Лига на шампиони 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
До сега ниеден натпревар не пропуштив на нашите претставници, али сега не ќе бидам во можност најбитните утакмици дерби дуели да ги проследам бидејќи 2 недели надвор од Скопје ќе бидам.. Јас нема за никого да навивам, ќе си гледам на ТВ голем спектакл, но за доброто на нашиот ракомет сакам по 1 победа да остварат нашите претставници и да го истуркаат Динамо Минска на 5 позиција (нормално они 2 утакмици од Барса ќе изгубат, а ПСЖ 2 пати ќе ги тепа Тун)... Според мои пресметки, а и моите најголеми желби , табелата на 4 кола до крајот сакам вака да изгледа :

1.Барселона 11
2.Металург 8
3.ПСЖ 7
4.Вардар 6
5.Динамо 4
6.Тун 0

Со ваков распоред, последни 4 кола Металург би остварил минимум 2 бода (победа против Тун дома), или евентуално 4(победа Тун и Динамо гости) со што реално би изгубиле на другите 2 утакмици ПСЖ гости и Барса дома.. Со тоа Металург би има 10 или 12 бода. Вардар би остварил минимум 4 бода( победа Тун и Динамо дома) и би изгубил од ПСЖ и Барса у гости (што би било реално).. Вака, Динамо би остварил победа само против Тун, и евентуално победа против Металург, а сите други останати утакмици би ги загубил (2 од Барса, 1 Вардар, 1 ПСЖ).. И табелата би гласела .. Металург 10/12 бода, Вардар 10 бода, Динамо 8/6...
 
Гледам и тука си пишал, немој да лажеш дека од РК Вардар се побарани 200 карти!
Не знам што сакаш да постигнеш, да ги оправдаш селските манири на клубот преку твоите лаги, или глумиш нешто битен фкатор во клубот? Дека сме побарале 200 карти е лага, па уште во вашиот фан клуб си напишал дека Вардар побарал 200, а од Металург дале предлог да разменат 340 карти, ха-ха! Смешно.


Јас ти давам логичен одговор, дека ако Металург не достави 10% од салата ќе има ригорозни казни спрема него. Ти се водиш по написот на некој портал.
А информациите ми се од двете страни, како што ти напишав во претходниот пост од Давор и од потврдено од Металург. Луѓе што се вртат во Барбакан. Сакаш верувај во фактите или нека ве лажат од клуб уште. Твој избор.
 
Немој некој да ве лажел со вакви шпекулцаии од еден член што се пушта само коа има нешто жешко во врска со металург. Гарантирам со глава дека се побарани 10% од влезниците и на металург им се ветени 10% кога ќе играат со Вардар. Од нивна страна е кажано дека ќе дадат 5% и дека на нив не им требаат после повеќе од 5% кога ќе биде домаќин со Вардар.

Која е логиката Вардар со толкава фан база и со навивачка група како Комити да бара само 200 карти за натпревар во Скопје?!?

Нека не ве лаже некој глауч тука.


Искрено и ја се надевам дека се ќе помине во најдобар ред бидејќи стварно ова дерби добива на популарност. Инциденти ги бркаат гледачите стварно. Во ред е стварно да гледаме едно цивилизирано дерби.

Но....

Нејќам да прејудицирам али во последниве два месеца Лино со своите коментари создава една атмосфера што се освен пријателска и фер плеј кон Вардар. Исто така дружината пирати на два меча по ред пробува да исценира нешто.
Кога дојдоа во Кале нападнаа обичен гледач кој седеше до нив. Понатаму во Борис Трајковски фрлија рачка од тапан подоцна и тапанот во обична публика каде што има и жени и деца. На тоа Комити изреагираа како што изреагираа.

Нив ги нема на пола натпревари во СЕХА и наеднаш со Вардар ќе се соберат и ќе направат некој проблем, па после Комити и организацијата им била крива. Што ми дава за право да се сомневам во тоа дека дејствуваат под нечија насока.

До сега на сите дербија Комити никогаш не нападнале некој обичен што е фан на металург. Имало ситуации каде што на 5 метри од Комити седеше човек што се дереше „Вујо мајмуне“ па ништо не му направиле. Исто така инцидентот што беше на терен меѓу играчите, 2 илјади Комити беа на 3 метри од играчите на металург па никој не се осмели да влезе. Освен ете да го спомнам еден шал што беше запален сеа на последната (и тој не беше од металург туку од пирати)

Знаат Комити каква е одговорноста и како знае да игра металург валкано, така да на трибина и шамари ќе се делат ако се фрлаат предмети.

Али другата страна на што е спремна ќе видиме.....

П.С. @ВидиФотос, нели го банираше овој од темава? ќе продолжи да ја труе до недоглед
 
И официјално на Вардар не му се дадени 10% од картите туку само еден блок. :)
 
Значи уште еднаш кажувам, или дискутирајте како што треба, или нема да имате пристап на темата, а воедно и на форумот. Неколку се опоменати, а некои се и веќе банирани од темата.
Ако сакате и вие да бидете еден од нив, слободно.
 
Почнаа да се чувствуваат инфериорни во однос на Вардар и одма со валкани игри.
 
Kolku karti se eden blok?
Нешто помалце од 250...

Иначе вакви сезнајковци што имаат 100% сигурни информации дури и од мејлови пази, најчесто се најголемите лажговци.
 
Kolku karti se eden blok?


15 блока се горниот дел без М-блоковите доле. Значи околу 200-250 места се тоа. Б1 од стана на ложата или Б15 од спротива ќе им припадне на Комити, не сум сигурен кој. Обично на „гости“ им припаѓа тој од кај ложата. Толку од 10% влезниците кои требаше да ги дадат....
 
150-200 денари се картите, во продажба ќе биле пуштени 2200 карти. Предлогот бил даден од страна на Металург, прифатен од страна на Вардар. Така да..
 
Вардар вчера официјално соопшти дека Металург одбива да даде 10% влезници како што е предвидено. Значи ова е официјално од Вардар.

Денеска наеднаш на состанок меѓу Вардар, РФМ и Металруг е решено да се даде по еден блок (што му одговара на минчо зашто овие дружинава неможат ни еден цел блок до горе да исполнат) наспроти прописи на ЕХФ.

Што се зборело и како се дошло до овој договор на тој тристран состанок можеме само да шпекулираме :)

Како и да е продажба почнува во сабота во 12 часот.
 
Ја отупевте со картите :гик: , ајде малце релаксирано да се дебатира за екипите , ова е прво дерби на Металург и Вардар во ЛШ .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom