Огромен крст ќе се гради во Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Советниците во општина Аеродром одлучија , ќе се гради 33 метарски крст на раскрсницата на булеварот Србија и Трета македонска ударна бригада. Одлуката ја изгласаа советниците од владејачката партија додека тие од СДСМ беа воздржани во однос на иницијативата на Светскиот македонски конгрес (СМК) за изградба на овој крст.

Со оваа одлука општината всушност го отстапи просторот за изградба на „времен објект со културна и верска содржина“. Според планот, крстот ќе го гради Светскиот македонски конгрес на чело со Тодор Петров, а преку донации. Кога ќе биде готов, ќе и биде даден на општината
Иницијативата беше дадена во општина Аеродром, а како што стои во соопштението од Конгресот локацијата е намерно избрана за да може крстот да се гледа во три општини, Газа Баба, Аеродром и Кисела Вода. Главниот проект пак до општината ќе биде доставен до крајот на 2013 година, а по добиеното одобрение, крстото ќе се монтира за 2 месеци.

„Крстот ќе биде монтажен, висок 33 метри, колку што години живеел Исус Христ до неговото воскресение”, стои во соопштението на Светскиот македонски конгресод каде велат дека крстот не е антиисламски симбол, туку дел од културата на Македонија.

Добро бре ме праша ли пред да отвориш тема за Аерпдром: Дали може.
(бог да чува,секој значи на кој ќе му текне веќе може да отвара тема овдека)
 
Со парите од тој крст ќе средеа некој километар тротоар,ќе се средеше некое паркче,некоја фасада,нит е потребно нит ќе ги направи поголеми верници тие а и сите нас..треба ли да се огледуваме на малцинствово каде на секоја можна слободна површина прават џамии и ракети? Тоа не е политика на цивилизирано општество,цивилизиран човек има други побитни работи.
 
Некој му го има хакнато профилот на Цитро. :cautious:
 
Добро бре ме праша ли пред да отвориш тема за Аерпдром: Дали може.
(бог да чува,секој значи на кој ќе му текне веќе може да отвара тема овдека)

Ти да не си УЗБАШИЈАТА од АЕРОДРОМ :D случајно
 
Не дека самак да бидам мрчатор, ама ЗОШТО!?? Зошто? Ај па у секој град вакви глупости да правиме, па ние од другите места се осеќаме навредени да нема кај нас вакви СВЕЦКИ чуда :ROFLMAO:

Капак на се е шо иницијативата е од Тодор Петров, најлигавата и најодвратна личност шо се појавила на македонската политичка сцена во овие 23 години.
 
Со парите од тој крст ќе средеа некој километар тротоар,ќе се средеше некое паркче,некоја фасада,нит е потребно нит ќе ги направи поголеми верници тие а и сите нас..треба ли да се огледуваме на малцинствово каде на секоја можна слободна површина прават џамии и ракети? Тоа не е политика на цивилизирано општество,цивилизиран човек има други побитни работи.

се работи за донации а не за општински или државни пари...
ти ако сакаш да се средит некој километар тротоар,паркче,фасада тогаш што чекаш донирај малку сигурно општина Аеродром нема да ти забрани
 
се работи за донации а не за општински или државни пари...
ти ако сакаш да се средит некој километар тротоар,паркче,фасада тогаш што чекаш донирај малку сигурно општина Аеродром нема да ти забрани

А ти ако се загрижен за Македонија и за PRAVOSLAVIJETO, врати се да живееш тука, наместо да се дивиш на крстови и споменици од странство.
 
Ja сум жими сфе :sneaky:

Некој му го има хакнато профилот на Цитро.:cautious:

Ви благодарам... Слатко се изнасмеав...
Мојот коментар за крстот ...
Мислам дека ќе почнат и со крстот да „ стопанисуваат и поштено заработуваат “односно ќе наплатуваат за гледање и поминување во близина. Се разбира за ти што живеат во близина ќе одобруваат попуст, a за тое што не гледаат - казни.
 
А ти ако се загрижен за Македонија и за PRAVOSLAVIJETO, врати се да живееш тука, наместо да се дивиш на крстови и споменици од странство.

незнам од каде ти е овој заклучок,ме загрижуваш
 
Иако се оддалечив од Скопје, но сепак ќе речам....... убаво што ќе градат крст, лошо е ако градат џамии и слични ствари :)
 
Picture 880.jpg.Picture 881.jpg.Picture 879.jpg да се крсти човек?
крст ќе ми прават од неколку илјади евра,а неможат еден капак да стават овде на тротоараов на мостот Близнак во истата населба Аеродром и тоа цела година е вака.
И се уште е така. Е Ивица,Ивица не одиш ти пешки ова да го видиш.
Него да се крстиме на бога некој да не пропадне во оваа дупка на мостов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom