, другите заради тоа што знаат каков белег има оставено легендарниот Пинтуричио во фудбалскиот свет...

И кога сите помисливме дека Легендата нема да успее да ја исполни својата замислена цел.... се излажавме. Тој гордо го крена златниот трофеј, и после подолг период, повторно црно-белиот тим од Торино беше владетел во Италија
delpierofinalgame.jpg


Повторно го издигна тимот како Феникс од пепелта...Европа се стресе од непобедливиот Јувентус.Но тимот мораше нажалост да продолжи без него... тимот мораше го продожи патот кон Европа без својот лидер... Многумина ќе речат "Старата дама го напушти џентлменот"... тоа не е точно... Тие што тераа шега на неговата изјава, заборавија дека Јувентус не е само Ањели... Јувентус или популарен нарачен како Старата Дама го сочинуваат играчите, тренерите, легендите кои ја давале секоја капка пот за црно-белиот дрес, и пред се накрај... Навивачите... Зар стварно мислевте дека некој го напушти него...? Зар стварно мислевте дека некој го заборави него...?
Не луѓе се лажете, тој само зема еден краток одмор по успешно завршената мисија, нивните патишта со Старата Дама некогаш пак ќе се вкрстат... патем се прашувам дали воопшто некогаш биле и разделени...
Среќен ти роденден легендо, го чекаме тој ден кога ќе се вратиш кај својата дама... таму каде што припаѓаш, со цел повторно да не водиш заедно кон Европа и Светот...


Del-Piero_Giro-donore-Juventus-Stadium36_FEATURED.jpeg


П.С. Плачам :place:
 
Нема потреба од коментари Ањели говно едно.. Стварно не го личи.. Иначе среќен роденден за најдобриот фудбалер на сите времиња, Еден и единствен Алесандро Дел Пиеро :love:

оти ме рчна у болна тачка .. Кој го избрка Дел Пиеро од Јувентус ?


игра второ полувреме , Дел Пиеро за 3-2 од пенал
 
уште некој сумља дека типов е најдобар тренер на сите времиња?

Светско првенство, Зилион Серија А, ЛШ, Азиска ЛШ, 4финалиња ЛШ

Ех колку сакам да го вратат на некоја директорска позиција да го прибери малку Конте тактички.
 
уште некој сумља дека типов е најдобар тренер на сите времиња?

Светско првенство, Зилион Серија А, ЛШ, Азиска ЛШ, 4финалиња ЛШ

Ех колку сакам да го вратат на некоја директорска позиција да го прибери малку Конте тактички.


Јас повеќе сакам да играме на светското клубско против Липи. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom